Кој е виновен за скапите фудбалски трансфери?

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
Нема логика да се обвинуваат одредени тимови за овај финансиско економски хаос што се случува моментално со трансфер пазарот..едноставно виновни по малку се сите што се инволвирани во фудбалот..како прво тука е и самиот систем што функционира во државите во Европа т.е. капитализмот..потоа самото искомерцијализирање на фудбалот како спорт што се направи со текот на годините и парите што се внесваат во спортот што го направија попопуларен..трето..трето нема...големите риби како долго споменуватите газди на Челзи,Сити,Малага....видоа каде можат да си го прошират бизнисот и капителот и едноставно си направија математика дека вреди да се вложи во европска екипаи да се внеси во ЛШ и тука веќе си во медот .

.то е то кој си има пари тој ќе си плати без разлика на сумата и без разлика на даноците и на кредите и на каматите што течат во банките за заостанати долгој..ова е типична борба на клубовите кој ќе биди најуспешен..тие што си имаат финансиска моќ тие ќе бидат најдобри ..едноставно е ако имаш пари ќе ја имаш Ким Кардашиан,Луси Пиндер,Шерил Кол и слични како нив ....а ако немаш ќе одиш со некоја селанка или ќе си седиш дома..тука исто така се и менаџирањето и водењето на клубот кој како се способни и кој како го водат клубот..колку треба од приходот да се издвојат за плати,за пополнување на долговите,за трансфери и за други триста циркузи...и дали вреди да се инвестира во засилувања ако веќе расходите ја преминаа својата граница....оваа тема е малце поделикатна и постојат многу прашања и одговори а со размислувањето дека Челзи,Сити,ПСЖ,Мадрид биле криви се глупости во боја односно приказни за мали деца
Кај да се вложи ? Роман,арапите итн итн се во толкави загуби влезени па профит од своите клубови нема во наредните 15 години да видат. Тие едино за ќејф се тука и за докажување меѓу себе. Колкава пара е фрлена тоа тешко дека ќе ја вратат некогаш
 
Реал Мадрид? Барселона? Сити? ПСЖ?

Мое мислење е, дека цените почнаа нагло да скокаат, кога почна Сити да купува и кога Реал ги донесе Роналдо и Кака. Да, Реал исто трошеше по 70М€ и порано, ама цениите не скокнаа многу, затоа што во тоа време Реал беше единствениот, што можеше да плати таква сума за играч. Исто и Интер доста трошеше на трансфери, па пак цените не се сменија драстично.
Сега откако почнаа да се множат шеиците, секој газда знае дека, ако не го продаде денес играчот на Милан за 20М€, утре ќе искочи Сити или ПСЖ со понуда од 30М€.
Мислам дека клубовите, ептен почнаа да си ги преценуваат играчите, за некои просечни играчи од Бразил бараат по 30М€. Видете само Роналдо, Ривалдо, Роберто Карлос, Роналдињо, Кака,... колку беа платени, кога ги купија од Бразил. Не ми се иде да проверувам, ама не ми се верува, некој да е платен повеќе од 20М€.

И да, ако немате ништо паметно да напишете, прескокнете ја темата и не оставајте глупи коментари како „Бwaнко е кwив“ или некоја слика од 9гаг.
Има многу едноставен одговор а тоа е: Навивачите или такозвани гледачи! Ако се намали интересот за фудбалот ќе се намалат и цените.
 
Има многу едноставен одговор а тоа е: Навивачите или такозвани гледачи! Ако се намали интересот за фудбалот ќе се намалат и цените.
Па фудбалот секогаш бил атрактивен за гледање, мислиш дека пред 20 години не се следел толку фудбалот?...и тешко дека ако се намали интересот ќе се намалат и цените на играчите.
Ретко кој фудбалер ги оправдал парите на терен, а и ретко кој фудбалер вреди толку пари како што сеа се фрлаат.
 
Зарем стварно мислиш дека тие што даваат пари ги даваат без причина? Парите што се вложуваат без разлика на играта која купените фудбалери ја прикажуваат...се враќаат дупло и тродупло...Тие луѓе кои викаш ги "фрлаат парите" и ако умираш за леб нема 1 денар да ти дадат, ќе ти речат умри така рекол господ.
 
Збориме за тоа дали вредат да се фрлат толку пари за фудбалер, а тој што ги фрлил парите сигурно не е до толку глуп и да не си ги врати дупло или тродупло.(реклами, дресови, разни глупости од кои ќе има профит.)
Еве пример, шо фајде Ливерпул оти фрлија 40 или колку и да беа милиони фунти за Керол, кога човекот 10 гола дали постигна...
Башка сеа за овие деца од Бразил што ги купуваат за повеќе од 30 милиони, мислиш тој играч вреди, има 18-19 години. Мало морген.
 
Она што упорно сакам да ти кажам е дека за тие што ги даваат парите вреди а за мене и останатите како мене не вреди.
 
[/media]
Дење се игра натпреваров. Не ми изгледа дека ова е таа ноќ кога Челзи станал асална екипа.
:pos:
Јунајтед загуби 3-0 од Њукасл сезонава, од Мидлзборо пред 5-6 сезони 4-1, и уште многу други порази. И пак ти викам Виљареал играше полуфинале ЛШ, па сега е во втора лига, Зенит, Галатасарај освоија УЕФА Куп па пак се далеку од европскиот врв. Причината ја знаеш, немаа милиони вишок за трошење. И не дека бил на ниво на Ексетер, aма никогаш не бил на нивото на Арсенал и Јунајтед пред да дојде тајкунот ваш. Како денешен Тотенхем, Њукасл, ништо повеќе. И пак не се жалам на Абрамович, кој има нека троши.

На темава според мене, скапите трансфери се поради се поголемата популарност изминатите 7-8 сезони. Друго агентите зимаат неверојатно големи суми. Сеа најново читав за агентот на Силва земал 10 милиони еј ???
 
Па добро шо прајме ако за две-три години некој научник се произнесе со моќна батерија која може да напојува електрично возило 1000 километри без полнење или па цената на нафтата падне на 10 долари барел? Ќе биде ли Сити тогаш шампион со сите звезди што ги купуваат?

Ќе има барем тоа арапот пред чив стадион да проси!
 
Виновни за скапите трансфери се оние клубови најчесто кои што посакуваат фудбалер да дојде по секоја цена.Најчесто во последно време го практикуваат тоа клубовите во кои има шеици (ПСЖ,Манчестер Сити...)
Иако сеуште мислам дека се во минус Манчестер Сити ( големи плати), но сепак со тек на време веќе создадоја силен тим,нема секоја година да трошат ненормални суми,така да ќе се намали минусот,односно ќе одат нагоре =ПРОФИТ!
 
Одговор на прашањето.:P:icon_mrgr:

welcomeaupsg.gif
 
Сериозно, како некој фудбалер би чинел 50 милиони евра, без маркетинг добивка? Според мене, најреално цените на фудбалерите треба да се до 5 милиони максимум, колку да се направи разлика во квалитетот на играчите а сето тоа над, претставува само претерано плаќање на фудбалерите, според тоа што го прави на теренот како играч а не како маркетинг ѕвезда.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom