Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.746
Поени од реакции
4.512
Ок, пошо се испостави дека сум поставил парадокс според некои, а други не ме сметаа за достоен (или едноставно не го виделе прашањето за да одговорат) сеа иде следното:
Ако природно ментално заостанат човек направи убиство, дали ќе оди во пекол? (со претпоставка дека убиството не би било направено доколку наведениот бил нормален).
--- надополнето: 20 јули 2012 во 17:03 ---
БТВ поздрав до сите оние кои постат, јас само што се препукав од јадење!
Друже ако сакаш некоја логика од религијата тогаш вака би изгледал одговорот.
Само Бог може и он ќе му суди и пресуди ова прашање за да добиеш точен одговор можно е само ако му го поставиш на Бог лично.

П.С Доколку би можеле ние(читај обични смртници,не-богови)да им судиме на грешниците тогаш што ќе работи Бог?
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Што е тоа Свето тројство?
Многу важна дистинкција е да се напрви меѓу Св. Тројство и Св. Троица.
Првото алудира на безличност и е апсолутно промашување(Грев), на релација на Човекот кон Живиот Бог.
Второто, Св. Троица, укажува на Личносен Бог, Кој ни се открива во историјата како Таков, Кој постои на Личносен Начин(онтологија), конкретно како Отец, Син и Св. Дух.
И зошто е неопходно?
Бог е причината за нашето постоење, кое остава слободно да го прифатиме или одбиеме.
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28
Дури и да е така (а не е, види најдоле линкот), не си тој што мисли дека знае, па ете одговара, туку си некој кој се заебава.
Но, не e важно, затоа што можеш да речеш дека е субјективно, дали се заебаваш или не. (мада очигледно е)


Е ова не е субјективно
Проблемот кај атеистите е што мислат дека се многу паметни а другите пијат нафта.....затоа и поставуваат прашања, за да можат да си го подигнат своето его....инаку не би могле да заспијат од премала доза на егоизам
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Нешто ко потресен сум од вчера наваму, чаре?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.359
Не прашувам што им е проблемот? Туку зошто и покрај тие информации има луѓе кои го одбиваат Бог?
Ти во животот до сега, сите информации кои ти се на располагање си ги конзумирал?
 
В

влијателен

Гостин
Ти во животот до сега, сите информации кои ти се на располагање си ги конзумирал?
Па тоа и прашувам. Луѓето и умираат без да ги конзумираат сите информации кои им се на располагање. Можеби во нив се наоѓа нешто што би го сменило нивното мислење за Бог. Зошто тие информации не се недвосмислени?
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Дали тој Бог ни дава доволно информации за недвосмислено да знаеме што прифаќаме или одбиваме?
Како што кажав претходно, Бог во историјата Самиот ни се открива Кој е и како постои.
Самиот збор информација, кој е латинизам е слаб и недоволен како израз за да ни овозможи сигурна егзистнцијална подлога.
Бог, т.е. Св. Троица своето спасително дело(обезбедување вечен живот на создаденото), го врши со директна интервенција во историјата по Љубовната, Слободна волја на Отецот, Кој го праќа Синот во светот да го соедини создаденото со Несоздаденото(Св. Троица) и тоа преку содејство со Св. Дух.
Ова го сведочи на Жив, Литургиски начин низ историјата Самиот Бог преку својата Црква=заедница меѓу луѓето и Христос(Синот), кое е повеќе од некаква информација кое би било несериозно и нељубовно од страна на Бога кога би ни пристапил на тој начин.:)
--- надополнето: 22 јули 2012 во 16:10 ---
Не прашувам што им е проблемот? Туку зошто и покрај тие информации има луѓе кои го одбиваат Бог?
Бог и покрај тоа што влегува директно во историјата на човекот и се открива на натприроден начин, внимава апсолутно да ја запази слободата на човекот да му пристапи или да го одбие.
 
В

влијателен

Гостин
Како што кажав претходно, Бог во историјата Самиот ни се открива Кој е и како постои.
Самиот збор информација, кој е латинизам е слаб и недоволен како израз за да ни овозможи сигурна егзистнцијална подлога.
Бог, т.е. Св. Троица своето спасително дело(обезбедување вечен живот на создаденото), го врши со директна интервенција во историјата по Љубовната, Слободна волја на Отецот, Кој го праќа Синот во светот да го соедини создаденото со Несоздаденото(Св. Троица) и тоа преку содејство со Св. Дух.
Ова го сведочи на Жив, Литургиски начин низ историјата Самиот Бог преку својата Црква=заедница меѓу луѓето и Христос(Синот), кое е повеќе од некаква информација кое би било несериозно и нељубовно од страна на Бога кога би ни пристапил на тој начин.:)
Ете, гледаш, дури и во тоа треба да веруваме.
--- надополнето: 22 јули 2012 во 16:12 ---
Бог и покрај тоа што влегува директно во историјата на човекот и се открива на натприроден начин, внимава апсолутно да ја запази слободата на човекот да му пристапи или да го одбие.
Таа слобода ќе ја имавме доколку недвосмислено ни беше дадено знаење за неговата волја, природа, постоење...
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ете, гледаш, дури и во тоа треба да веруваме.
--- надополнето: 22 јули 2012 во 16:12 ---
Ова е скептицизам во однос на што!?
Таа слобода ќе ја имавме доколку недвосмислено ни беше дадено знаење за неговата волја, природа, постоење...
Во што гледаш двосмисленост!?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom