RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Фаранг, работата е што баш овие жени кои ти ги посочив не го запоставиле семејниот живот. Еве ти, имаш одговори од дечки овде кои ги израснала успешна жена. Значи дека се може, и да се има семејство и да си направи човек кариера. Не знам како ги исклучуваш едното со другото, ама нејсе.Prvo poleka so navredite jas samo dadov mislenje. Za mene ne e uspeh da ima vrvna kariera ako si go ima zapostaveno semejniot zivot. Za mazite e razlicno nie mozeme da pravime deca i podocna ama za zenite ne e bas taka. Ne gledam sto ima loso vo toa da se bide majka. Jas sigurno ke bidam tatko samo podocna. Inace lol i jas sum daleku od dobar primer za 'idealen' jas sum samo sreken deka mozam da ja odlozam taa rabota. Koga ne bi mozel togas familija bi mi bilo prioritet.
Parite ne se se. Parite se samo sredstvo da imas podobar zivot i sloboda nisto drugo. Jas ne gledam zosto im se na niv poveke pari od ona sto veke go imaat. Ednata ima nad miljarda a i drugava ima baagi. Na 37 da stane majka e glupo, prasanje e dali ke moze da rodi vtoro a e miljoner 10 god i garant doaga od jaka familija i onaka.
Za mene PAMETEN e toj sto znae koga ima dosta da prestane i da pocne da zivee. Da napravi familija i ostavi svoe pokolenie. Da uziva. Izvini ama vodenje na Yahoo ili drugi takvi kompanii i ne e bas uzivanje. Od taa gledna tocka za mene i dvete se ludi.
U pravo si deka nikad ne bi si odgovarale, jas ne bi se zamaral so nea i obratno ona nema nikad ni da me sretne zasto nejziniot zivot e YAHOO. Jas ne sporam deka se uspesni i vredni. Imam bas 3 ko niv vo najbliskiot krug na biznis kontakti. Mene ne mi smetaat ama ne go odobruvam nacinot na koj ziveat i zatoa za mene tie ne se primer na zena sto bi ozenil.
Inace za toa sto tebe ti padnalo vo oci jas go svakam. Ti na ova gledas razlicno. Ti si baras idol, uspesna zena sto ti jas znam. Jas baram devojka ili idna sopruga. Ne mi e uopste bitno dali ona uspesna ili bogata mene mi e bitno dali mi odgovara kako partner. So toa sto ona ja stava karierata pred semejniot zivot odgovorot e NE. Vo niv ne gledam nisto privlecno za mene.
Inace ne kopav po nivnite biografii samo zirnav na wiki oti ne sum cul za niv i toa ispadna. Uoclivo e deka tie zeni sto imaat kariera nemaat familija. Kako nekoj sto napisa pogore uspesna zena vo denesno vreme znaci nemanje semeen zivot i toa ja pravi nepogodno za poveketo od nas. Ako taa za tebe e primer za PAMETNA togas odgovor na ovaa tema e deka MAZITE SAKAAT GLUPAVI zeni vo 99% od slucaevite.
Jas sepak ne se slozuvam so tebe za mene ovie si se samo uspesni vo karierata nikako ne gi gledam kako PAMETNI. Kapish?
Значи муабетиве одат некако вака:
Жените немаат поим од водење бизнис-става човек примери дека има такви, се вади муабет дека немаат приватен живот.
Ставаш дека се мажени и се мајки - се сугерира дека предоцна се омажиле. 34 години и не знам дали е толку касно со оглед на фактот што просечни луѓе околу мене на толку се земаат, па што се успешниве покуси тука.
И на крај кога имаш сублимат од се, се девалвира и тоа.
Стварно не знам што е толку тешко да се признае дека жена може да направи баланс помеѓу семеен живот и кариера. Не мора да е директор во ИТ сектор, па речиси сите не израснале вработени мајки. За мене секоја вработена мајка е еден вид херој, зашто е растргната на сите страни и пак знае да прави баланс, без разлика дали е чистачка, наставник или Мариса Мајер. И имај една работа во предвид, жена секогаш ќе направи жртва за дете кога станува збор за кариера, без разлика дали е тоа да одбие унапредување на работа или да земе поголеми обврски или прекувремени часови. Знам дека јас барем секогаш ќе го ставам детето пред кариерата.
Рачунај и дека жената кога станува збор за работа е девалвирана баш ради мајчинството и тоа од машкиот свет. Дали си свесен дека компании кога вработуваат девојки ги прашуваат ДАЛИ планираат да се мажат и имаат деца, оти ако забремениле не им се исплатело да ги вработат? Маж тој проблем го нема. Замисли каква пречка е некој да не сака да те вработи зашто утре може да останеш бремена и колку е во суштина понижувачки да те третираат така, иако мајчинството е една од најубавите работи во животот.
Друга работа што не можам да ја разберам. Маж треба да е горд ако има сопруга која знае да создава. Тоа е од голема помош за семејството. Тоа никогаш не успеав да го разберам. Ако жена чека на маж да и обезбеди се, тогаш е неспособна, дури и спонзоруша, ако проба да помогне преку создавање на кариера и средства за живот, тогаш не се посветувала доволно на семејниот живот. Тоа е мишн импасибл.
Он топик. Секое лонче има поклопче. Секој ќе си го најде она што го бара, порано или подоцна. Небитно. Не мислам дека мажите сакаат глупави жени. Јас барем не познавам маж кој е во врска или брак со глупава жена, ама има едно големо НО. Не познавам маж кој е во врска со попаметна жена од него. Не постои маж кој сака попаметна жена од него, нити пак паметна жена сака да си има работа со маж кој е помалку паметен од неа. Не одат тие работи рака под рака. Има разлика помеѓу тоа, да бараш жена која е глупава и жена која нема познавања колку мажот кој е во врска. Жените сакаат да имаат маж покрај себе покрај кој ќе учат и кој ќе може да ги упати, а мажите на тој начин си ја држат доминацијата во врската и бракот. И онака за мене секогаш ќе бидат посилниот пол. Тоа никогаш нема да им го негирам и апсолутно ми се смешни феминисткичките муабети дека требало да бидеме еднакви, оти реално не сме.