Пивофест 2012 - 12-15.07.2012

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.321
Поени од реакции
9.391
Првпат бев на Пивофест,и здравје во иднина пак би одел. Имаше различни жанрови музика секоја ден,па за тие што тоа од викендот беше селско можеа комотно да си ги исседат првите 2 дена па да си одат. Плус по Калипсо и другите ноќни клубови беше full, па на кој не му се свиѓа дневната програма,можел да оди на друго место. Цените беа на место,воопшто не беше скапо ни на штандовите ниту во рестораните,сендвичарите и др места. Се на се одличен провод,а најубаво поминав во неделата,после настапот на Брена имаше одлична забава и во Калипсо до 6 наутро.

p.s. Пишете лични рекорди во скара или пиво,кој за што го бива :D
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Не ми се верува дека некој ги бара Чорба и Бајага :confused:. Не се знае кој е попропаднат. Според мене Галија, Црвена Јабука, Дивље Јагоде сите тие се доволно излитени за да не се повикуваат.

А зошто да не Неверне Бебе, Лету Штуке, Зостер?

И Грашо е голема ѕвезда но се виде дека овде публикава не знае повеќе од 2 негови песни, така да концертот му беше "Туга"
A неверне бебе нели се излетени, ја мислам дека се прелитени.

А и да ти кажам кој избилно ги слуша песните на Бајага, или па на Ѓорѓе Балашевиќ озбилно ќе сфате дека стварно се супериорни и природни.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Догодина мислам дека рекоја Карлеуша обавезно доаѓала,малце народно за старите од Лепа Лукич и главна звезда ќе биде некоја странска....(информации од извори блиски до администрацијата на општината) ама рано е да се открива,тоа за едно 8 месеци :D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796

Од блиски извори на владата :icon_lol:, кој ти кажал те излажал не може да се знае од сега кој ќе биде догодина :icon_lol:.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Јас присуствувам ова година на Пиво фестот во Прилеп, и можам да кажам слободно дека супер си поминав (бидејќи сум голем јубител на пивото). Исто така и изборот на изведувачите беше на највисоко ниво, бидејќи сите претставуваат и се сметаат за големи балкански звезди.

Еве ја мојата ранг листа на изведувачите:
1. Жељко Јоксимовиќ
2. Петар Грашо
3. С.А.Р.С.
4. Лепа Брена
5. Дубиоза Колектив
6. Влатко Стефановски
7. Мирослав Илиќ
8. Џеј Рамадановски

А за догодина исто така има голем избор на изведувачи од Балканот.

На овој мој список за догодина се наоѓаат: Дино Мерлин, Хари Мата Хари, Бајага и Инструктори, Горан Бреговиќ, Елитни Одреди, Златан Стипишиќ Џибони, Ален Исламовиќ, Жељко Бебек, Рибља Чорба, Младен Војичиќ Тифа, Миле Китиќ, Анабела Џогани, Ана Николиќ, Галија, Црвена Јабука, Дивље Јагоде и уште многу други солисти и групи (бендови).
Елитни Одреди, Џогани, Китиќ....ти сериозно ова?
Редно време е да се донесе некој бенд надвор од Балканов.Потенцирам бенд, бидејќи еден настап на само еден човек никогаш не може да се спореди со настап на група.
Градоначалниче ако читаш, послушај ме :D
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Бајага и Инструктори, Горан Бреговиќ, Елитни Одреди, Златан Стипишиќ Џибони, Ален Исламовиќ, Жељко Бебек, Рибља Чорба, Младен Војичиќ Тифа, Миле Китиќ, Анабела Џогани, Ана Николиќ, Галија, Црвена Јабука, Дивље Јагоде
:facepalm:
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Од блиски извори на владата :icon_lol:, кој ти кажал те излажал не може да се знае од сега кој ќе биде догодина :icon_lol:.
Лани веднаш после Здравко Чолич истите извори кажаа дека Лепа Брена и Жељко ќе бидат за сигурно а ќе се преговара со САРС и ДУбиоза ;)И цеца кога беше после Северина веднаш рекоја оти Цеца главна догодина,а и самата беше кажала оти пред пивофестот договараат поради исполнетото време
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
Елитни Одреди, Џогани, Китиќ....ти сериозно ова?
Редно време е да се донесе некој бенд надвор од Балканов.Потенцирам бенд, бидејќи еден настап на само еден човек никогаш не може да се спореди со настап на група.
Градоначалниче ако читаш, послушај ме :D
Брат тоа што не може да се спореде настап на еден човек со една група, за тоа се сложувам со тебе, ма понекогаш и еден човек се случувало да биде подобар како Здравко Чолиќ, Цеца или Дино Мерлин.

Али брат кој ти бенд би сакал да го донесат надвор од Балканот. Можеби мислиш на AC/DC, Metallica, Guns N' Roses, Deep Purple, Rolling Stones, Evencenes, Scorpions, Red Hot Chillie Peppers јас незнам каква желба имаш, али кои да се не треба многу да се надеваме за да дојдат во Прилеп.

Доколку сето ова би се случувало во Скопје, би имало шанса да дојдат, бидејќи Скопје секогаш ќе има поголем буџет за реформите во културата, и би имало можност да ги викне попознати изведувачи и бендови надвор од балканот.

Верувај и јас сакам барем еден странски голем бенд да дојде во Прилеп, али за тоа не се ни надевам, а доколку сето ова би се дешавало во Скопје сите глава ќе испокршат, не сум ни најмалце за Скопје али само ја кажувам реалноста.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
А да напраат два-три стејџа? :)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Лани веднаш после Здравко Чолич истите извори кажаа дека Лепа Брена и Жељко ќе бидат за сигурно а ќе се преговара со САРС и ДУбиоза ;)И цеца кога беше после Северина веднаш рекоја оти Цеца главна догодина,а и самата беше кажала оти пред пивофестот договараат поради исполнетото време
Истите извори викаа и Продиџи ќе дојди така да :icon_lol:.....
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Истите извори викаа и Продиџи ќе дојди така да :icon_lol:.....
Не не тие извори се тајни,се алуѓето шо се замраат и измислуваат то е друго...инаку нова информација,Милиграм исто така доаѓаат догодина...бтв кои се тие? о.О
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Не не тие извори се тајни,се алуѓето шо се замраат и измислуваат то е друго...инаку нова информација,Милиграм исто така доаѓаат догодина...бтв кои се тие? о.О
http://forum.kajgana.com/threads/Пивофест-2012-12-15-07-2012.59725/page-27#post-5171505

Друго што не е јасно :icon_lol:, и ништо не е сигурно се е во размислување, тајни извори :icon_lol:.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
http://forum.kajgana.com/threads/Пивофест-2012-12-15-07-2012.59725/page-27#post-5171505

Друго што не е јасно :icon_lol:, и ништо не е сигурно се е во размислување, тајни извори :icon_lol:.
Ааа ти веќе ја имаш нагодувано,епа сеа да ти кажам оти втасани се тие,како и карлеуша,Лепа Лукуч ( ако остане жива) ...тие се сигурни!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom