Еден брод за елитата, друг за рајата

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Само ако си дотеран ќе можеш да влезеш на еден од бродовите кои фирмата Фаланга ќе ги гради на реката Вардар.
Сопственикот Давор Андреевски сака еден од бродовите да го направи елитно место за излегување, налик на, како што вели, ексклузивните ресторани во Париз. За вториот брод нема да има дрес код, туку тој ќе функционира како бар каде што, освен кафе и пијалоци, ќе се служи и храна.
"Бродовите нема да бидат во стилот на сплавовите во Белград, од кои ечи турбо фолк. Идејата ми е да воведам нешто ново во градот. Затоа едниот брод ќе биде со строги правила за облекување, нема да може да се влезе во патики и куси панталони. Сега во Скопје нема ниту едно место каде што можете да се дотерате (жити се???). Ако отидете така облечен, ви се чудат. Ќе биде налик на рестораните во Париз, и ќе се служи исклучиво француска кујна. Другиот брод ќе биде со поопуштена шема.", вели Давор Андреевски.

Извор: Вест (23.07.2012) http://www.vest.com.mk/

Што мислите за ова Кајганџии, снобизам или не? Не знам за вас, мене ми се гади кога ќе прочитам дека едикојси сака да прави ексклузива како што видел во Париз, но со поделба на касти како во Индија! Демек, едниов брод за елитата, другиов за рајата.
Плус, изјавата дека во Скопје немало ниту едно место каде можете да излезете дотерани?! :tapp:
Не знам за вас, но после вакви небулози, свечено се колнам дека ќе ја заобиколам фалангава во широк лак.
 
Леле озбилни биле да ги градат овие сплавовите.Цркнете бе,барем малку вкус да имавте!!
 
Снобизам и дебилизам од прва класа.
 
Вардар како што смрди навечер, ќе треба да се фрла по цистерна парфем за да може елитно да се осеќаме.
Изгледа сака џез елита да доаѓа на сплавот, а друга работа не само што нема каде дотеран да се испадне туку треба со автомобили да се влегува во дискотеките, не за друго бербат ќе се направиш ако има дожд.
Може му е добра идејата, ама Скопје прво е треба град да бидне, после елитизам да се продава, во село овие фори не поминуваат.
 
Елитен ресторан со дрес код, на брод на Вардар, на ваков Вардар... Концептот добар, ама дали ќе пројде во Скопје е друга работа. Негови пари, негова одлука.
 
Голема работа,што не сме ја знаеле до сега.
Колку работници што го изградија хотел„Александар Палас“-ги однеле
својте сопруги на една вечера бар во тамошните ресторани. НИ ЕДЕН.
Зошто на самиот хотел или општината или владата не им текна да ги
повика овие работници на една вечера,веселба и дружење.ЛУЃЕ ЛИ СЕ.
ЛУЃЕ ЛИ СЕ РАБОТНИЦИТЕ ВО ОВАА ДРЖАВА.Луѓе без одела и машни.
Зошто се прави како ја викаат таа вечер „Виенски бал“-и кој може да оди.
Зошто се прават разни симпозиуми и семинари,и кој се тие луѓе со машни.
.А........А.................А .................А............ААА
Зошто не се направи една „ Вечер на шнајдерските работници „
Зошто не се направи„ Вечер на металските КВ-работници на Македонија“
Зошто не се направи „ Вечер-бал на земјоделците од Македонија“
Зшто не се направи“ Викенд-Симпозиум на сточарите на Македонија“
------------------------
Зошто Македонија ги двои овие луѓе од другите луѓе(со машни и без машни)
и сега се прави истата грешка: брод за луѓе СО ОДЕЛА И МАШНИ
а оние нелуѓе без одела и без машни нека вртат наоколу и нека гледаат
Каде оди Македонија


-
 
Кои тепачки ќе ги има за да се влезе во елитниот брод ,додека осеќам во другиот само ѓупците ќе се возат :D
 
Кои тепачки ќе ги има за да се влезе во елитниот брод ,додека осеќам во другиот само ѓупците ќе се возат :D
Ако бидат цените на елитниот, како што треба да бидат за елитен, обратно ќе биде. :)
 
Ако бидат цените на елитниот, како што треба да бидат за елитен, обратно ќе биде. :)

Ххаха , сите се тепат за понижувачкиот брод , додека елитните цигани си кулират у бело сако на елитната палуба :D

Малку е навредувачки ова за обичниот човек, ко да сакат да му покажат ( иако до сеа 10000 пати покаажа ) каде им е местото на рајата.
 
Ххаха , сите се тепат за понижувачкиот брод , додека елитните цигани си кулират у бело сако на елитната палуба :D

Малку е навредувачки ова за обичниот човек, ко да сакат да му покажат ( иако до сеа 10000 пати покаажа ) каде им е местото на рајата.
Не да се тепаат, туку на бродот без дрес код, во кој атмосферата нема да биде камерна и цените поефтини ќе има повеќе гужви.

Елитниот брод, наверојатно ќе биде за луѓе што може да дозволат 20-тина евра по човек за ручек или околу 200 денари за кафе. „Обичниот“ човек, досега требаше да сфати дека системот се промени.
 
А кога ке видиш кој се ни ја претставува "елитата",некако посакам да не сум претставник од истите...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom