Полека бе, не се тревожи.
Донекаде ја разбирам твојата накострешеност кон мене заради една тема на подфорумот за Историја, ама нема потреба вака да се бламираш сега и овде.
Антисемитизмот и терористичките акти кон државјаните на Израел за жал не познаваат граници или строга предодреденост кој и со какви цели ги прави.
Да, популарното мислење е дека 100% е ова акт извршен од некој Арап од блискиот исток, ама тоа "популарно мислење" е вредно колку и ланскиот (жолт) снег.
Колку за пример, со години и до ден денешен сите Албанци кај нас и во околните држави се навидум верни следбеници и послушници на САД и воопшто американската политика по било кое прашање (како што едно време беа нај закоравени Совети, па после Мао-Це-Тунговци, итн.), и тоа е многу пати повторувано и потврдувано од нивни претставници на форумов.
Арно ама...
ФАКТ е дека актот се случи таму кај што се случи.
Тоа дека бугарските служби и институции соработуваат и соработувале со таквите во Израел е несомнено, исто како што нашите македонски го правеле и го прават.
Арно ама како што покажав антисемитизмот во Бугарија си има долги и распространети корени колку и некој да се прави наудрен и да го занемарува тој факт.
И да знаеше барем нешто за начинот на кој се собираат важни податоци и информации во вакви случаи немаше да тресеш такви глупости. НЕМА исклучени можности за истрага во било кој правец.
Плус тоа нешто многу бараш научни студии, ама кога ти се даваат такви (како на темата што ја споменав на Историја) бегаш од дискусијата.
Погоре приложив една долга листа на антисемитски бугарски изданија и публикации, клик и разгледај ја.
Еве дополнително читни тука што пишала оваа Валчева:
http://valtcheva.com/index.php?option=com_content&task=view&id=72&Itemid=26