Дојран

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Дојран годинава се врати во стариот препознатлив сјај. Градот на Дојранското Езеро полн со посетители. Благодарение на поволните климатски услови Дојран си го враќа стариот сјај од пред многу години.

Само во тековната смена има над 10.000 туристи.

Градот заживува, а ниските цени и природната убавината се мамка за посетителите.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Вчера се вратив од стар дојран. и секој што планира да оди топло му препорачувам да не оди.
Водата смрди на тиња и е прљава, измет пливнува од време на време, мртви рипчиња се закачуваат на нозете додека излегуваш од вода, плажите тапа. камен и земја , освен малку што е подзасредена градската
Вчера бев на еднодневна екскурзија до Стар Дојран преку црвен крст прв пат и можеби последен пат. Единствено ми се допаѓаше што е топла водата. За мааните само ќе го цитирам дармон.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Вчера бев на еднодневна екскурзија до Стар Дојран преку црвен крст прв пат и можеби последен пат. Единствено ми се допаѓаше што е топла водата. За мааните само ќе го цитирам дармон.
Тоа е, мора да се заебеш за да знаеш.
И тоа што се мачкаат со калта, тоа е жива глупост, кога видов мали деца ги мачкаа ми идеше да ги расшлапам родителите. Се мачка тоа зеленото што плови по водата, тоа е од алгите, а не со смрдливата тиња. Колку прост народ сме.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Тоа е, мора да се заебеш за да знаеш.
И тоа што се мачкаат со калта, тоа е жива глупост, кога видов мали деца ги мачкаа ми идеше да ги расшлапам родителите. Се мачка тоа зеленото што плови по водата, тоа е од алгите, а не со смрдливата тиња. Колку прост народ сме.
http://forum.kajgana.com/threads/Дојран.42819/page-2#post-3852274 прост е народот коа нема да прочита некои работи

http://www.vesti-online.com/Stampano-izdanje/29-08-2010/Zapisi/77832/Crnim-blatom-protiv-kostobolje/print
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
А добро каде се плажите ? сеа го гледав на гоогле мапс јас освен зелено блато плажа невидов :)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Ок. Верувајте во што сакате, верувајте и ако кажат дека калта сида лечи.
Јас ке ви кажам само една приказна па ваше е да размислите.
Моја блиска другарка додека студираше на хемискиот факултет, отсек биохемија, ја носеа во дојран заедно со цела нејзина група студенти да ги испитуваат калта и водата во Дојранското езеро. Во калта пронашле бактерии кои се канцерогени односно што создаваат рак на кожа.
За водата не знам што направиле, но сигурно штом бактериите ги има во калта, ги има и во водата.
Резултатите не ги објавија за да се зачува туризмот во Дојран, а вие родителите само продолжете вашите деца да ги мачкате со таа смрдлива тиња, и носете ги да си истурат црева таму, само запрашајте се што ако детето има трајни последици од тоа?
На девојка ми внуката која лани кога бевме во Дојран имаше 2 години, 3тиот ден во Дојран дигна 39 температура и се истури од повраќање и пролив а родителите не видоа ни О од одмор. После 5тиот ден дојдоа дома и за 2 дена се опорави детето, а појдоа во дојран со мислата дека е лековито езеото, топло и убаво за деца. Топло е и убаво за деца, ама лековито тешко дека е.
Јас додека бев таму најискрено гледав само мали деца што повраќаат и плачат. Среќа за навечер имаат таму некои вовчиња колку да им замачкаат очи за да не мислат дека ги боли стомак, ама после тоа на сите косата им се крева од маки.
А дојранци имаат најдобар изговор за болните деца. Они викаат дека така со повраќање им се прочистувал организмот, немој молим те. Од здрави деца, се враќаат болни.
Измет, пелени и влошки пливаат покрај брегот.
И плус тоа смештајот им е 350 денари во соба со болнички кревет и плакар.Поглед од прозор, во полско вц и во грмушки, тањири и прибор за јадење од дома се носат и вц-то се дели со уште 2-3 фамилии. Тоа ли е туризам бе?
Ако не ми верувате појдете барем на викенд и ке видите дека сум во право. Загледајте само колку болни деца има и колку клиниките се преполни со мали дечиња.
А тие докторките ми идеше да им ја откинам косата, колку се арогантни, на мало дете не сакаа да му помогнат, од што премногу им се заморил гзот од работа.
Јас никогаш повеќе нема да стапнам во Дојран, тоа ми беше прв и последен пат, боље во Охрид ке идам, не дека услугата им е подобра на Охриѓани ама барем ке платам исто ке имам кај да прошетам, имам навечер убав живот, и имам чиста вода па и убав поглед кон езерото.
А најдобра варијанта е плати си автобуска карта за грција, и истите пари ке ги потрошиш колку што си потрошил во Дојран или Охрид. Моето друштво беше ова година, со 200 евра од човек си поминале топ за 8 дена. Сместувањето одлично, со телевизори клими убави купатила тераса со поглед и тн. Морето на 200 метри, лежалки на плажа добиваат ако купат една обична вода, јадење пиење како тука во скопје, милина. А ја ке се правам па јакиот Македонец патриот да ги потрошам парите тука. А бе колку ми е криво што не отидов, здравје, наредните лета само на моренце ке си идам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Резултатите не ги објавија за да се зачува туризмот во Дојран, а вие родителите само продолжете вашите деца да ги мачкате со таа смрдлива тиња, и носете ги да си истурат црева таму, само запрашајте се што ако детето има трајни последици од тоа?
На девојка ми внуката која лани кога бевме во Дојран имаше 2 години, 3тиот ден во Дојран дигна 39 температура и се истури од повраќање и пролив а родителите не видоа ни О од одмор. После 5тиот ден дојдоа дома и за 2 дена се опорави детето, а појдоа во дојран со мислата дека е лековито езеото, топло и убаво за деца. Топло е и убаво за деца, ама лековито тешко дека е.
Јас додека бев таму најискрено гледав само мали деца што повраќаат и плачат. Среќа за навечер имаат таму некои вовчиња колку да им замачкаат очи за да не мислат дека ги боли стомак, ама после тоа на сите косата им се крева од маки.
А дојранци имаат најдобар изговор за болните деца. Они викаат дека така со повраќање им се прочистувал организмот, немој молим те. Од здрави деца, се враќаат болни.
Убав муабет. Затоа внуциве мои кога и да ги однесат во Дојран ( а идат демек климата била добра за деца) ги враќаат за два дена со температура и повраќање. И тоа буквално секогаш. Пред две години дехидрирани (3год и 9год) останаа по десет дена во болница, се извадивме од памет. Од тогаш не се отидени во Дојран. Јас мислев само нашите се, оти вечито нешто им е, али еве не биле само нашите деца.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.324
Поени од реакции
16.434
Моиве коа бев детенце, 5 години по ред, секое лето ме носеа у Дојран. Ништо ми се нема десено, брат ми имаше проблеми со синусите, до ден денес фала Богу воопшто се нема пожалено. Нити ни се има случено да повраќаме, нити стомак не болело.

Изглеа од бактериите ќе да е.
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Во Дојран имам одено повеќе пати, но само на неколку дена поради водата. Нели, добра била за здравјето, ама мене ми се смени тоа мислење кога лани ме фатија ушите само што се вратив од Дојран. Среќа беше на крајот на летото, па не ми сјебаа еден дел кој ќе мозев да си го искористам за одмор на друго место. Дали беше од Дојран, дали од друго нешто незнам. Сепак, сеуште мислам дека одмор во Дојран е добра идеа, ама краток одмор. Повеќе од 3 дена не би седела таму. Според мене тоа мачкањето со калта е чиста глупост, ама кој како сака. Никогаш не сум се мачкала со тоа чудо, а и не планирам. Ноќниот зивот е никаков, тоа е една голема маана на Дојран. Другото ми се допаѓа, а муабетиве дека водата не е чиста не ви дрзат вода, таква е од алгите.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.874
Се убаво лековита и топла вода, но ноќниот живот е заникаде не можев да издржам повеќе од една вечер. (n)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.766
Поени од реакции
9.887
Aбе има ли нешто младо таму или само пензионери и деца мали..да не идам за џабе .?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.874
Aбе има ли нешто младо таму или само пензионери и деца мали..да не идам за џабе .?
Има некои залутани од Гевгелија, Валандово и Струмичките села, не е таа младина што ја има во Охрид.
 

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
У Дојран се иде за на Рибичка кафанче ово оно ако разбирте :rolleyes: .... таму нема залутени... има сега посетители од Штип, Радовиш тој дел од Македонија.За младина има.
Според мене не е за бањење , секоја година има заболени како погоре опишано.
Се инвестира многу благодарение за донацијата мислам дека беше нешто Источна Европа . Самите Дојранчање не мрднуваат со малиот прст. (исклучок сега малку мораат да средат зашто го направија шеталиштето покрај брегот).Кога ќе си одат посителите се жалат оставиле многу смет, таква ни е културата па тие дури го оставаат малку да постои за поубава слика да имаат.
На интернет нема нови слики од тоа што се работи за плажите, средена е само градската плажа и Алекс одсекогаш , друго сеуште се работи.
Таму за празници е полно неможеш столче да најдеш и во сета гужва служат двајца значи цела кафана!!!??. Не им се дава плус некоја дневница за уште плус некој келнер многу ќе изгубат математика ипол.
За престој повеќе од 3 дена не е. Подобро иди си у Грчка на после намини на ден у Дојран.
Да не се изненадите ако некогаш одите у продавница и нема ладен пијалок, зашто штедат струја....o_O нема посетители нема ладен пијалок у продавница, има и исклучоци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom