Хуманитарен апел до Велешани од малку поинаков аспект:
Има ли некој што би сакал да донира храна за кученца на возраст од 6 месеци?
Marjan Maki Krstevski
живее во Велес, пред 6 месеци најде слепи кученца и не ја префрли одговорноста на друг, не остави „да биде што биде“, туку ги зема кај себе и се грижеше за нив. Упорно се обидува да ги вдоми во изминативе неколку месеци, но безуспешно. Ве молиме велешани, помогнете му со храна!
Помошта може да биде во вид на сува храна за кучиња, коски или било каков вид на месо, леб или парична помош со која тој ке одбере што најдобро да купи за нив.
Јас до сега му имам помогнато на Марјан со храна за кученцата и повторно ке го направам тоа, бидејки ретко е да најдеш хуман човек кој ке се грижи за неколку кученца останати без мајка од раѓање.