Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова е скептицизам во однос на што!?
Во што гледаш двосмисленост!?​
Како во што? Од каде да почнам, во списите од пред два милениуми или во излевањето на Светиот Дух врз оние кои ги менувале во следните неколку века.​
 
Како во што? Од каде да почнам, во списите од пред два милениуми или во излевањето на Светиот Дух врз оние кои ги менувале во следните неколку века.​
Веќе сме го дискутирале ова прашање порано.
Еве јас ќе те прашам за да одговорам, што мислиш зошто се случи Вознесението?
 
Веќе сме го дискутирале ова прашање порано.
Еве јас ќе те прашам за да одговорам, што мислиш зошто се случи Вознесението?
Дури и тие што лично посведочиле таков настан не се сигурни дека се случило тоа. Нам ни останува само да веруваме.
Ако тоа треба да претставува валидна „информација“ по која Бог ќе го смета за заслужено за „казна“ нашето неверување и одбивање, тогаш не сакам повеќе да коментирам.
 
Дури и тие што лично посведочиле таков настан не се сигурни дека се случило тоа. Нам ни останува само да веруваме.
Ако не се вознесеше Христос, Кој умре и воскресна, ако беше меѓу нас до ден денес како со апостолите, дали нашата слобода немаше да биде загрозена?
Бог го создаде човекот по Својот Образ, т.е. како Личност=Слобода.
Неговиот однос кон човекот е личносен, а не банално информирање.
Ако тоа треба да претставува валидна „информација“ по која Бог ќе го смета за заслужено за „казна“ нашето неверување и одбивање, тогаш не сакам повеќе да коментирам.
Бог нема да не суди дали сме информирани или не, туку дали на Неговата Љубов одговараме Слободно т.е. Љубовно, т.е. да бидеме со Него во заедница.:love:
 
Ако не се вознесеше Христос, Кој умре и воскресна, ако беше меѓу нас до ден денес како со апостолите, дали нашата слобода немаше да биде загрозена?
Бог го создаде човекот по Својот Образ, т.е. како Личност=Слобода.
Неговиот однос кон човекот е личносен, а не банално информирање.

Бог нема да не суди дали сме информирани или не, туку дали на Неговата Љубов одговараме Слободно т.е. Љубовно, т.е. да бидеме со Него во заедница.:love:
Ете, пак истото. Од каде ги знаеш овие работи? Ги претпоставуваш, слепо веруваш на факти, ги измислуваш...?
Овие работи кои ги спомна, земени како непобитен факт значи дека некој слепо ги прифаќа начелата на Црквата, веќе е во Црковна заедница како што велите. Ако овие факти беа дадени недвосмислено, на начин што никој не може да ја одрекува нивната веродостојност е тогаш ако некој не ја прифаќа понудата на Бог е одрекување.
 
Ако овие факти беа дадени недвосмослено, на начин што никој не може да ја одрекува нивната веродостојност е тогаш ако некој не ја прифаќа понудата на Бог е одрекување.

Овој начин е заробување на човекот = смрт.
Сети се на Достоевски кој вели „ и да создадете идеален свет, нема да го прифатам“.
Тоа е парадоксот на слободата.
Св. Василие Велики вели: да немаше слобода грев(смрт) немаше да има, итн.
Не треба да се сомневаме дека Бог го избрал најсоодветниот начин да ни се открие и ако сакаме слободно да го прифатиме.
 
Знаење = смрт?
Ако има знаење + слобода тогаш ќе биде поинаку. Цитатот од Достоевски го кажува тоа. Тогаш бунтот, отфрлувањето, одрекувањето би било навистина против Бог. Сега, со овие (не)знаења што ги имаме за Бог, отфрлањето на „Неговата понуда за спас“ се темели само на отфрлање на целата идеја дека Бог воопшто ни дава „понуда за спас“.
Дали Бог ја прави истата „грешка“ како со Адам и Ева?
 
Бог е причината за нашето постоење, кое остава слободно да го прифатиме или одбиеме.
Што да прифатиме или одбиеме? Твоето лично мислење? Секако.....
Бог е причината за нашето постоење? Некако ми личи дека е обратно....
На кој бог конкретно мислиш? На Тор? Зевс? Jupiter? Брама? Вишну? Шива........?
 
Прашање до христијаните:
Дали однапред вашиот бог ја одредува субината на некого дали ќе заврши во пекол или во рај? За да нема забуни ќе го изџвакам малце: дали уште пред да се родиме бог знае како ќе тече нашиот живот и каде ќе завршиме на крајот?

.

Cекое вистинско чедо БОЖЈЕ ќе ти потврди дека негативната детерминација не потекнува од (и не е волја на) Единствениот Вистински и Совршен БОГ, туку е наследство на нашите предци. Додека излезот од истата е единствено Мудроста (Милоста) БОЖЈА, Која што Единствениот - за спасение на сите - Ја отелотвори во Исуса Христа и е најголемиот дар воопшто!
Тој непроценлив дар е дури безкрајно поголем и од дарот на слободната волја, кој што од нашите предци во минатото (и од нас во сегашноста) е злоупотребуван со очебијни консеквенци.

Ок, пошо се испостави дека сум поставил парадокс според некои, а други не ме сметаа за достоен (или едноставно не го виделе прашањето за да одговорат) сеа иде следното:
Ако природно ментално заостанат човек направи убиство, дали ќе оди во пекол? (со претпоставка дека убиството не би било направено доколку наведениот бил нормален).

.Ќе се повторам со други зборови: дестинацијата на сета одпадната и инфицирана творба е тоа нешто што во македонскиот јазик го нарекуваме пекол!

За наша непроценлива среќа Единствениот Вистински и Совршен БОГ ни даде и се’уште ни дава една и единствена можност како излез!

п.с. Многу луѓе кои себеси - во споредба со Христос - се чуствуваат како ментално не заостанати, самите се’уште не се свестни колку се смешни!

И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот оддесно, а другиот одлево.
А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!”

(Ев. Лука 13:33+34)
.

...
 
Знаење = смрт?

?
Не знаење, туку наметнување, макар и по сила на логика, а камоли со телесно присуство.
Ако има знаење + слобода тогаш ќе биде поинаку. Цитатот од Достоевски го кажува тоа. Тогаш бунтот, отфрлувањето, одрекувањето би било навистина против Бог. Сега, со овие (не)знаења што ги имаме за Бог, отфрлањето на „Неговата понуда за спас“ се темели само на отфрлање на целата идеја дека Бог воопшто ни дава „понуда за спас“.Дали Бог ја прави истата „грешка“ како со Адам и Ева
Додека не се ослободиш од т.н. информатичко знаење, неможеш слободно да му пристапиш на Бог.
Достоевски со својот став укажува на онтолошката димензија на слободата, а не потреба од информација и рационализам, кои се разбира си имаат свое место како алатки во човековиот живот.
Адам направи Грев (промашување), за кое самиот е виновен, имено не воспостави заедница со Бог, туку се затвори самиот со себе си...
Твојот став на потпирање на човекот на информатичко познание давајќи му егзистенцијален карактер, не ти дозволува слободно да му пристапиш на Бога и јас овој принцип би го проширил воопшто на целиот светоглед како скепса, пр. кога те гледам, дали е недвосмислено дека си ти, т.е. дали да му верувам на знаењето на моите сетила дека тоа е така...
 
...
Бог е причината за нашето постоење? Некако ми личи дека е обратно....
На кој бог конкретно мислиш? На Тор? Зевс? Jupiter? Брама? Вишну? Шива........?

.

Сите божанства на сите паганства се само бледа сенка од Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој лично во Исуса Христа ни се покажа каков Тој вистински е’!

Секој Кој што Него Го негира или девалвира, не е свестен што прави и дека денес собира болки за кои што еден ден горко ќе жали!

.
 
.
Секој Кој што Него Го негира или девалвира, не е свестен што прави и собира болки за кои што еден ден ќе жали!
.
Кој не е „свестен“ не знам, но не би сакал да бидам свестен од афирмирањето на некое си пропагандно брошурче „Бог ве сака во 100 чекори, унапредено и надополнето“ кое може да ве уништи ако му се ќефне.....
 
Што да прифатиме или одбиеме? Твоето лично мислење? Секако.....
Што имаш против лични мислења!?:D
Бог е причината за нашето постоење? Некако ми личи дека е обратно....
На кој бог конкретно мислиш? На Тор? Зевс? Jupiter? Брама? Вишну? Шива........?

На Личносниот!;)
 
Кој не е „свестен“ не знам, но не би сакал да бидам свестен од афирмирањето на некое си пропагандно брошурче „Бог ве сака во 100 чекори, унапредено и надополнето“ кое може да ве уништи ако му се ќефне.....

.

Единствениот Вистински и Совршен БОГ не е Тој што не’ уништува, туку нашата глупост и невера, која е слепа за Мудроста Негова чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - и Која е безкрајно поголема од секое брошурче, секоја книга, ...!

Погледни длабоко во себе и вон себе и ќе видиш дека се’ сведочи за Неа!

Се’ најдобро! .(y)

.

Што имаш против лични мислења!?:D

На Личносниот!;)

Да, но - со ваша допуст - Он не е само *персонален, туку и *преперсонален, и *трансперсонален!

.
 
Што имаш против лични мислења!?:D

Твоето лично мислење? Секако.....
Гледаш дека немам. Или ќе прифатиме или не, нечие мислење

На Личносниот!;)
Аха.... интересно.
Личносниот (по мене) има име...

за мене е можда Тор, Зевс, Брама, Универзум..... Имаш ти нешто против лични мислења?

.
Погледни длабоко во себе и вон себе и ќе видиш дека се’ сведочи за Неа!
Одамна погледнав, и најдов друга вистина, која што вели дека твојата „Вистина“ (која што патем и не е твоја „вистина“, туку нечија наметната од брошурката) е лага
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom