Слобода или сигурност?

Слобода или сигурност?


  • Вкупно гласачи
    69

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Пред се сигурноста е најважна бидејќи таа е гарант за човековиот живот.Најважно е да се осигура човековиот живот.
Слободата ќе си дојде кога човекот ќе го достигне нивото за да може да ја конзумира слободата.
Прост пример
Ирак со Садам против Слободен Ирак
Либија со Гадафи против Слободна Либија
Египет со Мубарк против Слободен Египет
Сирија со Асад против ???

Народот сам си ги бира лидерите.Ако има деспот тоа значи дека тој народ несоздреал за да биде слободен.Ако му се даде слобода тогаш ќе владее хаос.
Што подразбираш под слобода?
"But what is liberty without wisdom, and without virtue? It is the greatest of all possible evils; for it is folly, vice, and madness, without tuition or restraint."
Ако мислиш на слобода секој да прави што сака тогаш се согласувам.
Но , за да се биде навистина слободен потребна е одговорност всушност слободата е најголемата одговорност што постои мислам дека цитатов погоре убаво објаснува.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Што подразбираш под слобода?

Ако мислиш на слобода секој да прави што сака тогаш се согласувам.
Но , за да се биде навистина слободен потребна е одговорност всушност слободата е најголемата одговорност што постои мислам дека цитатов погоре убаво објаснува.
Всушност слобода е поим само за пишување книги.Во моменталниов стадиум на развој на човекот доволно е само да му се нуди слобода на хартија како утеха за недопроширениот ум :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Всушност слобода е поим само за пишување книги.Во моменталниов стадиум на развој на човекот доволно е само да му се нуди слобода на хартија како утеха за недопроширениот ум :)
Не е доволно ,но те сваќам што сакаш да кажеш.
Кога луѓето се задоволни со просечност зошто да им се даде повеќе.
Еве на пример случајно пуштам вести во Тетово проблем со сметот се жалат смрди не чини ,а ништо не се превзема.
На крај краева никој нема да ти даде повеќе од она што го бараш.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Еве слободен сум, демократско општество.. во бутел живеам и...
што ќе ми е слобода кога не можам навечер мирно да спијам?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Еве слободен сум, демократско општество.. во бутел живеам и...
што ќе ми е слобода кога не можам навечер мирно да спијам?
Ќе се преселиш каде што ќе можеш мирно да спиеш :)
 

JohnnyBCool

Disco Casualty
Член од
12 септември 2010
Мислења
60
Поени од реакции
43
Што вреди животот ако нема доволно слобода во него? Би сакал да пренесам едно мислење на еден многу почитуван човек од моја страна, Хантер С. Томпсон, кое грубо преведено би гласело вака некако:" Животот не треба да биде патување до гробот во кое треба да пристигнете со убаво и одлично сочувано тело, туку испратени со облак од чад, во целосно искористена, потрошена облека и гордо да констатирате: Какво возење!" И стварно не ги сфаќам луѓето кои живеат по дефиниција, плашејќи се од предизвици и без никакви приказни за раскажување на стари години... Секој има слобода да прави што сака, но не фала, јас би сакал да го истражам автопатот на животот и гордо да утврдам: Јеботе, убаво си проживеав!
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Сигурноста е релативна, слободата не е, тоа е разликата. Човек може да се чувствува сигурен на многу начини, но чувството за слобода е исто кај секој човек.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Сите (или многу голем дел) кога ќе ја изгубат сигурноста, радо би предале дел од слободата за да им се врати. Максимално свесно. Многу малку (на ниво на исклучоци) би ја жртвувале својата сигурност за да пробаат да обезбедат поголема слобода. Тоа е покажано илјадници пати досега.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
СЛобода пред се. Стравот за сигурноста им го наметнуваат државите на сопствените граѓани за да им ја ограничат слободата што води кон тоталитаризам замаскиран во ветување за сигурност и стабилност.
Видете на Американците, на земјата на слободата, што им се случи после 2001.
 
L

Luki Junior

Гостин
Постои образование и ОБРАЗОВАНИЕ ако мислиш ова кое моментално се спроведува тогаш да.
Смихајло, има ногу нешта.... Гледај шо се случува... Тава е реалната слика... Секоја држава си произведува овци за стрижејне, и у замена дава сигурност на територија и економија... Ако израсне еден сам човек вон границите на сопствената држава, е тај е горе доле слободен човек... Ногу човеци са силни и слободни од пред тастатура... Ама излезат си физички од комфортната зона, а у главата са си истите којна со капаци...
За да има личен умствен развој на една единка, требе да има лично жртвувајне на некакви благодети..... Е сега кои нешта ќе ги преферираш пред другите тава е личен избор (Некој ќе сере на картон, и ќе мава со фецес на другите, а некој ќе земе ке се образова вон образовнио систем оти не му ги задоволува внатрешните нагони за правилна и точна информација)

Право на вкус и избор, кажала мачката и си излижала газо...

Образованието не те праа човек.. Може да ти даде некаква насока (Дури и тава е под знак прашалник), а дали човеко ќе се реше да мисле повеќе од тава си е личен избор... Друго нешто поинтересно е шо секаде официјална политика и образование е како треба да бидат нештата... Никој не зима да ти објасне како стојат работите.... И затава излезеш од школото попрост отколку коа си флезел у него...

Не е точно, ако ја погледнеш историјата, ќе видиш дека човекот во ниеден предходен период немал повеќе права и слобода отколку сега!
Дали може на еден просечен човек му било подобро и бил послободен за време на феудализмот? За време на средниот век и инквизицијата?! За време на робовладетелството?
Какви биле правата во сите овие периоди на луѓето? На жените? На државите?
Не мешајте уредувања на власт.. И денеска са исти начините на владеејне... Само технологијата оде напред и може да се живее горе доле како индивидуа заради одличните технологии за производство на храна... Ако очекуваш од државнио апарат слобода, наебал си ја здраво.


СЛобода пред се. Стравот за сигурноста им го наметнуваат државите на сопствените граѓани за да им ја ограничат слободата што води кон тоталитаризам замаскиран во ветување за сигурност и стабилност.
Видете на Американците, на земјата на слободата, што им се случи после 2001.
Американците са и ден денес добри и слободни... Ние може само да сонуваме за такво државно уредувајне...



И за последно, не мешајте затвореници... Особено не на долгогодишни робијаши... има еден тон истражувања оти преферират да са у затвор после толку ного години отколку да са вонка (на слобода)... Човеко е животинка од навики, и секое нешто коа не е како неговио природен хабитат, е под стрес..
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
Смихајло, има ногу нешта.... Гледај шо се случува... Тава е реалната слика... Секоја држава си произведува овци за стрижејне, и у замена дава сигурност на територија и економија... Ако израсне еден сам човек вон границите на сопствената држава, е тај е горе доле слободен човек... Ногу човеци са силни и слободни од пред тастатура... Ама излезат си физички од комфортната зона, а у главата са си истите којна со капаци...
За да има личен умствен развој на една единка, требе да има лично жртвувајне на некакви благодети..... Е сега кои нешта ќе ги преферираш пред другите тава е личен избор (Некој ќе сере на картон, и ќе мава со фецес на другите, а некој ќе земе ке се образова вон образовнио систем оти не му ги задоволува внатрешните нагони за правилна и точна информација)

Право на вкус и избор, кажала мачката и си излижала газо...

Образованието не те праа човек.. Може да ти даде некаква насока (Дури и тава е под знак прашалник), а дали човеко ќе се реше да мисле повеќе од тава си е личен избор... Друго нешто поинтересно е шо секаде официјална политика и образование е како треба да бидат нештата... Никој не зима да ти објасне како стојат работите.... И затава излезеш од школото попрост отколку коа си флезел у него...
Се што велиш е вистина со моменталниов систем на образование и нормално зошто да се смени кога произведува мирни овци?
Но, сепак мојата замисла за образование и едукација е многу поширока.
Значи во денешнов систем само се внесуваат готови информации на некој кој пред нас направил нешто што во никој случај не е доволно.
Нормално никого не можеш да натераш да научи ако не сака.Меѓутоа задачата на образованието треба да биде пообемна да се учи и воспитува народот во вистинската смисла на зборот.Ова второво е ептен запоставено и поради тоа има идиоти на секој чекор.
После тоа задача на образованието треба да биде создаде пред се скептик и борец ,а не мирна овца(сите знаеме зошто сите политичари сакаат овци).
Мислам дека ме разбираш што сакам да кажам сепак не мислам кога ќе речам едуциран човек особа која што знае многу информации туку и мудрост и храброст за да се има општа корист.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
За слободата би го дал ова како основа: Права на Човекот
За едукација, која ја споменувате овде како услов или пат кон слобода, би го дал ова како основа: Едукација на Децата

Овие две мислам дека би давале слободни луѓе кои ќе знаат зошто, како, кога кому без да се доведува човешвото во хаос.

Јас сум секако за Слобода! Прави што ти е волја, но не прави што сакаш!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
За слободата би го дал ова како основа: Права на Човекот
За едукација, која ја споменувате овде како услов или пат кон слобода, би го дал ова како основа: Едукација на Децата

Овие две мислам дека би давале слободни луѓе кои ќе знаат зошто, како, кога кому без да се доведува човешвото во хаос.

Јас сум секако за Слобода! Прави што ти е волја, но не прави што сакаш!

Ова се разбира воопшто не е сервирање на туѓи вистини и пропаганда?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom