Охрид

Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Во новиот кафич што е отворен во чаршија ... Скопско 120 ден . Хајнекен 150 ден.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Во новиот кафич што е отворен во чаршија ... Скопско 120 ден . Хајнекен 150 ден.
Кој е тој нов кафич ? И ти одма во "новиот" си се закачил .. мали ти се кадмо , ликвид , аквариус .. па и куба либре и кадмо бич ..
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Кој е тој нов кафич ? И ти одма во "новиот" си се закачил .. мали ти се кадмо , ликвид , аквариус .. па и куба либре и кадмо бич ..
Изгледа уште не е отворен, цениве би требало да ги печатат на флаер :D И еве ќе потврдам дека Кадмо (во кое летово најголем дел од персоналот се Скопјани и од Источна Македонија, освен шанкерите шо се домашни) било пиво 120 денари вечерта за Харис Џиновиќ (барем од муабети), ама малку им е и 250 на таква публика:mad: Најжално е ко ќе се жалат луѓе дека цените по кафетерии/ресторани/дискотеки им се скапи, а не се поскапи од тие во нивниот град.И да, некој погоре спомна 2,2 евра било пиво во FYROMistanWannabeTourist Beach и во смисла демек ефтино :pos:
Не одат во Барон, Ла Тераса, Ескејп кај шо е Лашко или Дабче 60 и кригла голема 70, туку меракот им е в езеро да дремат со тие цени ако не и поефтини и по можност цел ден со една пијачка...и нас ни е убо така, ама се прилагодвиме.Никој не се позамарал со Охриѓани шо цените преку цела година им се исти, битно тие да си дојделе на одмор па да ги спуштеле ‘угостителиве‘ барем пола :нинџ:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Гледам овде некој мн се расправет за цените во охрид скапо им било епа ако не им се ида нека не идат охрид никој со сила не ги тера ... едно друго барон е мн евтино за 80 денари добиваш што сакаш за јадење за пиење после лас америкас скоро сите пици се евтини од 150 до 300 денари нека не кажвет тие за цени скопје за такси треба за 100 метри да се опрчиш 100 денари ако не изгора :facepalm:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Жити се не пиши веќе на темава и не брукај се. Ако се одлучиш да пишиш, however, среди си ги фактите пошо глеам очигледно се мешаш. Рече дека Охрид е поскап. Те опитавме поскап од Скопје, рече не. Поскап од Грција, пак не. Од шо е поскап?

Пошо еве викаш дека голема работа била шо Охрид имал езеро, оди годинава Прилеп на одмор. Или Кавадарци, Штип. Имет историски знаменитости и тие, не викам не. Мојт и пицата е поефтина таму. А ко ќе седниш Охрид на кафе и ќе го платиш 70/80, замисли дека го плаќаш 30 бе и готово.

Абе а сеа некој дан ојт Џез на коктелизацијата та?
Човек вас треба да ви црта изглеа... незнам шо ви е проблемот...
Ај цитирај го делот кај што сум рекол дека Охрид не е поскап од Скопје. Прашавте за цените и ја си реков дека пицата шо сум ја јадел у Охрид е поскапа од Скопје. За услугата заборавив да спомнам, ама еве тука ќе се дополнам. Пола саат чекаш за да нарачаш и уште 1 саат за да ти ја донесат пицата. Подобра услуга здравје. Незнам како од ова си разбрал дека сум кажал „Охрид не е поскап од Скопје“. Реков во Скопје е скапо таксито, ама и во Охрид не е без пари. Незнам и од ова како заклучи дека сум кажал „Охрид не е поскап од Скопје“. Изглеа толку читаш ти... да зеам да пробам да ти нацртам, ваљда така ќе разбереш...
Иначе толку напнавте со кафињата, да не може човек да ви се изначуди...
Споредувате цена на кафе во некој забутан дел на Охрид, со цена на кафе на кеј во Скопје. Па и во Скопје ако сакаш можеш да најдеш кафе за 20-30 денари. Знам во Буњаковец во еден кафич (ич не ми текнува за името) кафето беше 30 денари или така нешто. Во АМГ исто така нешто мислам беше кафето.

Колку не си го сфатила тој делот што го пишав за Археолошки музеј, за Александар Македонски и другите споменици у Скопје. Тоа беше онака на шала пишано, а целта ми беше дека ако имате вие таму езеро не значи дека сеа ќе го праите Охрид ко Монако. Ама ајде изглеа коа ќе нацртам се убаво, ваљда ќе разбереш...

И да ја не се брукам со ништо. Тоа што си го имам си го кажувам. Уствари да споредуваш езеро со море, е тоа е више брукање, а тоа го направи баш еден ориџанец тука на форумов.

1
Па и во Охрид со автобус е исплатливо, поисплатливо од Скопје, 100%. Охрид - Градиште за само 30 денари, Охрид - Рача,Гранит,Метропол,Пештани за 20 денари.

2
Споредбава ви е кул, сите одат Грција и го критикуваат Охрид, а се фалат со цените од Албанија. Многу јако.
Ја дечко сум бил у Грција само еднаш пред 15 години и од тогаш ни сакам да одам, а и не верувам дека ќе им стапнам таму, а Охрид има за што да се критикува и затоа ќе критикувам. Ако провериш поназад ќе видиш и зошто ја спомнав Албанија, ама ајде пак ќе ти објаснам. Еден член се фалеше дека таму плаќал 40 евра за никаква соба, и ја баш се погодив лани да одам таму и си кажав од лично искуство дека соба таму со пристојни услови јас ја плаќав по 17 евра. Друг пат пред да зборите убаво прочитајте, и преиспитајте се 2-3 пати дали убаво сте сфатиле.

garmin
Абе шо знаеме ние бе ...
Охрид си е злато бе, ништо не му фали. И да бараш неможеш да најдеш негостопримлив Охриѓанец. Услугата им е невероватна. Ти само што си седнал на маса, а еве го келнерот со мени и со насмевка. Уште не си завршил со нарачката, а веќе ти го носат јадењето, и ние уште дрско си зимаме за слобода да се жалиме. Ај тоа, па уште и скапо ни било...
Абе љубоморни сме зошто ние у другите градови неаме езера и сеа намерно ваква пропаганда им шириме...
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775
Човек вас треба да ви црта изглеа... незнам шо ви е проблемот...
...........
Кратко и јасно, вас скопските не ви се погодвит никако. Ак е ск’по зш е ск’по, ак е ефтино тогаш не чинит. Муабетот наш е ак не ви чинит не идајте и не не масирајте за то. Имате уш две природни и неколку вештачки езера во Македонија. Ојте таму, остајте не овде да сејме сами и да се нервираме зш не ни идет гости.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Kако мојт да викате дека Охрид е поскапо од Скопје?Како не ви е срам?
Скопје едно чајче смрдено го платив во еден кафич 80 денари во друг 100 денари шо е дупло поскапо од Охрид.Пилешки прсти 280 денари!Ти се молам еј!Пак не ти давет ни лепче ни ништо.Еднаш чекав 20 минути за послуга.Освен то не мојш да излезиш во некоја дискотека да не платиш.Обавезно се наплаќат влез.За услужливост на келнерките ич не прам муабет ко настапвет со муабети од типот:Е водите сега на глава дан сакате да ги ставам!? Најтрагично во цел муабет е ова шо го викате дека на море било поефтино.На кое црно море е поефтино бре?:facepalm:Една вода смрдена 2 евра е!
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Кратко и јасно, вас скопските не ви се погодвит никако. Ак е ск’по зш е ск’по, ак е ефтино тогаш не чинит. Муабетот наш е ак не ви чинит не идајте и не не масирајте за то. Имате уш две природни и неколку вештачки езера во Македонија. Ојте таму, остајте не овде да сејме сами и да се нервираме зш не ни идет гости.
Па богами и нема да ви идеме !

Kако мојт да викате дека Охрид е поскапо од Скопје?Како не ви е срам?
Скопје едно чајче смрдено го платив во еден кафич 80 денари во друг 100 денари шо е дупло поскапо од Охрид.Пилешки прсти 280 денари!Ти се молам еј!Пак не ти давет ни лепче ни ништо.Еднаш чекав 20 минути за послуга.Освен то не мојш да излезиш во некоја дискотека да не платиш.Обавезно се наплаќат влез.За услужливост на келнерките ич не прам муабет ко настапвет со муабети од типот:Е водите сега на глава дан сакате да ги ставам!? Најтрагично во цел муабет е ова шо го викате дека на море било поефтино.На кое црно море е поефтино бре?:facepalm:Една вода смрдена 2 евра е!
Каде бе у Скопје си платил за чај 100 денари баш ме интересира.
Башка вие Охриѓани зборите за услуга !?
Дај немојте да ме смеете. Ја лани за да нарачам пица чекав пола саат, а не дека беше нешто полно...
Податоциве дека цените на море не биле исти како у Охрид ти се многу грешни...
Пред 2 години бев во Црна Гора цените исто беа како Охрид, лани бев во Албанија, цените исто како Охрид. И каде бе жити се вода си наоѓал ти за 2 евра ?
Па Кока Кола во Црна Гора од 2 литра ти е 1.19 евра мислам беше...
Алкохолот е пример доста поефтин во Албанија. Ако кај нас е пример јегер од 700 ml 860 денари, таму го наоѓаш 250 денари поефтино.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Па богами и нема да ви идеме !


Каде бе у Скопје си платил за чај 100 денари баш ме интересира.
Башка вие Охриѓани зборите за услуга !?
Дај немојте да ме смеете. Ја лани за да нарачам пица чекав пола саат, а не дека беше нешто полно...
Податоциве дека цените на море не биле исти како у Охрид ти се многу грешни...
Пред 2 години бев во Црна Гора цените исто беа како Охрид, лани бев во Албанија, цените исто како Охрид. И каде бе жити се вода си наоѓал ти за 2 евра ?
Па Кока Кола во Црна Гора од 2 литра ти е 1.19 евра мислам беше...
Алкохолот е пример доста поефтин во Албанија. Ако кај нас е пример јегер од 700 ml 860 денари, таму го наоѓаш 250 денари поефтино.
Во Intermezzo е чајот 100 денари!Еве јас ти кажвам колку чекав Скопје и каква е услугата па ко ќе се жалите вие шо морат цела недела да издржите во Охрид ќе се жалам и јас шо 10 месеци живеам во Скопје.И грешиш дека податоците ми биле грешни.Не ми се муабети тие туку на море сум појдена 10 пати и многу е поскапо од Охрид!
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Во Intermezzo е чајот 100 денари!Еве јас ти кажвам колку чекав Скопје и каква е услугата па ко ќе се жалите вие шо морат цела недела да издржите во Охрид ќе се жалам и јас шо 10 месеци живеам во Скопје.И грешиш дека податоците ми биле грешни.Не ми се муабети тие туку на море сум појдена 10 пати и многу е поскапо од Охрид!
И ја цениве ги кажувам коа сум бил на море...
Ајде доста е... се пензионирам од темава. Тоа што имав да си кажам си го кажав и се надевам дека ќе се смени нешто со Охриѓани :D
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Само плукање бре шо ќе беше ова
За вакви нешта изгледа не им е по ќеиф на луѓево

http://www.mkd.mk/43778/makedonija/ohridski-supermen-spasuvac-18-godini-spasil-tri-zivoti/
Охридски Супермен има само 18 години, а веќе спасил три животи!

18 јул 2012 13:14
Ристе Филипов има само 18 години, а веќе четири години работи како спасувач по плажите на Охридско Езеро. Досега, овој штотуку станат полнолетник има спасено три животи – две жени и еден маж сѐ уште се живи благодарение на него.


Како спасувач на охридското крајбрежје Ристе работи цели 4 години, од кои една како волонтер. Зачудувачки е што младиот охриѓанец на само осумнаестгодишна возраст има црн појас во карате, 50 метри поминува за помалку од 40 секунди и може да исплива 25 метри под вода без да земе здив за помалку од 60 секунди. Ова младо момче, полно со ентузијазам, вели дека кога би можел 12 месеци во годината да работи како спасувач, би го работел тоа без проблем.
Инаку, Ристе случајно го најдовме на плажата на Канео, во моментов најпосетуваната плажа во Охрид, каде што повеќето посетители се странци.
На прашањето како се чувствува како спасител на три животи, младиот охриѓанец скромно вели: „Па тоа ми е работа“.
Низ призмата на овој млад човек спасувањето живот е само обична работа што му ја наложува професијата.
„Па јас тоа го работам. Спасувач сум на капачи. Како што ти пишуваш текстови, мене работата ми е да спасувам капачи и толку“, скромно вели тој.
Какво е чувството кога ќе има давеник во водите, го прашавме Ристе.
„Не можам да опишам. Прво, имам спасено само три давеници и во сите три случаи се чувствував збунето и збркано. Адреналинот расте и го чувствуваш како ќе ти ја пукне главата, но треба брзо да реагираш. Не знаеш дали да реагираш по шаблонот на кој те учат обуките, или да дејствуваш самоиницијативно. Тоа е најлошо, оти како и да е, може да направиш грешка, а ако спасувачот направи грешка, пливачот ќе биде мртов“, вели ова младо момче, кое на само 18 години важи за еден од најдобрите спасувачи на охридското крајбрежје.
Во моментов на охридското крајбрежје се ангажирани околу 80 спасувачи што се грижат за безбедноста на капачите. Интересно е тоа што десетина од нив се девојки на возраст од 18 до 22 години, кои беспрекорно ја поминале пеколната обука. А за да ја помине човек обуката, мора да исплива 50 метри за 40 секунди (професионалните пливачи тоа го прават за 29 до 35 секунди), да издржи под вода пливајќи 25 метри за помалку од една минута. Секоја чест.
Е.З.
Или вакви (без државни субвенции за карти и нови автобуси)
 
Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
Ми треба една информација од охриѓаните :) На 31 Аца Лукас ке настапува во Кадмо бич, е сега доколку знае некој да ми пише колку е картата ке му бидам благодарен многу, и да и каде може да се набави:)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.459
Дај изберите го пак Петрески, досадно ќе е без него :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom