Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.152
- Поени од реакции
- 83.888
Све што кажа е точно, но во нијанси.....
Албанските национал-шовинисти, моментално, во Македонија, имаат интерес во исламскиот радикализам, одењето рака под рака со него, им помага. (сега за сега)
На власта исто и одговара акценот да се стави на вехабизмот, иако повеќе од очигледно е дека акцентот во пракса е на албанскиот шовинизам. Боље личи у контекст на сочувувањето на братство-единство. Сепак не би се сложил со тебе во подвоеноста.
И покрај тоа што во суштина имаат противречни темели, исламскиот фундаментализам и албанскиот национал-шовинизам, сепак се заедно во моментов, тука , кај нас.
Имаат ист непријател, по истата основа ќе се слива и подршка, од традиционалните подржувачи на исламскиот фундаментализам, кои верувам разгоруваат и во Бурма и во Кина и на Филипини и секаде каде што припадниците на ова опасно движење се граничат со припадници од други религии.
Таа планетарна подршка ќе им помогне сега, во моментот против заедничкиот непријател. Они се трудат кокетирањето со вехабизмот да го скријат од медиумите, јавноста, но да го прикажат на внатрешно етнички план. Така, уште повеќе ќе ја добијат подршката и од религијски закоравеното бројно албанско муслиманско селанство.
Така да, да. Парите што се слеваат за подршка на луѓето кои палат цркви во Македонија и луѓето кои тепаат Будисти во Индокина, се од ист извор.