3 години исти плати, но трошоците не се истите!

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.948
Во 2009та стигнавме до неверојатна просечна плата од 20.112 денари ... се до денеска таа плата не мрда од 20.000.

Но во меѓувреме од 2009та до 2012та , моите омилени чипсови , чоколади и млечни производи , лебови , месни производи , топла соба и превоз , ме коштаат многу повише.

Ова е уште еден показател за тоа колку се влошени условите за живеење во Македонија.

Просечно нето плата :

мај 2009та : 20.112 денари

мај 2010та : 20.798 ден.

мај 2011та : 20.954 ден.

мај 2012та : 20.867 денари.

Дури во 2012та просечната плата е намалена во споредба со 2011та. А не очекува ново поскапување на струјата , парното ... а се зборува и на лебот ... со тоа и на сите други производи.

По маркетите се забележуваат прешкртани цени , заради покачувањата , а често кога идеш на каса знаат да те изненадат со цените ... имаш видено таму стара цена кај рафтовите , а на каса друга заради поскапувањата.
Верувам последните 3 години цените се зголемени за едно 25%.
 
Off:Thank you captain obvious
On:Ништо ново
 
Нека со спои темата со ова
http://forum.kajgana.com/threads/Криза-е-а-просечната-плата-првпат-над-20-000-денари.33826/

Во добрите времиња во 2009та кога имавме плата од 20.000 денари и се правевме курнази дека не било доволно ... еве ви сега толкава плата и дупли цени.
--- надополнето: 27 јули 2012 во 16:38 ---
Бегај за Албанија брат, нема леб овде.

Сепак за некои нема зима , има и такви со резерви по далечни острови.
 
20.000 просечна плата? Тогаш зошто во вемед зимаат 8.000?
 
20.000 просечна плата? Тогаш зошто во вемед зимаат 8.000?
И мене то ме чуди, од кај ја извадија таа бројка -_- Ја колку шо знам плативе се движат од 6.000 до 14.000.
 
кој е тој што ја рачунал просечната плата нека ми ја каже математиката како израчунал...

да беше 20 000 просечна плата никој немаше да се жали за ништо
 
Администрацијата лапа 18,000+
Тоа ќе му дојде како, другите се обични смртници. У превод цела Македонија е со такви, дека тие у администрација се бројат на прсти.
 
Тоа ќе му дојде како, другите се обични смртници. У превод цела Македонија е со такви, дека тие у администрација се бројат на прсти.
ЈБГ, јас знам неколку што земаат 16.000ден а 1.5 година не се појавени на работа пошто уште се одлучува каде ќе работат. Ова за администрација се однесува.

Иначе реален просек во МК е околу 15.000 кај работите што бараат факултетско образование и 12.000 за работи што може да се работат со средно
 
Еее то да видиш, плус некој го дава животот, спасува луѓе... и пак тројно помалце зима од некој што цел ден си седи и се му е совршено околу него... нит жешко, нит ладно.

Има и повеќе од 12.000, пример у бензинска, таму мислам земаат, од 13.000 до 16.000, зависи од бензинската... а може и повеќе, не сум сигурен баш.

Како и да е, ептен е лоша финансиската состојба... преголеми цените на производите, а платите смрзнати, не знаат да мрднат :/

Толку ли е тешко државата да започне некој проект, што ќе може повеќе луѓе да се вработат и да земаат поголеми плати?
 
кој е тој што ја рачунал просечната плата нека ми ја каже математиката како израчунал...

да беше 20 000 просечна плата никој немаше да се жали за ништо

Просек,многу просто..имаш народ што зима и по 500-600 евра,има и по 60 000 што имаат плата.. за лани незнам точно колку објавија дека некој од фармација земал плата,ама над 100 000 евра беше мислам.. тука ти е и јавната административна багра,која бо голем дел зема над просекот плата..и кога ќе ги поделиш мрсните со бедниците,ти искача просек.
 
Во 2009та стигнавме до неверојатна просечна плата од 20.112 денари ... се до денеска таа плата не мрда од 20.000.

Но во меѓувреме од 2009та до 2012та , моите омилени чипсови , чоколади и млечни производи , лебови , месни производи , топла соба и превоз , ме коштаат многу повише.

Ова е уште еден показател за тоа колку се влошени условите за живеење во Македонија.

Просечно нето плата :

мај 2009та : 20.112 денари

мај 2010та : 20.798 ден.

мај 2011та : 20.954 ден.

мај 2012та : 20.867 денари.

Дури во 2012та просечната плата е намалена во споредба со 2011та. А не очекува ново поскапување на струјата , парното ... а се зборува и на лебот ... со тоа и на сите други производи.

По маркетите се забележуваат прешкртани цени , заради покачувањата , а често кога идеш на каса знаат да те изненадат со цените ... имаш видено таму стара цена кај рафтовите , а на каса друга заради поскапувањата.
Верувам последните 3 години цените се зголемени за едно 25%.

Истово ова и јас го зборам ............. со години наназад платите се исти/идентични, а трошковите на се и сешто рипнаа ............. ај човек ќе скрати од некои работи, ама неможе од се да се скрати ............ струјата поскапе, исто и водата, ѓубретарината, рд-такса, даноците, горивата, храната, облеката, парното(среќа ние сме во куќа и не сме на парно), е сега и интернетот не е евтин, ама без интернет денеска ќе бидеш ќорав при очи, автомобилот мора сакаш-нејќеш да го користиш по потреба, исто и мобилниот сакал-нејќел мора да го имаш при себе за потреба, не е тоа тоа како што беше до пред некоја година ........... ОК човек ќе скрати на некои(непотребни) работи ........ нема одење по одмори, нема влегување по кладилници, кафичи, кафани... алкохол такви ствари не, јадење по дома не по сендвичари, бурекџилници... облека и сл. ќе купуваш поретко и ред други работи, ама струја, вода, ѓубретарина, интернет, рд-такса, парно(ако имаш), даноци, храна, гориво... овие работи се есенцијални за опстанок ............ еве струјата скокна за 10%(од 1ви август), парното ми се чини рекоа за 3/4%(тешко на тие кои се приклучени и на парно), бензините пред недела дена рипнаа цели 5 ден. .......... сето тоа удира по џебот на граѓаните ................. пази лица со просечни плати и тоа каде што двајца работат во куќа па пак неможат да излезат на крај, а камо ли па некој што работи за 100/200 евра и тоа само еден работи во куќа .......... па само за струја во зимскиот период бегаат повеќе од 100 евра месечно, среќа што зимата не трае цела година ............ ретко да чуеш во Скопјево од некого да плаќа помалку од 100 евра сметка за струја во зимскиве месеци ........... сите плаќаат 100+ евра месечно, а каде се сите други работи води, ѓубретарини, даноци, рд-такси, интернети, горива, храна и.т.н. и.т.н. !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom