Последен гледан филм со кратка рецензија

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272
Филмов е чисти амерички перач на мозок.Глума никаква,подобро глумат и у Шпанскине серии.Приказна тешко клише,каде што секој испукан метак им е хедшат.Сцените со зољата и после тоа како капак на се, и сцената со кашикарата :D Искрена оцена за филмов 2/10.
Инаку последен филм што го гледав е Tower Heist.

Лесно филмче,за поминување на време.Во пакет ги имаме Стилер,Марфи комбо :D Но сепак нема некој смешни сцени,а банални ги има во изобилство.Филм кој би го препорачал доколку стварно немате што да гледате или доколку сакате да го пуштите мозокот на пасење :D
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Последен гледан филм.. мхмхмх.. пред 15-тина дена го изглеав
„Човекот кој се смее“ - The man who laughs , нем црно-бел филм од 1928 година.

Филмот е адаптација на истоимениот роман од Виктор Иго, а во главни улоги се Конрад Велт, Олга Бакланова и Мери Филбин. Режисер е Пол Лини.
Се работи за човек кој живее во времето на владеењето на Кралот Џејмс во Англија во 1690 година, веднаш по Пуританската револуција, убивањето на Оливер Кромвел и прогонот на пуританците кон Новиот свет. Конрад Велт т.е. Гвинлпејн е син на Англиски лорд, кој е анти-ројалист и се бори против кралот, но како таков, на крајот од револуцијата го фаќаат и како казна, не само што го прогонуваат во новиот свет, туку и неговиот син - Гвинплејн, по наредба на кралот Џемјс го праќаат на доктор за да му направи операција на лицето како би имал вечна насмевка и при болка и при тага. Целта е да синот констатно се смее на мизеријата на таткото, а овој истото да го трпи и гледа. Таткото оди во новиот свет, а Гвинплејн, бегајќи од чамецот, бега и се крие во циркус.
Понатаму следат патешествијата на Гвинплејн...

Има два интересни факти за овој филм..

1. Главниот лик - Гвинплејн, карактерот, изразот на лицето, костимографијата и шминката биле основа за Боб Кејн, креаторот на Бетмен, да го создаде вечниот непријател на Бетмен - Џокерот.

2. Типката - благородничката, глумена од Олга Бакланова, а која ќе се заљуби во Гвинплејн, на филмот неверојатно личи на Мадона. Дури во еден момент, гледајќи го филмот си помислив, па добро бе да му ебам мамата, Мадона, колку години има?

 
S

Sagan

Гостин
Wrath of the Titans

Хадес и Арес го заробуваат Зевс и го носат пред Хронос, во намера да ги ослободат титаните и уништат луѓето и Земјата.
Полубогот Персеј, син на Зевс, заедно со војските на Андромеда, неговата идна сопруга, тргнуваат да го спасат светот.

Добри визуелни ефекти, добра глума, бедно сценарио. 5/10.
Интересно (15 мин):
wrath of the titans.jpg
 
2

~2A

Гостин
Blow (2001)

Го гледав минатава недела и ми остави добар впечаток филмов,па си реков да напишам мала рецензија,барем некој да натерам да го го гледам,ако го нема гледано... :)
Во филмот го има познатиот глумец Џони Деп во главна улога каде што влегува во пазарот на дрогата,со влегувањето во маркетот на дрогата во неговиот живот има тешки и лесни моменти, неговото збогатување,2-3 го фаќа полиција,ликвидирањето на неговиот имот,караниците со мајкаму,блискоста со неговиот татко....
Значи мене филмов лично ми се бендиса би му дал од мене 8ка,поради добрата глума,приказната,но сепак лоша музика....
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Harold & Kumar 3D chirstmas




Одличен филм! Иако е од 2011, филмот е смешен и одличен. Харолд и Кумар мислам дека сите ги имаат гледано веќе и во минатите филмови. Но, го нема тој сјај како минатите филмови. Изгледа дека е понов, па самата психа тоа го прави. Но, добро е што ги спомнале и Ву Танг Клан, па ме вратија во 90-тите

Приказна - 9/10

ОРИГИНАЛНА! Навистина интересна, возбудлива, на моменти знаев што ке се случи, но повторно е оригинална. Накратко: Харолд и Кумар веќе не се блиски другари, но ,,нешто,, повторно ке ги спои, но како и обично еден од нив ке направи многу бељи.

Саундтрак - неам поим

Глума - 10/10

Ако сте ги гледале минатите филмови, тогаш знаете како глумат. Одлични се актерите.


Се на се, одличен филм, вреди да се гледа
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Dark Shadows

Филм на Тим Бартон со Џони Деп (а како поинаку?), со жена му на Бартон (добра си е и таа), со подостарената Мишел Фајфер и со преубавата Ева Грин. Филмот има приказна која не е нешто посебно. Дисфункционално семејство на кое уште само вампир му фали. Ми изгледа како микс од неколку веќе видени приказни и сценарија, дали од серии или од други филмови. Ете, од прва ми текна на каква-таква поврзаност со The Addams Family, а не ќе да е само тоа. Има хумор, но ништо што баш ќе ве насмее. Специјалните ефекти можат да поминат, ама и тие се губат покрај сите оние филмови кај кои најголемиот дел од буџетот оди за нив. Значи, не се работи за филм по кој ќе се памти режисеров и екипата, кои навистина претераа со заедничката работа. Нека прошараат малку.
Од друга страна, Бартон ми е омилен режисер. Го бива за креирање на мрачна, морбидна, а сепак, на некој чуден начин убава атмосфера, која ја има во филмов (готичка атмосфера, 19 век, стари и напуштени места, замоци, мрачни тајни, мистериозни убиства, окултизам). Нешто слично, во таа смисла, од истиот автор има и во Sleepy Hollow. Овде тоа е комбинирано со 70-тите години во Америка, што е прилично згодно, но не менува нешто еден хипик помалку или повеќе. А да, ги има и Алис Купер и Кристофер Ли, накратко. Вториов во последно време секогаш со задоволство го гледам и мислам дека на стари години е подобар глумец.
Ништо посебно. Оние што го сакаат Бартон, Деп итн. би можеле да го видат.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
360


Драма трилер кој ги спојува заедно приказните на низа луѓе од разни социјални потекла преку нивните врски.
Музика, сценографија, глума одлични. Сличен филм како New York, I love You.
Иначе нема 3D верзија за 3D наочари. Не го препорачувам филмот на 3D фанови.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Alien ми се најде прв на листата филмови на СФ филмови што се надевам дека сите ќе успеам да ги изгледам овој период. Класика, одлично склопен хорор во вселената, добра музика во позадина. „The Nostromo“ слетува на некоја планета од која има добиено некој сигнал... Дали е SOS повик или само некоја закана, тука е филмот да ви каже... нема смисла да пишувам повеќе, за да не откривам многу за него. :)
Оцена: 9/10 :vozbud: Ридли Скот! :vozbud:
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Blade Runner (1982) - http://www.imdb.com/title/tt0083658/
Еден од подобрите, постапокалиптични филмови. Правен е според книгата „Дали андроидите сонуваат електрични офци?“ од Филип К. Дик, кој за оваа преработка му симнува капа на Ридли Скот. Се разликува од претходниот претходниот филм што го гледав (пост погоре), бидејќи не се одвива во вселената и сите тие срања што се може да се дешаваат таму, туку станува збор за човечката раса на оваа планета. За Харисон Форд и остали... нема доволно зборови за да коментирам, само гледајте го филмот. :)
Оцена: повеќе од одлична :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Големата вода

„Големата вода“ е еден од најпознатите наши, македонски филмови базиран на истоимената книга на Живко Чинго. Сниман е во 2004 година од страна на режисерот Иво Трајков. Добитник е на големата награда на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија.​
Филмот започнува со хоспитализација на еден политичар Лем Никодиноски (Мето Јовановски), кандидат на претстојни избори, поради доживеан срцев удар. Веднаш започнува неговото длабоко навраќање во детството без проживеано детство.​
(Л)ем (секогаш се потпишувал како Ем бидејќи Л го потсетувало на нешто лошо) како дете чии родители не биле паднати борци во втората светска војна е донесен во едно големо сиропиталиште кое пред војната било фабрика. Сиропиталиштето се вика Светлост, а е управувано на чело со Татенцето и другарката Оливера Стрезоска.​
Целиот филм ја покажува темната страна на лудата доктринација која си зема за цел да лоботомизира мали деца на штета на нивното неповратно детство.​
Во голема мера се исмејува слепата верба во социјализмот посебно кога настанува општ хаос во домот поради губењето на „светињата“-гаќичките на Оливера Стезоска добиени на некоја манифестација одржана во чест на роденденот на другарот Јосиф Висарионович и кога Оливера ја стасно ја бакнува бистата.​
Единствена сила која го крепи Лем е Исак Кејтен. Интересно што забележав во филмот и што воедно ми се допадна е дека кога сеуште официјално не се другари режисерот не го прикажува ниту лицето ниту пак гласот на Исак кога тој збори со Лем. Кога ќе си дадат завет за нивното другарство (кое мора да се заслужи) тогаш дури се слуша неговиот глас.​
Искрено, книгата многу повеќе ми се допадна од филмот бидејќи повеќе во неа беше ставен акцент на детските соништа, мечти за слободата, за Сендлеровиот рид, мечтата за убаво и безгрижно детство.​
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
The Raven
Одамна го чекав филмот, делуваше интересно, плус со Џон Кјузак, еден од моите поомилени актери (кој е до некаде потценет барем според мене).
Испадна добро филмче, интересно направено, а и посебно ми се интересни филмови/серии во кои се решаваат убиства.
Едгар Алан По го знаеме сите, кој е и што е. Сега се наоѓа во позиција да е банкротиран, се враќа во Балтимори прави се за да може да дојде до некој долар плус. Во Балтимор пак некој негов фан извршува убиства според неговите книги. Детективот Филдс којшто работи на случајот сфаќа дека за да го најде убиецот ќе мора да соработува со Едгар бидејќи само тој знае како размислува убиецот.
Што и да кажам друг за филмов понатаму ќе биде тежок спојлер, затоа нека остане на оволку. Вреди да се изгледа, интересно е, непредвидливо до при крајот некаде.
7/10
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Star Wars Episode IV: A new hope
Star Wars Episode V: The Empire sticks back
Star Wars Episode VI: Return of the Jedi



Никогаш не сум им обрнал големо внимание бидејќи научната фантастика не ме интересираше. Со ликовите бев запознаен пред се поради огромната популарност која ја има серијалот низ годините, како и комерцијализацијата на секое можно поле. Поради тоа знаев некои битни работи за Дарт Вејдер и Лук Скајвокер. Не верувам дека има некој како мене заборавен што не гледал барем дел од серијалот... Ок, рецензија. Станува збор за време во кое стапнувањето на Месечинат повеќе не е некоја сатисфакција. Време во кое границите на универзумот се во наши раце. Кога значењето на цивилизацијата добива друга димензија а интелигенцијата се јавуа во различни форми. На почетокот се наоѓаме на половина пат од приказната кога злото преовладува и кога се јвува првиот отпор против него. Серијалот почнува со епизода 4, наместо со епизода 1. Не знам каква била целта на режисерот, но доколку уште на почетокот му биле во план последните 3 продолженија, тогаш успешно ја формулира целоната приказна. Со оглед на тоа дека станува збор за идеја стара 35 години, во време кога изработката на специјални ефекти била многу покапа и потешка, завршена е одлична работа! Се изненадив што за првиот дел се вложени 11 милиони долари... споредено со 200-те милиони на Камерон за Титаник. :tapp:
Приказна: 10/10
Музика: 10/10 :cuc:
Ефекти: 10/10 :cuc::cuc:
 
2

~2A

Гостин
Bad Teacher

Вчера пред да заспијам, завртив некоја програма и го начекав филмчево почнат скоро 10тина мин.
Интересна комедија е во која има познати глумци Камерон Дијаз (јака девојка ) и Џастин Тимберлејк (лоша глума од негова страна..)
Фимов е комедија.... Значи Камерон Дијаз глуми лоша професорка и нејзин сон е да има големи гради.. :)
Собира пари со собирање на шишиња,со платата што ја зема,но сепак е многу мрзлива во текот на часовите на учениците му пушта филмови,а таа само си спија или зема марихуана....
Нејзината колешка,а воедно да речам и нејзина пријателка е постара жена што ништо не искусила во својот живот со еден збор кажано "закочена".
Интересен крај има,навистина ме изненади не го очекував крајот,не сакам да ви откријам за да ви биде поинтересен филмот,па сеа повелете изгледајте го. :icon_mrgr:
Мене лично филмчево ми се допадна,дали дека ептен ми беше досадно или што беше работата не знам..
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406



БРОНСОН - 2008 година http://www.imdb.com/title/tt1172570/

Филм на Николас Виндинг Реф, а во главна улога е Том Харди..

Ова е филм базиран според вистинската животна приказна за Мајкл Питерсон а.к.а Чарлс (Чарли) Бронсон, најозлогласениот робијаш во В.Британија, кој речиси сиот свој живот го скиснал по затворите во В.Британија. Како што пишува во постерот, 34 години е во затвор, од кои 30 години од казната константно ги поминува во самица. Моментално е во затвор и чека нова одлука „што понатака со неговиот живот и битисување по затворите во В.Британија“, како што и Том Харди, глумејќи го Мајкл Питерсон, (претпоставувам дека Мајкл навистина тоа го рекол), ќе каже: „Јас сум најскапиот затвореник во Британија. Годишно ја чинам круната 26 милиони фунти.“ Колку е тоа навистина така, не знаеме, но сепак, интересна е изјавата. :)
Инаку, тоа е приказна за неговиот насилен живот, природата на неговото насилство и целта поради која тој е насилен. Нема нешто што не може да го изиритира и заради тоа да се степа, буквално. Коа ќе го гледате филмот, се чини дека креативниот елемент во неговиот живот е насилството, и дека насилството - агресијата, раѓа креативност (Како што тој би рекол - I was born to be famous!). Оттаму и го презема надимакот (впрочем понатаму сите така му се обраќаат) Чарлс (Чарли) Бронсон, со оглед да актерот е уметник и е познат ширум светот, но истовремено и поради природата на неговите филмови и карактерот на главниот глумец во нив - Насилни филмови каде што главниот лик е нормален фамилијарен човек, но му треба нешто да го испровоцира (ни самиот тој не го знае тоа), и се претвора во ладнокрвен насилник кој без израз на лицето ги презема работите во свои раце (инспирација од филмовите Death wish со Чарлс Бронсон).

Генерално земено, овој филм не е само за ликот на Мајкл Питерсон - Чарли Бронсон, туку за агресијата воопшто, како состевен дел од ИД-от, неорганизираниот дел од личноста (психичкиот апаратус) кој е воден од основните нагони, а се однесува согласно со “принципот на задовослтвото” сакајќи да ја заобиколи болката или незадовослството предизвикани од порастот на инстинктивната напрегнатост и кој по дефиниција е несвесното.
Па така, во поглед на ова што погоре го кажав, кога ќе го гледате филмот, Ви препорачувам да обрнете внимание на сцената каде што Бронсон, ќе го зароби уметникот „учителот по цртање“ во собата за рекреација и ликовна креативност во затворот, а за што сметам дека е климакс на самиот филм.

Филмот повеќе од вреди да се гледа, и со сласт ви го препорачувам.

Иначе ќе заборавев, права утка е на оној што го правел плакатот, и што бил маркетинг менаџер на филмов, што го споредил со A Clockwork orange - Механички орангутан (портокал). Само направил лоша услуга на филмот и ништо повеќе...

Иначе еве колку за споредба да видите како изглеа Мајкл Питерсон-Чарли Бронсон и Том Харди како Чарли Бронсон.






 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.655
Поени од реакции
7.303
Кога еден Џејмс Бонд успеа да победи цела армија, зошто и четири души милионери да не можат да убијат цела армија. :)
Филм акција ништо посебно, онака за релаксација, после напорен ден.​
Капетан Крег Мекензи, поранешен припадник на специкалниот одред на американската армија, беше ангажиран да ја заштити групата на милионери, кој ќе сакаат да видат како изгледа војна и како е да бидат учесници во неа. Мисијата ќе тргне по лошо и милионерите ќе добијат повеќе од тоа пто ќе платат за да учествуваат во неа.​
Оценка од мене 4-ка.​
Е ова е филмиште, ме остави без зборови. :)
Главни улоги Дензел Вошингтон, Клив Овен и Џоди Фостер.​
Во игра на мачка и глушец, детективот Фрејзер (Вошингтон) и ограбувачот на банката Далтон Расел ( Клив Овен) се борат за контрола на ситуацијата. Во оваа борба, ништо не е како што изгледа - заложниците беа крадци, крадците се истерувачи на правдата, а секоја загуба може да се претвори во добивка. Целиот град е во играта почнувајќи од сопственикот на банката (Пламер), неговиот амбасадор Меделин Вајт ( Џоди Фостер), капетанот на полицијата ( Дефо) па и градоначалникот кој служи да го зголеми притисокот на полицијата.​
Одличен филм, кој го нема гледано, нека го гледа нема да се разочара.​
Песната што свири на почетокот и на крајот на филмот е истот така одлична. ( бар мене многу ми се допадна дури одкоа го изгледав филмот, ја постирав во Хит на денот :))​
На Imdb има оценка 7.7, од мене 8.5​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom