Зависи која половина ја гледаш.Немојте само празни муабети да зборувате, па во Скопје пола училишта комплет се реновираа.Средни училишта добија нови сали.Неможеш ти за 6 години се во Македонија да средиш, па што сакаш биди.Толку сме уназадени од претходните влади што ни јапонска влада неможе да не извади на прав пат.
Еве како изгледа другата половина
Цветан Димов Чаир
Кирил и Методија
Не знам за нови сали кога салата во Живко е од земјотресот. Исто и другите. Некои од нив треба целосно да се срушат и изградат нови.
И 48 години по земјотресот илјадници деца учат во бараки
Проблемот, како и во многу други случаи, лежи во односите меѓу институциите. Општините ја имаат надлежноста да се грижат за училиштата, а Министерството за образование и наука ги има парите, а договарањата не се секогаш успешни.

Полуразурнатата стара железничка станица и нејзиниот часовник не се единствените потсетници дека во Скопје имало земјотрес пред 48 години....
Од Министерството велат дека училиштата во градските средини биле во подобра состојба од тие во руралните, па затоа предност за реновирање имале вторите.
Основни училишта во бараки
- „Димо Хаџи Димов“
- „Живко Брајковски“
- „Крсте Мисирков“
- „Глигор Прличев“
- „Рајко Жинзифов“
- „Вера Јоциќ“
- „Невена Георгиева-Дуња“
- „Иднина“
- „Конгреси и Манастире“
Средни училишта во бараки - „Кочо Рацин“
- „Браќа Миладиновци“
- „Лазар Танев“