Шах

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска 2. коло Македонија-Црна Гора
Еве каков ќе биде распоредот по табли:
Георгиев (ВМ, 2553) - Ѓукиќ (ВМ, 2493) на првата
Чоловиќ (ИМ, 2451) - Благоевиќ (ВМ, 2502) на втората Панчевски (ИМ, 2442) - Косиќ (ВМ, 2502) на третата Станојоски (ВМ, 2470) - Калезиќ (ИМ, 2461) на четвртата
 
Шах, заебана игра , играм со еден другар и кога ке се замислиме играме по 6-7 часа... у секој случај одлична игра!!
 
Во второто коло од ЕП, Македонија (30-то рангирана, 2492 просечен рејтинг) загуби и од Црна Гора (29-то рангирана, 2497) со резултат 2,5:1,5.
На првата табла ВМ Владимир Георгиев (рејтинг, 2.553) со бели фигури, ремизираше со ВМ Никола Ѓукиќ (2.493).
На втората табла ИМ Александар Чоловиќ (2.451) со црни фигури го подели поенот со ВМ Драгиша Благојевиќ (2.514).
На третата табла ИМ Филип Панчевски (2.442) со бели фигури загуби овојпат од искусниот ВМ Драган Косиќ (2.502).
На четвртата табла ВМ Звонко Станојоски (2.470) извлече реми со ИМ Блажо Калезиќ (2.461).
Во третото коло нашите шахисти ќе играат против Кипар (38 рангирана, 1990)
 
Продавам рачно и професионално изработен шах ( РЕЗБАН)
Шахот е многу убав колекционерски предмет ...
Заинтересирани нека пишат во приватна порака цена по договор
--- надополнето: 24 јули 2012 во 02:43 ---
Продавам рачно и професионално изработен шах ( РЕЗБАН)
Шахот е многу убав колекционерски предмет ...стар околу 15-20 години
Заинтересирани нека пишат во приватна порака цена по договор
 
Шах ме научи да играм татко ми али немам играно едно добри 10 години:) порно за време на летен распуст секој ден се собиравме кај едно другарче и игравме али сега ако седнам не се знае може и да не знам како се движат фигурите:D Колку сум добар???Хмммм па ај ако сакате у пиво да играме:D Чим багминтон е спорт тогаш и шахот е дефинитвно спорт(y) Ја мислам за да бидеш јак шахиста дека се потребни и двете работи а од шахистиве само ги знам Гари Каспаров и Боби Фишер и тоа од еден филм ги запамтив:P:D
 
Инаку ако некој го интересира се игра 40 шаховска олимпијада во Турција.
Моментално води Русија, а Македонија како 49 рангирана, после седмото коло се наоѓа на одличното 12 место од 150 земји.
До сега од 7 кола имаме 5 победи 1 реми и 1 пораз.
Загубивме само од Унгарија тесно со 2,5 - 1,5.
За одбележување се ремијата на Владимир Георгиев(2566) со Алексеј Широв(2706) кога игравме со Летонија и ремито на Трајко Недев(2494) со Јудит Полгар(2698), една од најсилните шахистки во историјата.
Во 7 коло ја совладавме 22 рангираната Италија со 2,5 - 1,5.
Во 8 коло играме против САД кои се 5 рангирани во светот, за кои ќе ги издвојам на 1 табла Хикару Накамура(2778) и на 2 табла Гата Камски (2746), како едни од најсилните 10, 15 шахисти во светот моментално. Се надеваме дека ќе им се спротиставиме достојно.
http://results.chessolympiadistanbul.com/tnr77681.aspx?art=0&rd=7&lan=1&flag=30
 
И уште нешто ако некој го интересира :) 20тата олимпијада 1972 се имаше одржано во Скопје.Речиси сите познати шахисти од тоа време како Карпов и многу други учествуваа а на крајот победи Советскиот сојуз. Кој ја има играно Kasparov Chessmate нека побара во historic matches има една или две партии баш од олимпијадата во Скопје.
 
http://en.wikipedia.org/wiki/20th_Chess_Olympiad
Инаку составот на Советскиот Сојуз тоа време бил нешто како дрим тимот на Американците во кошарка :)
 
Денес се одигра 8 коло на 40 шаховска олимпијада, Македонија загуби очекувано од САД со 3 : 1.
Резултати по табли:
Георгиев(2566) - Камски(2746) 0 : 1
Онишчук(2666) - Недев(2496) 1 : 0
Богдановски(2448) - Акобиан(2617) реми
Робсон(2598) - Кизов(2418) реми
Од другите позначајни средби, најинтересна беше победата на Русија над Украина со 2,5 - 1,5.
Oдлучувачка беше победата на Карјакин(2785) над Волокитин(2709). Интересен меч одиграа и живите легенди на шахот, Владимир Крамник (2797) и Василиј Иванчук (2769). Ремизираа во 78 потег.
Русија го зацврсти водството на табелата пред Кина и Ерменија, а Македонија е на 22 место.
Во 9 коло играме со Данска (39 рангирана, моментално на 26 место). Најинтересен сепак ќе биде мечот меѓу Русија и САД.
 
Во тек е Tata Steel 2013, еден од најдобрите турнири во шах што се одржуваат секоја година.
Денес се одигра 4 коло меѓу Левон Арониан и Вишванатан Ананд. Ананд е моментален светски шампион, а Арониан е рангиран втор во светот по рејтинг (2802).
Партијата ја доби Ананд, во само 23 потега, минијатура, вистинско ремек дело (можеби најдобрата партија во последните 10 години) кое секој кој го интересира шах мора да го погледне!
 
Една извонредна минијатура од нашиот велемајстор Никола Митков против тогаш (па и сега може да се каже) силниот велемајстор Сергеј Рублевски(тогаш имаше рејтинг од 2697 ЕЛО, сега има 2688 ЕЛО). Митков е со бели фигури, партијата е сицилијанска одбрана. Митков најпрвин жртвува квалитет (топ за коњ), а потоа нуди уште една жртва на топ за пешак која противникот од разбирливи причини :) не ја прифаќа. Набрзо потоа Рублевски (во 25 потег мислам), се предава.
 
Шахот е многу добра игра...Многу сакам да играм шах во еден ден играм најмалку 5 игри.Кој сака да се пресмета со мене на Шах нека каже.Нека се регистрире на www.chesscube.com:helou:
Јас сум регистриран на chesscube. Кој ти е ник? Јас сум adflicto(1650)
--- надополнето: 9 февруари 2013 во 16:51 ---
Сака некој да играме? :)
Ја сакам :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom