Грешиш брате. Јас сум од оние муштерии кои сакаат нормална услуга како што ја има во повеќето бутици низ градов
Да речат “повелете“ на една тезга е во ред. Ама кога очите на продавачките од соседните тезги ме следат дека само разгледувам или само поминувам набрзина покрај нив не е коректно на секој чекор да ми викаат „Повелете?“ „Повелете?“ „Повелете?..
Доколку сакам нешто да видам, ќе застанам на тезгата и ќе погледнам некој производ. Е тек тогаш може да ми рече „Повелете“, а се додека сум на 1 метро оддалеченост на тезгата и брзо ја одминувам тезгата, значи дека не сум заинтересиран воопшто за производите на таа тезга, и не треба да ми посвети внимание.
А за тие што си зборат на телефон во обичните бутици каде што нема тезги, не сакам ни да општам која е нивната култура.
Бон-тон=0