Проблем е како да го разбудиш заспаното човечко кај мнозинството? Да ги научиш да ценат повеќе, да сакаат...
Хм, тука се согласувам, само што според мене има еден проблем... ако дошло време кога треба да ги УЧИМЕ луѓето да САКААТ (како на пример наслов на една книга пред некое време што ја видов: Како да го сакате вашето дете *смајлиштосипукавоколено*) тоа значи дека човештвото е отидено во Хондурас. Штом треба да ги учиме луѓето дека треба да се грижат едни за други... пиши пропало на планетава Земја.
Freedom is a state of mind.
Стварно не ми е јасно како ја разбирате слободата.
Еве пример јас сум свесен оти сум швркнат малку, ама не се замарам со туѓото мислење, ставови кои ги има за мене. That makes me free, pals.
Ај чао!
Иако реков дека темава е послободна, сепак мислам дека троа малкуцка ја утна поентата. Не збориме овде за слобода од типот на “не се замарам што рекол Петко за мене“.
Слободата не е state of mind. Ако е, значи и затворениците во затворите се слободни, така? Или да речеме во Втора Светска војна, пример еве Полска... ако они биле под окупација, штом луѓето рекле слободен сум и мислеле дека се слободни, значи слободни биле а? Или пак во Северна Кореја кога ги испраќаат во “работни“ кампови луѓето, ако они се таму затворени, ќе си помислат и ќе си веруваат дека се слободни и тоа значи дека се слободни а?
Не е слободата состојба на умот. Слободата е многу повеќе од тоа.
Ти можеш да мислиш дека си слободен да запалиш цигара внатре во кафиќ, ама реалноста нешто друго кажува, односно со други зборови - таа состојба на умот ќе те чини пари, пошто ќе треба да си платиш казна.
Колку слатка тема <3
Ќе уживам читајќи ја... а можеби и нема.
Мислам дека прво мора да се потенцира за каква слобода... па и сигурност, станува збор?
Немав на ум нешо конкретно, мислев со самото разглабање на темава, да се начнат и тие теми како разлика помеѓу видови слободи и сигурност, но еве ќе поставам конкретен пример. Со секој донесен закон обично се скратува дел од нечија слобода, на сметка на туѓ комфорт. Еве ги споменав цигарите: забраната за пушење во кафиЌи е ускратување на слободата на пушачите да пушат цигари каде сакаат на сметка на непушачите и нивната удобност да не бидат опкружени со дим.
Сега малце е банален примеров, ама тој прв ми текна.
Значи мора да има одредени општествени правила, но дали тие правила еве според вас треба да ја штитат слободата на поединецот да прави што сака, да зборува што сака и сл. или неговата сигурност/удобност/спокој? Или можно е да имаме општествени регулативи кои ќе ги штитат двете? Зашто секогаш мора да има или-или? Не може ли да ги имаме и двете?