Ветеринарно катче

Г

Гучи

Гостин
Сеа па и падна заб :eek: ама ме истрауматизира мачкава :) Ја однесов одма на вет, ништо не и е уште имала млечни заби. А приметив у последно време почна и креветот да ми го гриза, покрај мене што лом ме праи :D
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Кучево мое има многу гасови :LOL: а му немам мењано сега храна.

нешто од времево, или од што може да му биде? Кажувајте спас, доста луфтираме дома :)
 
L

Ligeia

Гостин
Кучево мое има многу гасови :LOL: а му немам мењано сега храна.

нешто од времево, или од што може да му биде? Кажувајте спас, доста луфтираме дома :)
Давајте му повеќе помали оброци во текот на денот наместо 2 големи и намалете со млечни производи и зеленчук доколку му давате и префрлете се на исхрана од месо или храна од конзерва за кучиња.Би требало да се намалат гасовите. :)
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Ај ве молам едно прашање :) Дали некој може да ми каже, од што може мачка да ги изгуби влакната на задните нозе, комплетно да соголи, ама да се однесува како и секогаш, да нема видливи знаци на некоја болест. На другите делови од телото, сосема е нормално се. Предлози од што е? Како се лечи?
 
Кожата каде што е опаднато крзното каква е по боја?
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Нормална, бела, како и на сите останати делови.
 
L

Ligeia

Гостин
Нормална, бела, како и на сите останати делови.
Бидејќи кожата не е црвена и не напоменавте дека се чеша сигурно станува збор за алопеција.Се јавува при хормонален дисбаланс доколку е женско или зголемен стрес доколку е машко мачето.Постои можност да се јави претерано лижење(чистење) на крзното па затоа да му опаднала длаката :) Ќе му се обнови сама со тек на време не е ништо страшно.Доколку се јави додатен проблем како црвенило и опаѓањето се прошири,проверете го од болви и обратете се на ветеринар бидејќи можно е да има алергија. :)
 
Г

Гучи

Гостин
Мачкава 2 пати ми моча у саксија со цвеќе. Си моча и кај што треба и плус ова :eek: Вчера одкако се измоча и ја сменив песокта иако и беше чиста и еве денес пак. Што и стана?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Koleske,aj ako sakas malce po strucno mi objasno osto bolvite bi predizvikale opagjanje na dlakata? :)
 
Член од
29 јули 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Моето куче(германски овчар) одбива да јаде,тешко се движи,има белузнав секрет од очите ... Помош?? :(
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Моето куче(германски овчар) одбива да јаде,тешко се движи,има белузнав секрет од очите ... Помош?? :(
Додека чекаш помош тука,10 пати би го однел на вет,....
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
89
Поени од реакции
57
Моето куче(германски овчар) одбива да јаде,тешко се движи,има белузнав секрет од очите ... Помош?? :(
Не чекај помош,одма носи на вет.ништо посебно не можеш да му направиш,можно е да с е работи за сериозно заболување кај кучињата ако не ти е вакцинирано.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Мачкава 2 пати ми моча у саксија со цвеќе. Си моча и кај што треба и плус ова :eek: Вчера одкако се измоча и ја сменив песокта иако и беше чиста и еве денес пак. Што и стана?
Ако е мачор, си обележува територии. И јас ги имав истите проблеми со мојот мачор. После шестиот месец, кога созреваат полово мачорите имаат потреба од обележување на територијата. Внимавај, можеби не е само употребена саксијата со цвеќе ако се работи за обележување на територија. :)
Ако е тоа проблемот, најдобро ке биде да го однесеш на ветеринар и да го кастрираш. Со тоа ке му помогнеш и него и себеси.
Друго може да биде и големината на неговата кутија со песок. Мачките сакаат големи кутии и секогаш да бидат чисти, а не само од кога ке направат проблем. Не знам каков песок користиш, но би ти препорачал да користиш комерцијален песок, парфимиран. Ја упива мочката и се лепи на изметот, тоа прави да биде многу лесен за одржување. Мојата мачка го обожава. :) Јас користам со мирис на бор. :D
Плус, мачките можат да уринираат настрана ако имаат проблеми со мочниот систем. Ако го раниш само со сува храна, пробај да му даваш барем еднаш во денот живо месо или конзерва за мачки. Јас мојата ја хранам со пилешки крилца, џигер и срце. Многу е ефтино и мачките уживаат да си ги крцкаат пилешките коски. 50-60 денара е килото во маркетите.
 
Г

Гучи

Гостин
Темјан Македонски
Женско е :)
Кутијата за нужда и е негде 25х25 цм, а кога иде по голема нужда застанува скроз во ќоше и предните нозе ги става на кутијата, значи стои за време на чинот :))

Храна покрај храната за мачки и давам и од тоа што има дома некоја манџа. Плус и овошје/зеленчук си каснува :D А коски ја не и давам зошо прочитав дека можело да им се заглави негде у цревата па да ги расече :confused:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Моето куче(германски овчар) одбива да јаде,тешко се движи,има белузнав секрет од очите ... Помош?? :(
Однеси го на ветеринар веднаш. Кај мене во селово има епидемија од парвовироза, ако почне да повраќа, има крвав измет кој ептен мириса тогаш гарант е тоа.
Од каде си?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom