Ристеска осум години трча во исти тренерки, Ефремов ќе настапи со скинати спринтерки

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Тогаш и јас ќе фатам да пцујам по МОК за да им ја одземе стипендијата и на оние спортисти што ја дала. "Спортисти" што не ги бива во спортот кој сами го одбрале никому не требаат, ни мене ко индивидуа, ниту пак на земјава. Глупости, се трошат пари на луѓе што не знаат (или не сакаат) друго да прават во своите животи, а и во спортот кој го одбрале не ги бива.
Да сум на власт со закон ќе го забранам спортувањето. Исклучок од правилото ќе бидат само оние кои постигнуваат врвни резултати, за норма не сакам да чујам. Нормата е за буљаши, минимум некој за да влезеш во "друштвото". Ако и тоа не можеш да го постигнеш (ко во случајов) /quit.
Остро но праведно :cuc:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.128
Поени од реакции
8.074
Остро но праведно :cuc:
абе како праведно...врвен спортист не се прај од не спортување...сака конкуренција и постојани натпревари(проверки за тоа како се движат другите) ако секако прво правилно се вложва
тие шо велат да се укини спорт,фудбал или незнам шо немат врска од спорт шо значи
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Не можеш така да правиш Принц,да беше ова формулата Америка и Русија одамна ќе ја имплементираа.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
абе како праведно...врвен спортист не се прај од не спортување...сака конкуренција и постојани натпревари(проверки за тоа како се движат другите) ако секако прво правилно се вложва
тие шо велат да се укини спорт,фудбал или незнам шо немат врска од спорт шо значи
Се мисли на укинување на стипендии за оние кои немаат постигнато норма, секако дека треба проверки и постојани натпревари а за оние кои имаат норма треба и големо вложување во нив со високи стипендии, опрема и се што заслужуваат зависно од резултатот.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.128
Поени од реакции
8.074
Се мисли на укинување на стипендии за оние кои немаат постигнато норма, секако дека треба проверки и постојани натпревари а за оние кои имаат норма треба и големо вложување во нив со високи стипендии, опрема и се што заслужуваат зависно од резултатот.
е ете кај нас никој не оствари норма за оваа олимпијада
за следната на кој ќе му дајш стипендии?
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
е ете кај нас никој не оствари норма за оваа олимпијада
за следната на кој ќе му дајш стипендии?
На никој! Зошто да им дадам стипендии кога нема резултати ај ти дај ми на мене стипендија и јас не остварив норма? Ако има норма јас би им дал месечна стипендија од 2000 евра и плус опрема и сите можни услови. Ако освои медал јас би им дал 100000 евра за бронза, 200000 за сребро и 500000 за злато!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Тогаш и јас ќе фатам да пцујам по МОК за да им ја одземе стипендијата и на оние спортисти што ја дала. "Спортисти" што не ги бива во спортот кој сами го одбрале никому не требаат, ни мене ко индивидуа, ниту пак на земјава. Глупости, се трошат пари на луѓе што не знаат (или не сакаат) друго да прават во своите животи, а и во спортот кој го одбрале не ги бива.
Да сум на власт со закон ќе го забранам спортувањето. Исклучок од правилото ќе бидат само оние кои постигнуваат врвни резултати, за норма не сакам да чујам. Нормата е за буљаши, минимум некој за да влезеш во "друштвото". Ако и тоа не можеш да го постигнеш (ко во случајов) /quit.
На Македонија и требаат спортисти а не пијаници и пушачи, проблем се парите оптимист сум дека во иднина ќе има подобри услови во организацијата на тој начин со евентуално повисок стандард и свест, младите наместо со цигара во рака ќе фатат нешто да тренират. Само така ќе имаме и здрава и успешна нација.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Незнам што не ви е јасно дечки. Викате Словенија иако има ист број на жители вложувала повеќе. Па нормално е тоа, Словенија има милион пати поголем БДП од нашиот со тоа и автоматски повеќе пари идат за спортистите. Кај нас еден ебан буџет од 2-3 милијарди, од кој пола идат за плата, пензија, социјално итн... па сега видите колку останува за спортот.
Се даваат голем број на стипендии, имам и другари што земаат, не зборам од памет. Тоа што немаме талентирани спортисти е друго дваесет.
Иначе читам весник денеска и пишува како некој си тренер за атлетика 6-7 година по ред оди на обука во Америка и замислете едно негово патување во Америка, МОК го чини 15 000 долари!! Кај се резултатите?! Ајде? Главни виновници се оние што го водат спортот, а парите не се толкав проблем. Чим можела некоја од турмекистанџакистан... (незнам која држава беше, една од овие што ги нема ни на карта) да обезбеди норма, сигурно можеме и ние. Треба да се смени менталитетов на државава, дефинитивно!
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Словенија: 65 спортисти, 2 милиони жители.
Македонија: 4 спортисти, 2 милиони жители.
Кажи ми дека не е до парите, дека е до талентот, кажи те молам.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Словенија: 65 спортисти, 2 милиони жители.
Македонија: 4 спортисти, 2 милиони жители.
Кажи ми дека не е до парите, дека е до талентот, кажи те молам.
Не е до парите и не е до талентот до работа е!
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Знае дека може да си купи нови така ?
Со кои пари бе брат ? Денес се нема ни за краставици од битпазар , не па ли за опрема со која би се спремил / а за ( читај добро ) ОЛИМПИЈАДА !!!
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не е доволно. Не е доволно да си спортист. Треба двајцата да пуштат бркој за да бидат поддржани од расата.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Рекордите на Македонија во дисциплините во кои ќе настапат нашите атлетичари на ЛОИ се поставени во 1983 година. На женскава најдоброто време и е за 4 секунди послабо од рекордот, на машково 2 секунди... Минати се 29 години и тие трчаат со толку послаби времиња од рекордот. Па не знам кој будала би инвестирал во нив, јас не знам зошто ги праќаат да се брукаат на Олимпијада. И не ми е јасно како типов трча со скинати спринтерки, а истовремено студира на ФОН. За пливањето е друга приказна, ама за атлетика и немаат така лоши услови, сигурно имаат подобри услови од 70% од атлетичарите во Африка кои растураат во овие дисциплини. Треба само тренинзи, не паѓаат резултати од небо. Кога ќе се трудат повеќе и финансиите сами ќе си дојдат. Не се тренира 20 дена пред Олимпијада, тоа што не успеваат да остварат норма само по себе си кажува колку (не)квалитет имаат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Член од
30 мај 2008
Мислења
185
Поени од реакции
8
јас незнам шо праат некои "менаџери" или тренери на клубови.
КАК ДО НОВИ ТРЕНЕРКИ ? еми одговоро е у самио почеток на тексто или наслово "8 години со исти тренерки" треба да нагласат од која марка се тие толку трајни .т.е квалитетни и белким застапнико ке го свате ко најдобра реклама па ке спонзорира и нови .поарна реклама од таа нема.кој се согласува ?????????
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom