Nestea доаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.888
Поени од реакции
1.107
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Во екот на високите летни температури, Пивара Скопје АД повторно со освежителна вест. По летниот хит Скопско Radler, светски познатиот бренд на The Coca Cola Company, ледениот чај Nestea, пристига на македонскиот пазар.

„Иновацискиот тим на Пивара Скопје АД во континуитет посветено работи на понуда на брендови кои на потрошувачите ќе им донесат нешто ново, поинакво, возбудливо. Оваа потрага по нови освежителни вкусови, овој пат нѐ одведе до Nestea како вистински избор за луѓе кои водат активен живот и трагаат по несекојдневни и возбудливи доживувања. Со Nestea Пивара Скопје АД ја надополнува веќе богатата понуда на различни пијалаци за целосно уживање на нашите потрошувачи”, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска - Начевска од Пивара Скопје АД.

Nestea ќе биде достапен во малопродажбата во пакување од 0,5л. и 1,5л., а во угостителските објекти ќе биде достапен и во стаклено пакување од 0,25л.

Македонските потрошувачи ќе можат да уживаат во Nestea со вкус на праска и со вкус на лимон.
http://www.kapital.mk/MK/makedonija...t_leden_chaj_nestea_doagja_vo_makedonija.aspx
 
поглупо нешто од ладен чај немаТ
 
За мене лично во летни горештини најосвежителен пијалок ми е леден чај. Го обожавам вкусот на праска, но не бирам многу, инаку ова околу Нестеа не сум нешто многу среќен, убави чаеви се, но не е ништо посебно, а за разлика од други ќе биде доста поскап. Подобро од Синалко или Кватро леден чај ќе си пијам, за 38 денари литар ипол, фул.;)
 
Ех да го донесат и ова ќе биде совршенство


А колку што знам во доста вкусови ја има.

п.с. Џеси од Брејкинг Бед глумел во рекламава
 
Откоа јавно покажаа дека се срамат од македонски национални симболи - ги бојкотирам. Нека се е.ат.
 
Откоа јавно покажаа дека се срамат од македонски национални симболи - ги бојкотирам. Нека се е.ат.

Модерно е ова во последно време.

Он-топик и јас ги бојкотирам и не само за рекламата со знамето, туку и поради вкусот уште пред рекламата кој им е доста сменет на полошо.Кока Кола не пијам одамна.И така еве си похејтав на темава :)

Сите корисници на п-води од Скопска Пиварница при секое купување Кока Кола или Скопско нека се потсетат на ова...
 
Back
На врв Bottom