Човек вас треба да ви црта изглеа... незнам шо ви е проблемот...
Ај цитирај го делот кај што сум рекол дека Охрид не е поскап од Скопје. Прашавте за цените и ја си реков дека пицата шо сум ја јадел у Охрид е поскапа од Скопје. За услугата заборавив да спомнам, ама еве тука ќе се дополнам. Пола саат чекаш за да нарачаш и уште 1 саат за да ти ја донесат пицата. Подобра услуга здравје. Незнам како од ова си разбрал дека сум кажал „Охрид не е поскап од Скопје“. Реков во Скопје е скапо таксито, ама и во Охрид не е без пари. Незнам и од ова како заклучи дека сум кажал „Охрид не е поскап од Скопје“. Изглеа толку читаш ти... да зеам да пробам да ти нацртам, ваљда така ќе разбереш...
Иначе толку напнавте со кафињата, да не може човек да ви се изначуди...
Споредувате цена на кафе во некој забутан дел на Охрид, со цена на кафе на кеј во Скопје. Па и во Скопје ако сакаш можеш да најдеш кафе за 20-30 денари. Знам во Буњаковец во еден кафич (ич не ми текнува за името) кафето беше 30 денари или така нешто. Во АМГ исто така нешто мислам беше кафето.
Колку не си го сфатила тој делот што го пишав за Археолошки музеј, за Александар Македонски и другите споменици у Скопје. Тоа беше онака на шала пишано, а целта ми беше дека ако имате вие таму езеро не значи дека сеа ќе го праите Охрид ко Монако. Ама ајде изглеа коа ќе нацртам се убаво, ваљда ќе разбереш...
И да ја не се брукам со ништо. Тоа што си го имам си го кажувам. Уствари да споредуваш езеро со море, е тоа е више брукање, а тоа го направи баш еден ориџанец тука на форумов.
Ја дечко сум бил у Грција само еднаш пред 15 години и од тогаш ни сакам да одам, а и не верувам дека ќе им стапнам таму, а Охрид има за што да се критикува и затоа ќе критикувам. Ако провериш поназад ќе видиш и зошто ја спомнав Албанија, ама ајде пак ќе ти објаснам. Еден член се фалеше дека таму плаќал 40 евра за никаква соба, и ја баш се погодив лани да одам таму и си кажав од лично искуство дека соба таму со пристојни услови јас ја плаќав по 17 евра. Друг пат пред да зборите убаво прочитајте, и преиспитајте се 2-3 пати дали убаво сте сфатиле.
garmin
Абе шо знаеме ние бе ...
Охрид си е злато бе, ништо не му фали. И да бараш неможеш да најдеш негостопримлив Охриѓанец. Услугата им е невероватна. Ти само што си седнал на маса, а еве го келнерот со мени и со насмевка. Уште не си завршил со нарачката, а веќе ти го носат јадењето, и ние уште дрско си зимаме за слобода да се жалиме. Ај тоа, па уште и скапо ни било...
Абе љубоморни сме зошто ние у другите градови неаме езера и сеа намерно ваква пропаганда им шириме...