Ристеска осум години трча во исти тренерки, Ефремов ќе настапи со скинати спринтерки

Статус
Затворена за нови мислења.
P

Princ

Гостин
Принц, немаат услови, услови, услови...

Не само во овој спорт, во сите, 60 луѓе трениравме фудбал на еден терен, со 10 топки, од прв тим до кадети, во сите развиени земји се тренира со 10 топки за 5 играчи, со 1000 реквизити и помагала, со теретани, базени, вештачка трева, сали.... а ние тренираме во снег и кал и правиме склекови... Тоа се тие услови(ова е за фудбал, али истото аплицирај си го на сите останати спортови). Ако не излезеш од Македонија до 16-18 години, си го ебал ежот, ништо нема да биде од тебе, макар бил и најголемиот талент и највредниот играч...
Да се разбереме, не велам дека се инвестира доволно во спортот и некои такви муабети. И јас живеам тука, знам како стојат точно работите, уживај.
Но ова дефинитивно не е вистинската слика. Проблемот е што сме научени за сите наши проблеми да ги обвинуваме другите, и многу често се вадиме (го злоупотребуваме) на тоа. Кај треба и кај не треба го користиме. Ако некој е добар фудбалер, спринтер, што и да е... тоа ќе го покаже и докаже на некој начин, ќе има доста добар (солиден... не зборам за златна медаља, зборам за проклет резултат 33ти од 34 во конкуренција, тоа не е резултат бре) резултат, и ќе земе стипендија меѓу 500 и 1100 долари месечно. И ќе има за патики. Или тренерки, сеедно.
--- надополнето: 14 јули 2012 во 00:56 ---
Пошо денес спортот не е само тренинг, милион пати пишавме.. Чим веќе копираш за овој,копи пасте направи и за Атина Бојаџи, најдобра светска пливачка у нејзино време, еве наша е. Ама друго е денес, не е само тренинг, цела наука е спортот, на Усеин Болт, Исинмбаева, Фелпс, па и Костелиќи, Бланка Влашиќ, Ноле, работат 30 луѓе у заднина за да успеат.
Се согласувам дека влијание имаат многу нешта во крајниот резултат, но не можеш да ме убедиш дека некој што со вајлд карта учествува на Олимпијада и реално нема никаков надпросечен резултат (достоен за учество на Олимпијада) ќе зел златен медал ако имал неограничени ресурси, материјални или човечки. Тоа е бинго, може ќе зел ама најверојатно нема да зел бидејќи во крајниот резултат патиките кои ги носиш (докажано и нешто порано на темава) или тренерките, апсолутно никакво влијание немаат врз крајниот резултат кој ќе го имаш.
Јас се извинувам што малку грубо настапив на темава, но навистина почнав да се нервирам од луѓе што само се жалат. Де бараат пари за леб по кафиќи (божем стварно 25 денари не можат да заработат), де немале тренерки 8 години што на битпазар чинат, што знам, максимум 500 денари. Прифаќам жалби и поплаки во разумни граници, а оние другите само имаат контра ефект (барем кај мене, а верувам и кај многу други). Барај стадион јеботе, не ми барај патики и тренерки затоашто сите знаеме дека не е теоретски можно некој во земјава да не може 8 години да си дозволи нов пар тренерки.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Принц брат, не се само тренерките :) Ако купиш тренерки, треба да купуш и патики, не се трча со битпазарски патики на Олимпијада, верувај :) Треба да купиш и комбинезон, што е доста скап, од 300 еу нагоре. Во старт другите се побрзи од тебе за секунда најмалце, што во атлетиката е премногу! Затоа велам не ја сфатија девојкава. Оваа девојка има воља да успее, само никој не и овозможил правилно да се развива, непобиен факт. Штета што веќе е касно, но нека служи како поука за идни генерации.

Престојував еден период во USA на тренинзи и бев во кампот каде што се спремаат за ЛОИ, СП и други турнири, како во друг универзум да бев. Ама утре повеќе за тоа ќе реплицирам.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322

Еве го проблемот "не се само тренерките :) Ако купиш тренерки, треба да купуш и патики, не се трча со битпазарски патики на Олимпијада, верувај :) Треба да купиш и комбинезон, што е доста скап, од 300 еу нагоре. Во старт другите се побрзи од тебе за секунда најмалце, што во атлетиката е премногу!"
ова е тоа жалење за коешто зборував ова е тоа дефокусирање..следно ќе биде дечкото...па после ножето ме боли...секогаш се наоѓа нешто..никогаш со овој начин на размислување ама никаде и никој нема да постигне значаен спортски успех!
 
P

Princ

Гостин
Ај едно прашање до Ilumious, како спортист :)
Ако еден спортист во одреден спорт постигне резултат 33 од 34, на истиот тој спортист му дадеме тренери, витамини, патеки, и друго материјално што му треба и што може да се купи со кеш.... со кој резултат ќе заврши?
Не ми вели дека прв ќе заврши, затоашто и другите 33 спортисти ќе ги имаат истите услови.
Најважно нешто во спортот (според мене) е талентот, и веднаш (ама веднаш) потоа желбата, мотивацијата да се биде прв, да се биде најдобар, овој круг да извадиш за милисекунда подобар резултат од било кој претходен пат.
Ристеска мене ми вели: Princ, фак оф, нема да постигнам резултат бидејќи ти немаш вложено во мене.
Јас на Ристеска и велам: Фала срце, и тебе исто.
Ја нема желбата да биде добра, поради себе, остај ги сите други... што ми останува мене да речам?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Денес децава на 14 години се со цигара во рака и пијачка, не се бават со спорт и после како сакаш да имаш здрава и спортска нација кога пола од младината се дебили.... Нека ме извинат на зборовите ама денес е во ин да бидеш виден на 15 години низ градски кафичи а на спортистите им се потсмеваат за спортскиот живот кој го водат, тие што го водат едвај на прсти се бројат зборувам за професионалните спортисти. И кај нив е најлошо немат програми за работа, сето тоа е поврзано не е само системот туку и свеста и неможноста до одредени финанскиски граници си го прави своето... Некој мисли така е тоа земи оди само на тренинзи и те боли уво па после други им се криви што не успеале.. Значи со други зборови се е измешано што да очекувам некој што цел живот се спрема за ОЛ, кај нас 15 дена им траат подготовки...
--- надополнето: 14 јули 2012 во 01:23 ---
Значи, ок, не реков јас дека нема таленти. Така некако ми звучи ова како да сум рекол. Тоа беше пишано само со намера да се намалат очекувањата на народот од спортот воопшто. Би било супер да има многу спортисти, ама не секој го интересира спорт (во смисла на професија). Со самото тоа, статистички, шансите за талент се помали. Ама, тоа е друга тема. Тука дискутираме што да правиме со оние таленти кои ги има, не оние кои ги нема. :)
Проблемот тука е во младината, навиките од дома, тоа што не се бават со спорт, не е точно дека нема деца што нема да успеат поголема глупост нема од тоа некој да каже дека сме биле мала држава па тоа била главна причина. Според мене секое дете мора да се бави со спорт макар и биљард да биде сите во себе имаат потенцијал ! Кај нас вредностите тука се измешани младината ги интересира сега други работи, се тоа доаѓа од околината и секако воопшто од државава која тоне.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ај едно прашање до Ilumious, како спортист :)
Ако еден спортист во одреден спорт постигне резултат 33 од 34, на истиот тој спортист му дадеме тренери, витамини, патеки, и друго материјално што му треба и што може да се купи со кеш.... со кој резултат ќе заврши?
Не ми вели дека прв ќе заврши, затоашто и другите 33 спортисти ќе ги имаат истите услови.
Најважно нешто во спортот (според мене) е талентот, и веднаш (ама веднаш) потоа желбата, мотивацијата да се биде прв, да се биде најдобар, овој круг да извадиш за милисекунда подобар резултат од било кој претходен пат.
Ристеска мене ми вели: Princ, фак оф, нема да постигнам резултат бидејќи ти немаш вложено во мене.
Јас на Ристеска и велам: Фала срце, и тебе исто.
Ја нема желбата да биде добра, поради себе, остај ги сите други... што ми останува мене да речам?
Мислам дека пак ја промашуваме поентата...

Во моето непосредно опкружување имам барем 5 луѓе (и тоа од прва, без да размислувам), сега во доцни 20ти години, кои пред 20тина години биле сметани за фантастични таленти во различни спортови: реков веќе, победувале на Балканијади, носеле медали од европски купови итн... Но....

Кај нас факт е дека не постои инфраструктура за развој на ваквите таленти, па дури ни во „добростоечките“ федерации - во тие репрезентации се „шверцуваат“ - покрај вистински заслужните - и „пријатели на чичкото од брат му на првиот братучед на селекторот“.

Ако сакаш - тренерките и спринтерките, како од случајов, се токму инфраструктурата која недостига, вклучувајќи го и тартанот, и другите реквизити (еве, за атлетика: пречки кои нема да се импровизирани, копја кои нема да се искривени, дискови кои нема да се рѓосани, ѓулиња.... па, патека за скок во далечина немаме прописна ниту една, во цела земја)...
Се уништиле фантастични таленти, верувај ми, оти ако Катерина (исто така Ристеска, ми се чини) од 3ти ноември беше неколкукратен послдователен балкански медалоносец на возраст од 11 години и подоцна тренираше во минимум потребните услови, можеби денес ќе ни беше „Бланка Влашиќ“, ама веројатно девојчето се откажа после неколку скинати спринтерки и истегнувања на лигаменти од тренинзите на погоре споменатата патека налик на козја....
А такви ги има уште многу, во сите спортови.

Е сега, ние, од вакви услови очекуваме не само олимписки норми, туку и медали.... мислам, please, get real....
 
CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Ај едно прашање до Ilumious, како спортист :)
Ако еден спортист во одреден спорт постигне резултат 33 од 34, на истиот тој спортист му дадеме тренери, витамини, патеки, и друго материјално што му треба и што може да се купи со кеш.... со кој резултат ќе заврши?
Не ми вели дека прв ќе заврши, затоашто и другите 33 спортисти ќе ги имаат истите услови.
Најважно нешто во спортот (според мене) е талентот, и веднаш (ама веднаш) потоа желбата, мотивацијата да се биде прв, да се биде најдобар, овој круг да извадиш за милисекунда подобар резултат од било кој претходен пат.
Ристеска мене ми вели: Princ, фак оф, нема да постигнам резултат бидејќи ти немаш вложено во мене.
Јас на Ристеска и велам: Фала срце, и тебе исто.
Ја нема желбата да биде добра, поради себе, остај ги сите други... што ми останува мене да речам?
Претходно збореше за Бикила, во 1960 година бил најдобар, не во 2012. Сигурно и денес има црнци од Африка што ко деца трчаат по зебри и антилопи, ама пак некој треба да ги прибере од дивина и да им понуди услови за да трчаат на стадион :ROFLMAO:
Факт е дека ако не вложиш, нема да добиеш, не само во спорт, колку сакаш ти биди талентиран, ако не си упорен ќе си останеш само "талентиран".
Дека немаме резултати зошто сме мала земја, тоа си нема благе везе. Кина од милијарда и пол луѓе неможе да состави 11 фудбалери?
Неможе, ама само затоа што не вложуваа(т) во тој спорт, ама затоа им нема рамен во спортовите кај што се фокусираат (гимнастика, пинг-понг, пливање).
Иначе Кина стигна и до светско првенство во фудбал, ама кога убаво го платија селекторот Бора Милутиновиќ, еден од двајцата селектори на кои им успеало да одат на светско првенство со 5 различни репрезентации.
Има милион вакви примери каде што со влог се донеле резултати, ама има и примери кај што ги имало сите услови, а немало резултати.
Се додека не и се пружи вистинска шанса на девојкава со услови како што доликува за современ спортист, нема да знаеме колкави се нејзините капацитети и какви резултати би можела да носи.
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
^^ И двајцата атлетичари се во право, бидејќи МОК ги нема ставено на листата кандидати за олимпијада и со тоа не примале никаква стипендија, и со право се овие нивни реакции.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не сум спортист, но стојам цврсто да се подржуваат спортисти на секој начин, и воопшто нема врска дали завршувале последни или претпоследни, така почнува да се гради спортска традиција, сега 2-3 што ќе завршат последни, после 30-тина и така ќе почне да се издвојува квалитет. А особено ако од тука тргнат истренирани и опремени како што треба.

Нема никакво оправдание зошто неколку милиони да не се дадат за тоа. Поарно да не спомнам на какви глупости се флраат пари, еве нека не биде од Ск.2014 пример, еве пример 150 милиони за субвенции, голем дел од тие средства дадени на луѓе кои нива не виделе во животот, партиски администартивци и функционери кои накупиле имоти само заради субенциите, дури ги мрзи и да ги работат или да платат некој да им ги работи.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
^^ И двајцата атлетичари се во право, бидејќи МОК ги нема ставено на листата кандидати за олимпијада и со тоа не примале никаква стипендија, и со право се овие нивни реакции.
ова ми е чудно мене, како не биле ставени на списокот за ОИ а добија вајлд-карта !? :cautious:

Имаат најдобри резултати или шо !?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
ова ми е чудно мене, како не биле ставени на списокот за ОИ а добија вајлд-карта !? :cautious:

Имаат најдобри резултати или шо !?
Да, тие со најдобри резултати ја добиваат картата. Во пливањето, тие со највеќе ФИНА бодови.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Талент имаме премногу би рекол во самиот светски врв (ако се гледа само талентот) зашто ретко да има спорт во кој со правилни вложувања да не можеме да фатиме шампионско место ама талентот колку и да е јак без правилен тренинг и услови ќе пропадне што кај нас редовно се случува.

Од една страна ни е толку многу дадено како потенцијал а од друга страна потенцијалот неповратно пропаѓа, може е најдобро да се изнајмиме на 100 години на Германија ќе имаме шампионски титули во скоро секој можен и неможен спорт и вештина.

И кога луѓе што знаат спорт само од Плејстејшн почнуваат да ти кажуваат како треба да се тренира и зашто некој има или нема резултат станува трагикомично и секоја понатамошна дискусија бесмислена.
 
P

Princ

Гостин
^^ И двајцата атлетичари се во право, бидејќи МОК ги нема ставено на листата кандидати за олимпијада и со тоа не примале никаква стипендија, и со право се овие нивни реакции.
Нема што да им даде МОК, ниту пак нивната ваква реакција е издржана или разбирлива.
Ќе имале право да се жалат ако исполниле норма а МОК сепак НЕ им дал стипендија. Овие немаат норма, затоа и немаат стипендија. Ако МОК на некој што не исполнува норма (ништо страшно за еден спортист, обична норма, некој си минимум) му даде стипендија, јас ќе тужам бидејќи сум дискриминиран. И јас не исполнувам норма (бидејќи не сум спортист, разбирливо) а мене никој не ми даде стипендија.
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Princ ќе те молам да не ме цитираш со вакви постови кои се неиздржани со факти, испаѓаш смешен зашо ме цитираше повеќе пати а постовите не ти држат вода, очигледно контрираш намерно или пак навистина појма немаш од спорт. И те како со право се бунат, бидејќи ниту еден од стипендираните спортисти не исполни норма но сепак ја земаа таа стипендија, додека кај атлетичарите ниту еден не примал стипендија од МОК. И поради тоа муабетот ти паѓа у вода.
 
P

Princ

Гостин
Тогаш и јас ќе фатам да пцујам по МОК за да им ја одземе стипендијата и на оние спортисти што ја дала. "Спортисти" што не ги бива во спортот кој сами го одбрале никому не требаат, ни мене ко индивидуа, ниту пак на земјава. Глупости, се трошат пари на луѓе што не знаат (или не сакаат) друго да прават во своите животи, а и во спортот кој го одбрале не ги бива.
Да сум на власт со закон ќе го забранам спортувањето. Исклучок од правилото ќе бидат само оние кои постигнуваат врвни резултати, за норма не сакам да чујам. Нормата е за буљаши, минимум некој за да влезеш во "друштвото". Ако и тоа не можеш да го постигнеш (ко во случајов) /quit.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom