Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
И резултатите одат вака:
House:
1.Psyside,
2.Invader,
3.wot,
4.коментатор,
5.Божино,
6.*deki*,
7.Фил Ајви,
8.milaa,
9.Storms,
10.Eddard Stark,
11.Iceboy,
12.Alex The_Great,
13.SomeoNe!,
14.thedragon,
15.Windfucker

Sherlock:
1.NightGirl,
2.turvior,
3.RocknRolaa,
4.MyloXyloto,
5.Болиглава,
6.Down,
7.kama,
8.Сабазиј,
9.Chanel,
10.sir Alex,
11.Red John

Тепаше Хаус, со благо водство. Но, ако видите дека за Хаус гласале луѓе кои отворено си кажаа дека никогаш го немаат погледнато Шерлок, ќе ви стане јасно дека сериите се барем на еднакво ниво.

Сега ја затворам темава. Џими ќе стави две серии за споредба.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Ај да сефтосам и јас една дискусија. Мислам дека има огромен интерес за овие две серии на форумов и ќе се развие добра дискусија.

Seinfeld


vs.

Friends


Иако мислам дека на форумов има многу фанови на Френдс, сепак, можеби резултатите ќе бидат тесни кога некој би морал да бира меѓу овие две серии. At least I believe so!

Сум ги гледал и двете и за мене нема подобар ситком од Seinfeld. Поради генијалноста на Лери Дејвид, другите ситкоми мислам дека ни од близу не се толку смешни колку Сајнфилд. Не велам дека Френдс е лоша серија, ми се свиѓаше кога ја гледав, ама хуморот тука е многу "полесен" отколку во Сајнфилд. Да не испаднам хејтер (само ако му каже некој на Ио Соно Интериста дека сум го пишал постов:icon_lol:) еве зошто мислам дека Френдс и кој било друг ситком никогаш не може да се мери со хуморот кој го има во Seinfeld.
1. Лери Дејвид, човекот кој подоцна ја креира Curb Your Enthusiasm, за мене е еден од најдобрите комичари на планетата. Многу често се препознава неговиот стил во серијата. Има еден момент кога Џери попраќа девојка која работи во некој маркет на каса, па таа му вели дека не му се свиѓа тоа што тој го работи, дека не и се свиѓаат неговите стенд ап настапи, а Џери на тоа и враќа - But you are a cashier!
2. George Costanza и Cosmo Kramer - едни од најлегендарните ликови во која било серија. Ликот на Џорџ е направен по Лери Дејвид, а Крамер е човекот приказна за себе. Значи, ликовите во серијата се оние за кои се приврзуваш многу и не можеш да одлучиш кој повеќе ти се допаѓа.
Една од најдобрите сцени во цела серија.
3. Hello Newman
4. Рики Џервејс имаше еднаш напишано дека нема серија која ги прикажува работите на толку оригинален начин како кога во една епизода имаа кладба кој повеќе ќе издржи без мастурбирање. И сето тоа помина без цензура, без споменување на оној "модерен" јазик со фак мак и слични цензури. Исто така ја спомена епизодата кога Џорџ одеше наоколу со слика од неговата мртва жена за да привлече повеќе девојки.

Се задржав на оваа серија повеќе, иако не требаше, ама мислам многу форумџии ќе се изнапишат за Френдс, па така да, оставам на оние хардкор фанови да напишат нешто повеќе за неа.
Мојот глас оди за првата серија и се надевам дека на форумов има многу Сајнфилд фанови. (шо би рекол Pluh, хипстери:icon_lol:)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
За мене, FRIENDS е пред сите(!) ситкоми!

Можеби има мани, можеби не е посмешна, но FRIENDS e FRIENDS, перфектен спој, најдобра!

Значи не ја споредувам само со Seinfeld, туку со СИТЕ ситкоми, кој и да беше ќе гласав за пријателите. Подолг пост ако се разгори муабетот, за сега то је то! :X3:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Seinfeld е подобра зошто се спремам за на факултет.
>implying that watching "smart humor" shows make you smart
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483
Seinfeld, едноставно повеќе преферирам таков хумор, тоа е тоа, но да кажам дека и Friends ми се допаѓа.
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
Friends ми се апсолутен бр 1! Мислам, можам до бескрај да ги гледам. До бескрај... Само 2 епизоди не сакам: оние со алтернативната стварност, што би било кога би било.
Од друга страна, Senifeld e ѕвер, но многу често му го гледав ситкомот само заради стендапите на почеток и крај... Значи како стендап - да. Како ситком - мееех:unsure:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Пријателите во овој дуел, гледан ми е и Санјфилд ама некако не ме заинтересирал до толку. Friends не ми е меѓу нај ситкомите како на многумина ама далеку од тоа дека не ми се допаѓа. А и некако повеќе е од моето време, тогаш сите ја гледаа.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Не е хуман дуелов 10+ ќе биде за Пријателите гарант :)
Се споредуваат 2 од моите топ 3 ситкоми на сите времиња.
Ама Пријатели си се Пријатели, секоја година по 5 пати да ги гледам пак ќе се смеам како неарен на се што прават во серијата. Шест ликови, шест различни карактери на луѓе, шест карактери секој со свое ниво на интелигенција и сите тие така феноменално се надополнуваат во серијата , секој си има свои моменти во секоја епизода. А и споредни ликови како родителите на Моника и Рос, Гантер, Џанис, па дури и the ugly naked guy и сите останати се неповторливи.
Глупавоста на Џои и Фиби во секоја друга серија можеби би била напорна, ама Friends без нив двајца немаше да има ни четвртина од успехот што го имаше. Исто така и Рос со палеонтологијата беше секогаш забавно да се слуша (барем колку му дозволуваа другите да зборува).
Со самиот факт дека ѕвезди од типот на Робин Вилијамс, Жан Клод ван Дам, Том Селек, Бред Пит, Брус Вилис, Кристина Апелгејт, Дениз Ричардс, Гери Олдман, Шон Пен и уште многу други имаат гостувано во серијата ја прави подобра од сите други.
Пак ќе кажам и двата ситкома ги обожавам во топ 3 ми се, ама Пријатели се нешто посебно и нешто неповторливо.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
^Се тоа што го наброја го има и во Seinfeld само во помали количини


Friends е копија на Seinfeld, ако одиме по логиката дека HIMYM е копија на Friends
 
G

grande-juve

Гостин
Со овие две раце и десет прсте, гласам за Сајнфелд (читај со гласот на Ѕинго од Еднооки). Френдс едноставно не е мој тип на хумор, ептен вештачки ми делуваат, не сум ја изгледал цела, а сум пробал со неколку епизоди да ја загледам, ама не можам да ја голтнам јадицата.
За Сајнфелд се што кажа Џимеј, плус инфо дека Крамер е базиран на човек што му бил комшија на Лери Дејвид, исто така кога сакал му влагал дома како во серијата, и тој комшија се викал... Крамер :) Значи ликови што голем дел од “глупостите“ што ги прават во серијата ги правеле и во реалниот живот, тоа ја прави уште посмешна и ја прави серија со оценка 10.

А морав и ова да го ставам, да ги подбуцнам малку од “противничкиот табор“ :), како Лери Дејвид во неговиот филм Sour Grapes гледа на Friends ,пуштете од 64:20 :D http://www.1channel.ch/external.php?title=Sour Grapes&url=aHR0cDovL2dvcmlsbGF2aWQuY29tL204d3RmNjcwdmlvZA==&domain=Z29yaWxsYXZpZC5jb20=&loggedin=0
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
^Се тоа што го наброја го има и во Seinfeld само во помали количини


Friends е копија на Seinfeld, ако одиме по логиката дека HIMYM е копија на Friends
Seinfeld ги нема тие споредни ликови.
Освен Њуман (кој и на моменти напорен ми стануваше) и родителиве на Џорџ друго посебно нешто немаа.
А и Њуман баш не беше реален како лик, негогаш претеруваа со него, ми текнува на таа женската Џери што ја врзуваше, а отпосле разбра дека Њуман ја откачил бидејќи не била негов тип....
Славни гости имаа не викам не, епизодата кога на Џорџ му ја местат Мариса Томеи е една од најдобрите :pos:, ама пак Сајнфелд ми го нема тој шмек каков што го имаат Пријатели.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Од друга страна, Senifeld e ѕвер, но многу често му го гледав ситкомот само заради стендапите на почеток и крај... Значи како стендап - да. Како ситком - мееех:unsure:
Џери има многу демократски хумор, а ситкомот мислам дека е pretty much Larry, можеби затоа ситкомите и не ти се свиѓале :)
Seinfeld ги нема тие споредни ликови.
Освен Њуман (кој и на моменти напорен ми стануваше) и родителиве на Џорџ друго посебно нешто немаа.
А и Њуман баш не беше реален како лик, негогаш претеруваа со него, ми текнува на таа женската Џери што ја врзуваше, а отпосле разбра дека Њуман ја откачил бидејќи не била негов тип....
Славни гости имаа не викам не, епизодата кога на Џорџ му ја местат Мариса Томеи е една од најдобрите :pos:, ама пак Сајнфелд ми го нема тој шмек каков што го имаат Пријатели.
Сајнфелд, напротив има одлични споредни ликови. Финтата е што на пример еве барам на јутуб некои сцени, ама додека не ја гледаш цела епизода, одделно нема да имаат смисла.
Еве ја најдобрата сцена меѓу Њуман и Крејмер

Исто и Uncle Leo и The Soup Nazi си имаа посебни моменти.


Мене Френдс ми се смешни на прво гледање, кога се обидов да ги гледам по втор пат не ми беа нешто толку посебно колку првиот, дали затоа што веќе се префрлив на подруг вид на хумор, не знам. Ама пак, смешките таму се многу потинејџерски. Не дека јас големиот ама така ја доживувам серијата. 6 people fucking with each other...

"It's a great example of a show not aiming to get 30 million viewers, but doing everything so beautifully that you can't help but get 30 million. And Jason Alexander as George Costanza is the greatest sitcom character of all time. He carries around a picture of his 'dead wife' because he thinks it will make girls like him." - Ricky Gervais
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Е да Uncle Leo го заборавив, а The Soup Nazi беше добар, ама премалку епизоди имаше со него.
И за нешто морам да промрчам кога е Сајнфелд во прашање, а тоа е крајот. Сфаќам дека е ситком и дека нема некој нормален крај за серијата, ама еден од најглупавите краеви на серија беше овој. Не ми се веурваше дека таа е последната епизода, едноставно за мој вкус многу мутаво заврши.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom