Дарданија погоре убаво објасни ............ значи има голем број на лица кои земаат плати или просечни или натпросечни, но исто така има и голем број на лица кои земаат потпросечни плати и кога ќе се пресмета просекот и навистина е 350 евра !
Незнам што е толку чудно ............ па комшијата работи на аеродром средниста е нешто на одржавање работи и зема плата 30 илјадарки минимум, друг еден знам работи во рафинеријата ОКТА исто средниста е и тепа 30 илјадарки, друг еден нема средно, туку само некој занает и работи во една приватна фирма за производство на сокови и зема накај 30 илјадарки, исто така платите се доста дури и превисоки по бензинските пумпи(МакПетрол, ЛукОил...), банкарскиот сектор, телекомукацискиот сектор, осигурителните компании, Алкалоид, Пивара, за Европа незнам... инаку во администрацијата платите не се високи, туку се баш просечни(зборам за нето плати) ........... на пр. во државна болница мед.сестра зема 20 илјадарки, биохемичар и тоа магистер зема не-цели 30 илјадарки, доктор и тоа со искуство и со повеќе год. стаж без дежурства зема помалку од 40 илјади, со дежурства 40 и некоја илјадарка ќе фати, чистачките земаат мислам нето плата 13-13.500 ден. .......... економистите/менаџерите по клиниките земаат 36/37 илјади, директорите кои воедно се и доктори-професори земаат помеѓу 50 и 60 илјадарки на месец, но само еден е директор(на клиника), не се сите вработени директори ....... е сега за платите во образование, полиција, армија, судство, царина и.т.н. не сум баш запознаен, ама тука негде се ........... ама сепак платите во одредени приватни сектори се далеку повисоки од административните(во здравство, школство, војска, полиција, судство, царина и.т.н.) ............ е сега парламентарците и министрите ите-како го дигаат просекот со нивните плати од 100+ илјади ......... НО од друга страна па во некои приватни сектори платите се испод секое човечко достоинство .............. така да врти-сучи просекот е навистина околу 350 евра ............ иако на нас тоа ни изгледа малку чудно, бидејќи многумина од нас се далеку испод просекот !
--- надополнето: 27 јули 2012 во 20:12 ---
Сериозно ако си единствен со приходи во фамилијата, и немаш некој подлабок бункер во банка далеку од тоа дека си добро ситуиран со 800 евра месечно.
Сам едвај раскрстувам со пола од таа сума месечно и тоа за најосновни работи и сметки.
Ако имам семејство мислам дека 800 евра е токму некој лимит за да живееш пристојно во оваа држава, без да јадиш секој ден макарони и варен геврек за доручек.
800 евра плата ..................
За мнозинството граѓани во оваа држава тие пари се само СОН ................. многумина би биле пресреќни и да земаат само 1/4 или 1/3 од тие пари !
Инаку да се слагам дека за нормален и просечен семеен живот потребни се ите-како минимум/најмалце 500 евра месечно ........... и тоа без никакво приуштување на луксузи !