Дека доста често сум во Дојран, решив и јас да напишам нешто за него.
Сите оние кои зборите негативно, во старт можам да ви кажам дека очекувањата ви се преголеми. Станува збор за Дојран, не за Охрид. Е сега, ако јас се прашувам Дојран е измислен за Охрид, ама нема да убедувам, свесен сум дека кај повеќето мојов став ќе помине со мислите во глава “што му е на идиотот!?“.
Во Дојран одам 20ина години, прво со моите, после и сам си продолжив да одам. Имам лечено буквално се. Исеченици, изгореници, гнојни ангини, синуси... Нема доктор кој што бил во Дојран, а не го препорачал топло на своите пациенти.
Читам погоре, труење од водата. Yeah, right! Глупости во боја... Убав одговор имаше дадено некој на тоа, дека тоа можело да е последица на милион работи (храна, сунчаница итд итд).
Забава нема, сфатете го тоа. Не одите во Дојран за забава. Барем сеуште не. Забавата ако чекате некој друг да ви ја направи (кафич, диско...) тешко да ја дочекате. Отидете друштво, или со дечко/девојка на опуштен викенд/одмор. Направете си самите да ви биде убаво.
Луѓето кои одат во Дојран се во главном со мали деца, се прашувате зошто? - Поради лековитоста на езерото и топлата вода, која Охрид ќе ја има на св.Никад.
Ако водата е матна, тоа не значи дека е “прљава“, имате ли вие 2 чисти?! Самите алги (треви) и даваат зеленикава боја на водата, но не - верувајте дека таа е далеку од прљава.
Со самото тоа што посетителите се семејни луѓе, со деца - значи дека не се отидени за забава таму т.е. они се забавуваат ама не на начин ко што си навикнати ние - класичните скопјани. Диско шема, Ленинова а-у, коктели, сечени пијачки...
Во старт бидете спремни на нешто сосема друго, одете во кафанчиња навечер, јадете риба (не ќебапи, хелоу) - лето е, не мора мелено месо да пукате.
Купете си крофна за 8 денари во “лебопекарницата“, тоа го увиде некој? Купете фамилијарна пица за 240... А каде се наоѓате? На туристичко место, место кое се наоѓа на 70км од морето и да, дефинитивно има медитеранска клима.
Да не искочи дека само го фалам, еве малце и за негативностите, кои факт е дека ги има, ама пак се предизвикани од човечки фактор.
1. Плажи... Водата надојдена оваа година, шеталиште од горната страна... плажата притисната од двете страни, намалена до максимум. Гужва колку сакаш. Градската плажа е премала, згрешија годинава што дозволија да немаат плажи. Ќе го средат тоа догодина, ама годинава беше за нигде. Зошто се случи така? Епа вака... Од лани/полани плажите се дадоа на концесионири т.е. се изнајмија на лица кои плаќаат ситна сума (или не плаќаат воопшто) пари на општината за кафичите(баровите) кои ги прават на самата плажа, меѓутоа имаат обврска да ја уредат плажата која што се наоѓа пред кафичот. Доколку тие го испочитуваа договорот, Дојран ќе имаше огромна градска плажа.
Но, сликата годинава беше лоша, кога станува збор за ова.
Кафичите покрај плажа си работат, концесионерите за да замачкаат очи, имаа истурено по 2-3 камиона песок (песок на куп, не измазнет и распореден).
Решение: Алекс бич. Плажа на 3-4 километри од Стар Дојран (автобуската), со сопствен паркинг, кафич, чадори, лежалки... Тост 60 денари, кафе 40-50...
Лежалка 100 денари за цел ден, 50 за пола ден. Педалинка 150 денари/саат (иста цена со градската плажа).
Вработените љубезни, културни, носат кафиња до плажата. Мислам дека нудат и сместување до самата плажа, си имаат апартмани.
Супер средена приватна плажа. Пробајте - отидете таму.
До оваа година имаше уште една убава плажа, пред граница, на излез од Стар Дојран - Гранико, со преубаво кафанче со поглед кон езерото, но со правењето на печачката патека оваа плажа е доста стеснета и мала. Влез не се наплаќа, плажата е исто тревна.
2. Паркинг... Годинава беше држ-недај со паркинг... Ама каде кај нас ова не е проблем?! Има паркинзи покрај градската плажа каде што се наоѓа место по цена од 100денари/дневно. Или ако имате среќа ќе најдете слободно паркинг место негде во близина на центарот. Ако сместувањето ви е тука - немате гајле т.е. нема да ви треба кола за до плажа.
Лани летото видов и пајак служба... ми се стемни право да ви кажам. Такви работи ме вадат од такт. Почнаа туристи да им одат, и одма почнаа со казни.
Предлози за оние кои сакаат забава т.е. кои сакаат одмор сличен на скопската/охридската шема.
Отидете во блиските градови:
- Струмица, да не ги набројувам местата.
- Валандово - диско Exit. Забави во петок и сабота, со екс-ју ѕвезди, Слаткари, чуда...
Комплексов е огромен, може да отидете и денски има преубав базен, тобоган, ресторан. Отидете, на 17км е од Дојран, нема да зажалите.
- Гевгелија...
За оние кои мислат дека езерото е причина за нивно разболување, или што ти ја знам... Стварно грешат, езерото никогаш не било причина за такво нешто туку баш за спротивното.
За оние понежните т.е. оние на кои им сметаат алгите/тревите, земете педалнка повозете се 5 минути од брегот, нема една трева да ви се “замота“ во нозе. Опуштете се и уживајте...
Се надевам бев јасен