Динамо - Лион минатата сезона. Не беше местенка? Те молам брат, немој. Знам дека си Хрват, ама ова е премногу. Хајдук Сплит одсекогаш сум го подржувал и ми се посимпатичен тим од Динамо, посебно од Динамо на Мамич.
Хрват или не хрват нема везе тоа.Имаш ли доказ за поголема уплата на некоја од сметките на играчите,Мамиќ или било кој?
Има ли големи уплати во кладилниците низ Азија на таков резултат ?
Динамо се распадна таа утакмица,а башка што примија 2 гола од чист офсајд и 75 минути играа со играч помалку.
Попрво би рекол судиите го протнаа Лион него Динамо.Особено ако се знае што се се случуваше на Ајакс- Реал.
Мамиќ не е глуп,па Лион,ни Платини не можат да му платат толку за 1 местенка колку што он заработува од провизии од трансферите на играчите ако играат добро.Башка што им зима и процент од платите после на тие играчи на кои што им е менаџер.Модриќ на пример сега во Тоттенхем зима 3-4 милиони евра на година,а Мамиќ едно 5-10 % од таа плата си ја собира.Плус при секој трансфер ќарува по неколку милиони.
Повеќето од играчите на Динамо се во неговата агенција.
Така да он од секој продаден играч многу многу убава пара зима..........а играчите се продаваат со добро одиграни утакмици во Европа.Него овој настап на Динамо во ЛШ му беше најголем кошмар,сите играчи му загубија на вредност.
Да не збориме за тоа дека ти не треба само Мамиќ да го поткупуваш туку и уште играчите.А тие играчи нема туку така да наметат утакмица.Не се голтари и тие заработуваат огромни пари и треба многу да им нудиш за да ти наместат утакмица во ЛШ.
Единствена местенка која можеби била во таа ситуација се судиите.Црвен за Динамо и 2 гола од чист офсајд,па и Ајакс на другата утакмица беше исто така доста оштетен.
Иначе Хајдук не е ништо почист од Динамо.Последните 2 титули на Хајдук се моментално најсомнителни.Уапсените во аферата со судиите признаа еден куп местенки во корист на Хајдук и дека нивните титули се углавном купени со судии.
Никола Калиниќ,ака Пеналиќ,се продаде со 10 гола од пенал дадени.......да погледнеш играч на Хајдук криво во 16 метри беше пенал.
Во Југославија да не збориме колку бил протежиран тој мајстор с мора.
Единствената разика меѓу Динамо и Хајдук е тоа што во Динамо има 1 човек што ги влече сите конци и е во центарот на вниманието,а во Хајдук се 10 и се менуваат секоја година.
Мамиќ е многу повеќе во центарот на вниманието.Он најмногу стана познат со глупирањата во јавноста кои не се поврзани со фудбалот(стриптиз,тепачки,признание за секс со проститутки,лудачки прес конференции.....).