Кагава ме радува, супер организатор добивме. Сигурно ќе биде уште подобар со појаките дечки. А за другиве не може човек да ги оцени кога играме со вакви противници. Петручи беше добар, и Брејди беше добар во офанзива исто така и во дуели со тело, ама во дефанзива против појаки ќе го избушат
Весели центаршутот слабо, може подобар би бил како штопер. Македа си остана дупка, ја не знам што видовте од него на овој натпревар. Демек играта во шеснаесетник му беше јака страна, а тој баш во завршниците се губеше. Бебе не ми го смени мислењето, колку и кинешчиња да претрчаше. Едноставно кога ќе наведне глава за дриблинг еден на еден, ми се мачи зашто знам колку е способен. Немој толку да се палите на него, кога си еден на еден со такви играчи, каде и ја да шутнеш - ќе го претрчаш. Ептен ако го погодиш во нога, во обид меѓу нозе