Второто Христово доаѓање

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
мислам дека сакаше да каже дека неможе да мрази нешто што воопшто не постои и не верува во него if u know what i mean

инаку да, многу јасно дека таа заблуда одредени кругови на луѓе продолжуваат да ја користат во своја полза, затоа е уствари и направена и ќе трае се додека има народ кој лесно голта
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
Како бе да не ја мразиш фиктивната личноста што лажела и лаже толку многу луѓе низ вековите па до денес? Ја одобруваш ли лагата?
Знаеш ли низ историјата а и денес колку многу луѓе умираат и колку многу луѓе чувствуваат омраза према други луѓе кои не веруваат во таа фиктивна личност, само затоа што се излажани?
Како да не ја мразам најголемата лага во историјата и сегашноста на човештвото, кога таа лага го дели народот, прави да се мрзи, да се убива, и да се краде?
Пази јас не ги мразам луѓето, ја мразам лажно создадената моќ која не контролира нас, односно приказната за бог и религијата, која ги тера луѓето да потклекнат на моќта, да и служат, без свесно да размислат.
Луѓето сметам дека моментално се несвесни, и истото и за себе го мислам во одредени ситуацији и после сум многу лут на себе си пошто по одредена тема не сум размислил свесно.
Искрено сметам дека моменталната состојба на свесност кај животните е поголема него кај нас.
Најлошото е тоа што ние имаме многу поголем капацитет за свесност него животните, а сепак одредени центри на моќ успеваат да не одржуваат во несвесност.
Сметам дека неможам да чувствувам толку големо чувство како омраза кон нешто во кое не верувам. Неможеш да мразиш/ сакаш нешто што нема. Фиктивниот христијански (муслимански етц.) бог не направил зло, бидејќи не постои. За разлика од него, Исус, Мухамед и другите Луѓе кои биле месии направиле зло, но ниеден не го направил тоа свесно, така да не гледам причина за омраза. Некои работи во природата се природно зли, тоа не е причина за омраза, туку да ја прифатиш ситуацијата таква каква што е. Со омраза никогаш, нема да стигнеш никаде, научи да живееш со религиозните, и онака полека исчесзнуваат.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Каква крв бара Мудроста Божја овде? Дали Неговата крв беше замена за крвта на поколението?


.

Неверното и кривоверното човештво верувало и верува дека за своите лажни зборови и зли дела - сторени во свест или несвест - нема да има консеквенци, но потполно се лаже во тоа!


Денот доаѓа кога на сите тоа ќе им стане потполно јасно и никому повеќе нема да му падне на ум да Го негира Единствениот Вистински и Совршен БОГ!

Тешко и горко на сите оние кои Ја одбиле и Ја одбиваат Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа!


.
 
В

влијателен

Гостин
Тешко и горко на сите оние кои Ја одбиле и Ја одбиваат Милоста БОЖЈА чиста - за спасение на сите - отелотворена во Исуса Христа!
Кој ќе се потруди да ни биде тешко и горко? Милоста Божја лично?
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.

Кој ќе се потруди да ни биде тешко и горко? Милоста Божја лично?

.

Отелотворението на Милоста (Мудроста) БОЖЈА го даде својот непроценливо скапоцен Живот за спасение и благодат на сите, а не за нивна горчина и осуда!

нечистата сила - која што е изворот на неверието и кривоверието - е таа која постојано се труди (и за жал многу често лукаво успева) да ги води и бутка луѓето во проклетството!



Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.
Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него!
Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.
А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку Светлината, зашто нивните дела беа зли.
Зашто секој, што прави зло, ја мрази Светлината и не оди кон Светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела (бидејќи се лукави).
А оној што твори Вистина, оди кон Светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.”

(Ев.Јован 3)

.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Каква е таа Мудрост на која може да ѝ се спротистави нечиста сила која таа сама ја создала?

Совршениот БОГ не е диктатор!.


Единствениот Вистински и Совршен БОГ преку Својата Мудрост создал се’ добро и чисто (!), но таа сила која што денес е нечиста и се спротиставува на Неговата Мудрост, го злоупотребила и го злоупотребува (заедно со нејзините духовни чеда) еден од најголемите дарови што БОГ ни го дал: слободната волја!



Деновите на нечистата сила и’ се броени, а победата на Мудроста БОЖЈА сигурна!


“Јас сум жив, вели Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога!”


.
 

/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
“Јас сум жив, вели Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога!”
Да ? Се чудам само зошто сеуште големите нарко-босови дилаат дрога, државните владини луѓе вршат масакри, свештени лица силуваат деца ит.н ит.н мислам нема смисла да го продолжувам списокот.

Престанете да се глупирате и признајте веќе еднаш дека светот бил и ќе биде заебано место за живеење, а сите тие утопии за совршенство може да се јават само кај ум кој е во тотална заблуда и гадно се лаже самиот себе.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Спирос ти си на трипови мајке ми:pos:

И баш ме интересира ако се врати ке бидат сите виновни пред неговиот суд и ке ја збрише 99% од лугето планетата поради тоа што сите се виновни според неговиот законик еве да го наречеме.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Да ? Се чудам само зошто сеуште големите нарко-босови дилаат дрога, државните владини луѓе вршат масакри, свештени лица силуваат деца ит.н ит.н мислам нема смисла да го продолжувам списокот.

Престанете да се глупирате и признајте веќе еднаш дека светот бил и ќе биде заебано место за живеење, а сите тие утопии за совршенство може да се јават само кај ум кој е во тотална заблуда и гадно се лаже самиот себе.

.

Причината на сите злодела - коишто погоре ги напиша - е човековиот неверен или кривоверен ум, кој наместо Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ, Неговата *Света Мудрост и Неговиот *Светол Дух, обожава нешто сосема друго!


Денот доаѓа кога секој ќе ја увиди Вистината (!), а дотогаш светот ќе биде таков, каков што е’!


.
 

Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107
.

Причината на сите злодела - коишто погоре ги напиша - е човековиот неверен или кривоверен ум, кој наместо Единствениот Вистински и Совршено *Светол БОГ, Неговата *Света Мудрост и Неговиот *Светол Дух, обожава нешто сосема друго!


Денот доаѓа кога секој ќе ја увиди Вистината (!), а дотогаш светот ќе биде таков, каков што е’!


.
Спирос ај биди добар колку што си исусоиден и иди на темата прашања за христијанството и те молам одговори на тамошното мое поставено прашање
(ако веќе толку си добар у теологија).
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Еве го „вториот Исус“, и тој е порториканец..

 
Член од
1 септември 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Luge sto vi cini da ne veruvate?
Site ziveeme vo teski vreminja, no vo toa e i poentata, treba da se dokazeme deka sme pojaki od se ova sto se slucuva.
Boze prosti ni i cuvaj me, pozz.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Џабе и да дојде,како ќе знаете дека е тој?
Ќе знаеме така, што Вистината (Христос) ќе стане очигледна...
--- надополнето: 2 септември 2012 во 00:54 ---
Може да биде Антихристот или Деџалот,како сакате наречете го.
Антихристот ќе биде јудеец, роден од блудница, со одредени нечовечки атрибути, кој ќе биде зацарен во возобновениот храм Соломонов (денес познат како „ѕид на плачот„) во Ерусалим.

Значи. антихристот ќе биде роден овде, на Земјава.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 00:58 ---
.По што ќе го препознаете Исус,пишува ли во светите книги?
Христос ќе дојде не на Земјава, туку над неа, што значи дека, за разлика од антихристот, кој ќе биде роден, на Земјава, Христос нема одново да се роди, туку ќе дојде од Небесата на Земјава, со сета Негова слава.

Светата Книга ни‘ дава еден препознатив знак, кој ќе биде видлив на небото, непосредно пред Неговото второ пришествие. Види во Матеј, 24.30.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ќе знаеме така, што Вистината (Христос) ќе стане очигледна...
--- надополнето: 2 септември 2012 во 00:54 ---


Антихристот ќе биде јудеец, роден од блудница, со одредени нечовечки атрибути, кој ќе биде зацарен во возобновениот храм Соломонов (денес познат како „ѕид на плачот„) во Ерусалим.

Значи. антихристот ќе биде роден овде, на Земјава.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 00:58 ---


Христос ќе дојде не на Земјава, туку над неа, што значи дека, за разлика од антихристот, кој ќе биде роден, на Земјава, Христос нема одново да се роди, туку ќе дојде од Небесата на Земјава, со сета Негова слава.

Светата Книга ни‘ дава еден препознатив знак, кој ќе биде видлив на небото, непосредно пред Неговото второ пришествие. Види во Матеј, 24.30.
Абе јас предлагам да се направи филм според оваа приказна... И да биде во научно-фантастични филмови... хихихих научно... не ајде само фантастични, а може и комедии...;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom