Агентот на Модриќ на средба со Реал Мадрид
Според англиските медиуми, агентот на Лука Модриќ денеска ќе се сретне со претставници на Реал Мадрид откако фудбалерот одби да отпатува со Тотенхем на турнејата во САД.Хрватскиот фудбалер очајно посакува да замине од Вајт Харт Лејн и да се пресели во Реал Мадрид.
Модриќ веќе беше казнет со две неделни плати за неговото непрофесионално однесување, но според најавите, Тотенхем разгледува и опции за дополнителни санкции кон нивниот фудбалер.
Спарси не сакаат да го продадат Модриќ за сума која не е соодветна со нивните барања (околу 40 милиони фунти), Хрватот има уште четири години од актуелниот договор па Тотенхем нема лесно да се откаже од неговите услуги.
Според Telegraph, агентот на Модриќ денеска ќе се сретне со претставници на Реал Мадрид по што ситуацијата ќе биде појасна.
За Модриќ интерес има и од Челзи и ПСЖ, но тој сака преселба на Сантијаго Бернабеу.
www.24fudbal.com.mk