Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.662
Поени од реакции
11.810
Одбраната швајцарско сирење.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.662
Поени од реакции
11.810
Ги гледав Ливерпул и со Торонто,јаки младинци сте извадиле,Шелви се дупна од пуцање,со келавицата,техниката и шутот на Зидан ми личи:)
Не си единствен што го вели ова :coffee: Вечерва сретнав неколку такви коментари
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Честитки за фановите на Рома, ако некој прочита и ако му е гајле за натпреварот се разбира, добар натпревар со многу напаѓање и големо искуство за нашиве младинци. Се гледа дека сме далеку од тоа што сакаме да го постигнеме, но тоа е разбирливо бидејќи ова беше само втор натпревар под водство на Rodgers односно само 3-4 недели од кога почнаа тренинзите. Се надевам во некој од наредниве натпревари ќе видиме поконкретен тим а со тоа и начинот на игра да се подобри.

P.S. Shelvey ѕвер...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Камо Адам да беше побрз каков играч ќе беше. Супер шут, супер визија, али џабе е све коа нема движење у него. Он треба да се постави на некоја статична позиција кај шо ќе си пушта пасеви, и коа ќе му легне топка да ја збумбари у гол. Проблем е што за таа статична позиција треба и да знаеш добри стартови да праиш. А секој негов трет старт е за црвен. Абе Чарли, дај запни потрчај малце, само така ќе биде човек од тебе.

Флано и Сама плачат за позајмица. Мора искуство да набилдаат у некој послаб тим, вака не ги бива. Вилсон треба центар-бек да си игра. Он, Кара, Коатес, Агер и Шкртел се доволно за да ни биде центар-бек позицијата покриена. Морган исто така би било добро на позајмица. Му треба малце такво искуство да го најде тој инстинкт во сениорскиот состав за да знае кога кај да се постави. Пачеко комотно може да се остави да си се бори за прв состав сезонава. Се гледа дека позајмицата добро му влијаела, ми се свиѓа тоа што го видов од него овие 2 натпревари. Едино не знам за Еклстон. Све постар станува, а да се избори за прв тим се потешко и потешко е. Ќе го видиме у следниве натпревари, треба убаво да се оформи сликата за него. Стерлинг убаво си дрибла, на Сусо треба да му се најде играч со кој ќе комбинира поубаво, а тоа дефинитвно не е Флано.

Ништо посебно не видовме од вториов состав, едино може што беа на крај повеќе борбени. Првиот состав според мене бољи беше. Али мислам дека главната причина за тоа е Шелви. Не смее да се прати на позајмица, ваљда го увиде тоа Роџерс сеа. Шелви е идниот Џерард! Веќе неам дилеми за ова...

П.с: Не сум ни малце загрижен за резултатот. Со дупло бољи состав играа во двете полувремиња, 2-1 дури е и солидно поготово за вториот состав шо го извадивме.
 
S

Stivie G

Гостин
Иначе мило ми е што загубивме. Во очите на сите други сме се поголеми аутсајдери. Тука јас ја гледам шансата во текот на сезоната. И да, Адам и покрај голот може слободно да лета од Ливерпул а Шелви и Стерлинг никакви позајмици.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Шелви
Сусо
Пачеко
Еклстоун

Мора да се остават и да им се даде шанса да си се изборат за место во првиот состав.
Што се однесува до Сусо.... се надевам дека Роџерс увиде дека Сусо не е за Крилната позиција, иако одигра само една утакмица таму мислам дека уште од авион се гледа дека тој треба да биде главната алка во срцето на теренот, односно тој да биде тој што ке ја држи онаа офанзивна врска.
Мора да му се даде слобода на теренот и да не се стравува за неговите години..... ја има зрелоста дечкото.

Стерлинг не го ставам во овој состав од причини..... конституција на телото.
Не дека после 2-3 сезони тој може да стане Рамбо, но сепак мислам дека е премногу слаб физички за момент во прв состав.
Треба да се даде на позајмица најмалку во состав во Премиершип...ама најмалку тоа.

Еклстоун го ставам пред Морган од причина.... искуство. Се гледа од авион дека Еклстоун има поглемо искуство во движењето, и градењето на топката.
Треба да се остави на клупа да биде третиот избор на Централен напаѓач после Керол или евентуално оној новиот.


Пачеко....зарем треба објаснување. Според мене доволни се овие две утакмици за да се каже дека нема потреба од Рамирези Мамирези.
Дечково едноставно ќине на теренот. На сето тоа кога ке се додаде и разбирањето и покриврањето со Енрике, тогаш не треба да има недоумница за тоа кој треба да биде на таа лева страна.
ПАЧЕКО И НИКОЈ ДРУГ!!!


Шелвејјјјјј.....Можеби не е директно за во прв состав, но сепак оваа сезона.... не некој наредна туку оваа треба да се конвертира од утакмица во утакмица во првиот состав и да се исфрла Капетанот постепено......
Доколку е ФИТ Капетанот, тогаш да се ротира на комшиската позиција.

.......................


Е сеа за овие другиве......

Адам.... иако се гледа дека убиецов не му лежи баш оваа игра, сепак мислам дека треба да остане и да му се даде шанса.
Ако ништо друго барем поради неговото искуство.

Аквамен треба да биде оној играч кој треба да се прати во аут, со оглед на неговата носталгичност, и подлежност на повреди и дефинитно треба да оди на продажба и позајмица.
Е сега доколку сакаат да го искористат како „другарче“ за Борини..... тогаш нека го држи крајчето на клупата.

Морган д Скаусер..... Колку и да го сакам поради тој факт, колку и да го сакам поради неговата борбеност...... Дечково мора да оди на позајмица ако сака да набие на квалитет.
Едноставно не гледам шанса да се интегирира во првиот состав........ макар тоа било сега против Гомел составот против кој играме во европа. Д лад хас ту го анд ит хас ту би Лоан!!!

Флано или Меклахлин..... ЕДЕН од овие двајца мора да остане како 3 бекап за Јонсон наш.
Е сега со оглед на тоа дека на Меклахлин му треба очигледно повеке развивање одколку на Флано........ Флано на клупа, Мекалрен на позајмица.

Од другата страна..... нема потреба од пазарење....... Робинсон ке ја задоволи клупата, нема потреба од бек ап со оглед на тоа што го имаме ДАгер во составот.


СПИРО.......АУТ...... било кој аут!(y)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Вчера немаше ни Т од Тика-Така.. Трчаа ко муви без глави, едино Џо Кол и Шелви што може да ги пофалам..
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Вака сега.....
Во овие два натпревари Роџ малку по малку добива одговори на неговите прашања....
1)Дали Кол и Аква треба да останат
2) Дали Адам ќе се вклопи во играта
3) кој од младинците треба да игра во првиот тим вгодина (барем во куп натпреварите и во некој од ЛЕ)
Мислам оти горе-долу ги има добиено одговорите на овие прашања....
1) Мислам оти Кол треба да остани. Човекот се гледа оти е класа играч од начинот на кој пристапува до топката, до неговиот дриблинг, пас, техника.....а Аква мислам оти ќе си оди некако не му е по ќеф да игра за нас....
2) Вистина е оти Адам нема брзина ама кога ќе тргни во дуел тешк се запира заради тоа што е физички снажен а и многу добро ја гради топката (видовме сношти кога во еден дуел со тројца играчи на Рома мораа да го фаулираат) плус има одлична визија, шут мислам оти треба да остане....
3) според мене од младинците треба шанса да добијат вгодина Стерлинг, Сусо, Шелви (ако можи да се речи оти е младинец) Еклстоун, Пачеко.....ама НЕ да добиваат шанса во ПЛ посебно не првиве двајца оти се гледа физички се многу инфериорни секоја му чест на неспорниот талент кој го имаат, ама на пример 10тина натпревари наредната сезона што во купови што во ЛЕ ќе завршат работа за нив....

И да, сакав да кажам уште една работа.....
Рома сношти во првите минути играше пресинг...ама се знае оти онакво темпо, со онаков висок пресинг една екипа можи да издржи 15-16 минути, така да вгодина ако некој ни игра пресинг, знајте оти повеќе од 15 минути нема никој да можи да издржи повеќе ;)

Шелви и Кол беа најдобри а за пофалба е и Пачеко, се гледа оти има напредок кај него, најмногу ме загрижува Енрике со неговите луди додавања па дали 3-4 точни паса имаше вчера, Спиринг значи човекот едноставно кога ќе е под притисок од противнички играч целиот се буни и само греши.....
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Требаше барем едно полувреме да играат заедно Карагер, Шкртел, Агер, Енрике, Адам, Аквилани, Шелви,Пачеко,Кол,Морган немаше да му избегат 3 4 парчиња, а вака со Адоржан излеговме поразени ...
Енрике лани до полусезона беше најдобар а после полош и од Досена ми се чини стана, се надевам дека ќе ја врати формата.
Од Борини не очекувам ништо посебно, очекувам само на полусезона да го вратат или максимум до крај на сезона, можи и во пакет со Аквилани :icon_lol:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.662
Поени од реакции
11.810
Пачеко - мора да остани и да се бори за прв тим.
Стерлинг - почнувам да се мислам за позајмица
Морган - исто. Детево има добар осет само треба малку да се изделка.
Сусо - полека полека треба да почнат да го форсираат и ќе биди нешто од детево.
Шелви :cuc: После ова што го гледам од него а и од Сусо (сосе Европското) па и враќaњето на Џерард и Хендерсон мислам дека нема никаква потреба да се фрлаат 15 милиони за Ален.
И дајте ми статистика ако има некој
 
Г

Гучи

Гостин
Деновиве најверојатно ке потпише новиот Нејмар, Вилијам Мекларен :D Иначе ова Мекларен не му е право презиме, туку прекар зошо бил многу брз :pos: Го виделе копуков на клипче на јутуб и му понудиле договор.

 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Инаку, Хенри обелодени зошто точно го отпуштија Кени.....имено пред да потпише договор Кени, на 2-3 пати му напоменале газдиве оти тој ќе биди менаџер на Ливерпул се додека газдите не најдат некој млад, перспективен тренер....е сега на ова се надоврза и тоа што имаше лоши резултати, а и веројатно го најдоа тоа што го бараа газдиве во Бренди па го отпуштија Кени и притоа Хенри напомена дека дури и да го освоевме ФА купот пак Кени немаше да остани менаџер на Ливерпул.....
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Флано или Меклахлин..... ЕДЕН од овие двајца мора да остане како 3 бекап за Јонсон наш.
Е сега со оглед на тоа дека на Меклахлин му треба очигледно повеке развивање одколку на Флано........ Флано на клупа, Мекалрен на позајмица.
McLaughlin = М-е-к-л-а-ф-л-и-н :)
--- надополнето: 26 јули 2012 во 16:57 ---
Martin Olsson has apparently handed in a transfer request at Blackburn Rovers, according to the Sweden player's agent.

- Солиден бекап лев бек за ефтини пари?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom