Хигсов бозон за неупатени
Што е Хигсов бозон? Зависи на кого сакаш да му објасниш. Различни се објаснувањата за луѓето што сакате да ги импресионирате, за децата, книжевниците, ненаспаните родители, религиозните фанатици...
За луѓето што сакате да ги импесионирате
Хигсов бозон е елементарна честичка која прв пат е спомната во 1962-ра година, како спореден производ на механизмот според кој хипотетички сеприсутно квантно поле, т.н. Хигсово поле, им дава маса на сите елементарни честички. Поточно, во стандардниот модел на физикаата, постоењето на Хигсовиот бозон објаснува како спонтаното кршење на електронски слабата симетрија се случува во природата.
За вознемирени и ненаспани родители
Кога сите составни делови на материјата би биле извалкани деца, тогаш Хигсовото поле би било како оние големи базени со топчиња. Секое шарено топче претставува по еден Хигсов бозон, а сите заедно го ствараат потребниот отпор кој го спречува вашето дете/електрон да потоне до дното на универзумот каде се наоѓаат сите дроги и користени медицински шприцеви на овој свет.
За постдипломци по јазик и книжевност
Хигсов бозон е тип на субатомска интерпункција со тежина некаде помеѓу мала точка и невидлива запирка. Без него вселената би била само облак мрморење - нешто како „Кодот на Да Винчи“, ако сте го читале.
За тинејџерите кои штотуку почнале да учат физика
Не, тоа не е атом. Никогаш не сум го рекол тоа. Мислев честичка. И да, знам што е електромагнетизам, Ајнштајн, маса која недостасува, Хигсов бозон, крај. Одамна се занимавав со физика, уморен сум.
За претставниците на здружение на потрошувачи
Неговото откритие претставува колосално, досега невидено, речиси бесконечно фрлање пари.
За детето кое седи на задното седиште во автомобилот
Тоа е честичка која ја барале некои научници затоа што знаат дека без неа постоењето на вселената би било невозможно. Затоа што без неа сите останати честички во вселената не би имале своја маса. Затоа што би продолжиле да патуваме со брзина на светлината, баш како
и фотоните. Затоа што реков дека би било така и ако уште еднаш прашаш „зошто“ нема да одиме во Мекдоналдс.
За религиозните фанатици
Хигсов бозон не постои.
http://on.net.mk/zhivot/nauka/higsov-bozon-za-neupateni