Хрватската влада го забрани ангажирањето на ПР агенциите во државната управа

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Линк : http://marketing365.blog.mk/2012/07/21/skandaloznohrvatskata-vlada-go-zabrani-angazhiranjeto-na-pr-agenciite-vo-drzhavnata-uprava/

Изминативе неколку денови, тема бр.1 за која се зборува помеѓу PR професеионалците од балканот и пошироко е скандалозната одлука на хрватската влада за ЗАБРАНА за ангажирање на PR агенциите од страна на државната управа.
“Tijelima državne uprave, pravnim osobama s javnim ovlastima i drugim pravnim osobama kojima je osnivač Republika Hrvatska, te trgovačkim društvima u kojima je Republika Hrvatska većinski ili pretežiti vlasnik dionica ili imatelj poslovnih udjela, nije dopušteno angažirati temeljem ugovora fizičke i pravne osobe za obavljanje poslova uspostavljanja i održavanja odnosa s javnošću i upravljanja komunikacijama prema definiranim ciljnim skupinama ili javnostima”
Иако на прво слушање ова звучи само како невкусна шега, сепак оваа одлука во неколку наврати беше потврдена од владините претставници на Хрватска и “без коментар“ и со “подзинати усти“ ја остави целата PR јавност во Хрватска и пошироко.
еве ја и “дупката“ во одлуката : “Iznimno, tijela, pravne osobe i trgovačka društva iz točke I. ove Odluke, mogu uz prethodnu suglasnost Vlade Republike Hrvatske koja se utvrđuje posebnom odlukom, za PR poslove temeljem ugovora angažirati fizičke i pravne osobe izvan svojega sustava, samo kada se radi o projektima, programima i aktivnostima većeg opsega i gospodarskog značaja“.
Иако многу тешко е да се најде здраворазумска логика во оваа одлука со која истовремено се нарушува пазарот на ПР агенции во Хрватска…. а јавните органи и претпријатија ги “лишува“ и од професионална помош во комуницирањето со јавноста…таа деновиве предизвикува политички “земјотрес“
Хрватското здружение за Односи со Јавноста (ХУОЈ) и Хрватското здружение на комуникациски агенции (ХУКА) оваа одлука ја оценија како противзаконска и противуставна.
Во соопштението на хрватското здружение за Односи со јавноста се вели дека оваа одлука го оневозможува слободниот натпревар на пазарот и ги крши основните начела на ЕУ во однос на слободниот проток на производи,услуги и капитал.
Со оваа одлука се нанесува материјална штета на сите агенции кои се занимаваат со односи со јавноста, како и на нивните вработени – на кои им се крши уставното право на работа.
Од ХУОЈ велат дека од владата очекуваат да на стручнаците за Односи со јавноста, впрочем како и на сите останати граѓани, им се овозможи недискриминирано право на работа и претприемништво. Најавуваат дека наредниве денови ќе ги преземат сите правни мерки за да ги осигураат законските права на сите ПР професионалци и компаниите кои нив ги вработуваат.
Од ХУКА порачуваат дека оваа одлука може да се класифицира како обид за загрозување за конкурентскиот натпревар, со што се повредува членот 49. од Хрватскиот устав кој ја гарантира пазарната и претприемничката слобода.
Директорката на една од најголемите Хрватски ПР агенции “ПРЕМИСА“, Виолета Колиќ, им препорача на владините претставници дека тие што поскоро треба да се огледаат на високоразвиените земји каде во јавниот и држаниот сектор редовна пракса е да се ангажираат комуникациски стручнаци и експерти.
“Оваа одлука без преседан, која ја сметаме за спротивна на законите, уставот и европската пракса, ги става во незавидна и нерамноправна пазарна позиција десетици приватни ПР компании и стотици поедини ПР професионалци – во однос на другите даватели на услуги.
Државата и државните органи иако запослуваат сопствени правници, ПР професионалци, финансиски советници тие истовремено “купуваат“ посебна експертиза од приватниот сектор на адвокати, ревизори, консултанти -нормално, кога им се потребни. Затоа, потполно е нејасно со што тоа комуникациската професија заслужила да владата одеднаш ја прогласи како “непожелна“ “ – изјавила Колиќ
Со свои изјави на социјалните мрежи се јавија и многу други ПР професионалци од Хрватска кои во неверување ја примија оваа одлука со која наместо афирмирање на “партнерство“ меѓу владата на Хрватска и ПР агенциите се промовира “противништво“ кое нема здраворазумна подлога.
То е то…. “Кикирику“
Маркетинг365 го повикува Македонското Здружение за Односи со Јавноста (ЗОЈМ) барем преку Соопштение да даде поддршка на своите колеги од Хрватска и го крене својот глас за заштита на дигнитетот на својата професија !
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Паблик релејшнс :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Однос со јавност :icon_lol:.
Односи со јавност?
Нешто како јавни куќи, ама во рамки на влада/парламент? :/
Јас сум кај нас да се донесе ваков закон. Се посравме од ПР поледниве години.
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Односи со јавност?
Нешто како јавни куќи, ама во рамки на влада/парламент? :/
Јас сум кај нас да се донесе ваков закон. Се посравме од ПР поледниве години.
де...бе друже :) :)

СИТЕ СМЕ ЗА Транспарентност во работата со ПР агенциите и нивниот ангажман...ама забрана за ангажман....абе дај...

Ко сега да речат...нема купување од мали продавници... само од Веро и Тинекс треба :) :)
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
де...бе друже :) :)

СИТЕ СМЕ ЗА Транспарентност во работата со ПР агенциите и нивниот ангажман...ама забрана за ангажман....абе дај...

Ко сега да речат...нема купување од мали продавници... само од Веро и Тинекс треба :) :)
Ај провери убаво каде се ограничува користењето на услугите на ПР агенциите.
Инаку ограничувањата за кои ти зборуваш веќе постојат, само не станува збор за Веро и Тинекс конкретно.
 
В

влијателен

Гостин
Е каква е таа државна управа без реклами и пропаганда?
Нека не се грижат нашите ПР агенции, кај нас не е на повидок вакво нешто од државната управа, напротив им цвета бизнисот.
 
S

Shaman

Гостин
Односи со јавност?
Нешто како јавни куќи, ама во рамки на влада/парламент? :/
Јас сум кај нас да се донесе ваков закон. Се посравме од ПР поледниве години.
kao sreka da se donese.
ke se namali perenjeto na kesh za 99,9 koma 102%
 
S

Sagan

Гостин
Уба работа. ПР ти се нешто како глумци за пред камери, кои срањето на министерствата го пакуваат во украсна хартија со панделка. Сега нека ги пуштат сељачаната од министерствата да дѧткаат пред камери.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Донеси закон измисли професија.
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Нека донесат сеа и закон со кој се забранува ангажирањето на физички градежни работници....па нели имаат администрација 200 000 нека работат тие па..
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Нека донесат сеа и закон со кој се забранува ангажирањето на физички градежни работници....па нели имаат администрација 200 000 нека работат тие па..
Навистина скандалозна одлука. Од суштинско значење не само за Хрватите туку и за нас Македонците. Се стресов кога прочитав, ова ќе ми го измени живото за 200%. Најкорисната тема било кога отворена. Требаше само со големи букви да ја отвориш и да го додадеш зборот СКАНДАЛОЗНО со болдирани букви...
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Навистина скандалозна одлука. Од суштинско значење не само за Хрватите туку и за нас Македонците. Се стресов кога прочитав, ова ќе ми го измени живото за 200%. Најкорисната тема било кога отворена. Требаше само со големи букви да ја отвориш и да го додадеш зборот СКАНДАЛОЗНО со болдирани букви...

Браво ! Се радвиш ?

Незнам дали неможеш да ја сфатиш поентата или станува збор за нешто друго.

Оваа одлука е преседан од ваков тип со кој заради лични суети (незнам дали го следиш случајот од почеток) се забранува соработката со ЦЕЛА ЕДНА ПРОФЕСИЈА, ЦЕЛА ЕДНА ФЕЛА !

Можеби ти или личните твои не работат во ПР секторот, ама верувај има многумина кои работат (има и во Македонија...а многу повеќе во Хрватска) и кои од оваа одлука ќе бидат погодени.

Ова е потфорум Свет а ова е еден од настаните кои предизвикаа многу дебати од балканов изминативе неколку дена, зарем не мислиш дека заслужува тема?

И да...повеќе од половината гледам благе везе немаат што е тоа ПР и единствено го перцепираат и погрешно поистоветуваат со односи со медиуми или спин...

Тука не би сакал да земам lead и да се дообјаснувам.

Кој има да коментира за ОДЛУКАТА на Хрватската влада ОК, кој сака да лечи фрустрации на теми ....и тоа е ОК..
 
Страшно важна професија. Единствена квалификација која треба да ја имаш е да зборуваш разговетно и да немаш остатоци на храна во устата. Јас потполно ја подржувам одлуката на Хрватската влада, која значи заштеда на пари во однос на една измислена функција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom