Bojan Van Buuren
Колектор
- Член од
- 11 април 2008
- Мислења
- 8.394
- Поени од реакции
- 12.058
Кога бевме со другари пица да јадеме, знам дека беше поскапа пицата него у Скопје. Сеа за цена ич не памтам како беше, ама знам поскапо беше.Докажи дека е, спореди цени. Еве јас ти дадов споредба. Преку година живеам во Скопје и знам како е.
Па шо не кажете на време како луѓе... арно ми кажа да не се брукам годинава пак. Фино лепо идам утре у банка, дигам кредит, продавам тоа имотот што го иам, се зајмувам од пријатели и роднини и ви доаѓам се на вас да ви го оставам тоа. Епа јбг, коа не кажувате на време па ние скопјанишчата идеме да се брукаме кај вас...Немат потреба да ве разоткријам, отскријани сте одамна. Во сиве овие години (а памтам и години ко ве немаше овде, ко одевте Буљарице, Бечичи по работнички одмаралишта, тогаш овде идаја странци шо арџеја пари и шо имаше аир од нив ко туристи) ќе дојте овде, ќе напрајте урла-бурла, те овоа е скупо, па зошо олку кафето, зошо ќебето е од отекс, а не е од тетекс*.. 90% од скопските шо идет овде не се трошајлии, или носет од дома патлиџани и пиперки, или се дечурлана шо купвит 1,5 литар вино и исто толку кокта и галамит или покрај езеро или по клупиве пред згради и ни ги креват сафрите. Е на тие гости право да ти кажам да им се посе*ам. Поарно сезона со ич гости, него сезона со вакви гости.
Иначе шо сакам да ви се случи тоа болдираното па да цените тоа што го имате, ама и така не верувам дека ќе ви дојде памет.
Незнам ти каде бараш у Скопје стан за под кирија и незнам колку време посветуваш на барање, ама да ми кажеш дека под 300 евра немало да најдеш треба ептен да не сум од државава па да ти поверувам. Ја издавам стан у строгиот центар на Скопје за 150 евра месечно и имам студенти што седат таму 2-3 години по ред.Сакаш да ти ПОТВРДАМ дека Скопје е поскап град од Охрид во повеќе сегменти .. Земи на пример станување во Охрид и во Скопје .. во Охрид ке најдам стан за 8-10.000 денари за живеење во центар , а Скопје се од 300е нагоре во центар становите ..и плус ако сакаат студентите преку лето да им го чуваат за другата година плаќаат ако е 300 евра годишно станот за преку лето плаќаат 200 е .. кај го има тоа ? 3 месеци лето x200 евра тоа се 600 евра пари без ништо да ги земат , таксито ви е изгор ... недај боже в такси да влезиш скопје ... како банкнота те гледаат таксистите еднаш се возев и повеќе не !
Ти за тие пари кај мене ќе седиш цел месец, а ја тебе летово тие пари ќе треба да ти ги дадам за 4 дена. Интересна работа...
Споредбава со такси ти е доста глупа. И во Скопје и во Охрид такси си се плаќа. Во Скопје е скапо таксито, не викам не, ама сигурно и во Охрид не те возат џабе. Уосталом у Скопје за 30 денари со автобус има да си стигнеш до кај што ти треба. Е сеа ако сакаш ти кола, луксуз тогаш не кукај дека ти било скапо таксито. Еве пример ја ептен ретко се возам со такси, претежно со автобус си одам.
Историски места има и Охрид и Скопје и Прилеп...Се извинувам што се приклучувам вака во дискусија али нема везе.
Не сум од Охрид па да го фалам градот, од Куманово сум. Само едно ке ти кажам: Охрид има што да понуди, има многу историски места кои може да се посетат додека се таму престојува, и најважното Охрид има ЕЗЕРО, и тие ако сакаат кафето и 150 можат да го наплатуваат, али со кафето ке ти оди и прекрасен поглед на езеро, е ај да те видам тебе направи го и ти кафето во Скопје 150 денари и понуди соодветна алтернатива со тоа кафе да убедиш некој да дојде да го испие. Охриѓанецот го има езерото и со тоа езеро тој си прави пари, а на тебе тоа ако не ти се допаѓа никој не те моли да одиш да му ги дадеш твоите пари. Ти земи слободно си се сончај на твојата плажа до Вардар и уживај во погледот на шпоретот што си го фрлил минатата недела, а јас ке отидам во Охрид и ке уживам во убавините што ги нуди. ФалаПоздравЧао
Охрид имал езеро... и шо ако... ај да го видам Охрид нека има 22 метарски споменик на Александар Македонски хахаха
У Скопје викаш коа пиеш кафе на кеј ќе си глеал у шпоретот шо си го фрлил минатата недела... Па ти не гледај во шпоретот, гледај у Камени мост, гледај у фонтаните од Вардар, глеај у Археолошкиот музеј, у театарот...
Каде реков ја во Грција било поефтино од Охрид ?unmik
Како бе Грција поефтино од Охрид? Како прво 1,30 евро беше едно топче сладолед, ништо подобар од онај во Летница, да речиме за нијанса поголем што не игра некоја улога. За смештај, можеби само си слушал, а не си бил Грција па да правиш споредби. Кога се прави споредба за смештај и цени, тоа се прави со споредба на две исти соби т.е. со приближно ист квалитет, а не да спијаш Грција во некој подрум, а Охрид во Гранит или Инекс Горица.
Потенцирај ми го тоа ако си го сретнал у некој мој пост. Ја реков дека од тоа што ми кажувале комшии што беа оваа година таму, цените биле тука негде.
За смештај у Грција неам ништо спомнато. Беше спомната Албанија и ја само си кажав дека од искуство знам дека лани таму платив 17 евра за смештај. И не, не беше подрум.