Не само овие,не се сите непресметливи.Има многу нормални луќе,немаат пари за леб а имаат по 4-5 деца.
И што немаат пари за кондоми,немаат ама да му ебам мајката,знаат да го извадат на време
Е па затоа у кина им е забрането повеќе од едно дете да имаат. Многу се, и немаат основни ресурси.
Глобално во целиот свет популацијата се зголемува, а тоа значи дека се потребни повеќе ресурси, индустрија, храна, вода, облека, транспорт. Зголемувањето на популацијата значи повеќе сиромаштија.
Сите ние знаеме дека не е исто да се прехрани една милијарда и 7 милијарди луѓе колку што сме денес на планетата. Сета таа храна треба да се откопа од земја, т.е да се одгледа а за тоа ке треба да се искористи поголема површина на плодната земја односно да се уништи дел од природата за ние да насадиме растенија на тоа место за да се прехраниме. Исто и за домови да се нарпават потребно е многу дрво, што значи сечење на шумите и уништување на природаа заедно со сите растенија и животни кои се прилагодени за живот во областа кај што растеле тие дрва. Потоа, облека, памук, треба да се посее многу повеќе памук, што значи дека природата на поголеми површини земја ке бидат уништени за ние да произведеме памук за да се облечеме. Транспорт и индустрија е најсериозниот проблем а истовремено и најпотребен за опстанок на човекот. За да се изгради фабрика потребно е голема количина на метал. Тој метал излегува од рудник, што значи повеќе дупкли во земјата треба да се копаат. За да работат тие фабрики потребно е нафта, повеќе енергија ке се троши за та се испумпа нафта од земјата.Таа енергија терба да се создаде во некои електроцентрали или термоцентрали, можеби нуклеарни централи. Но како расте побарувачката на енергија така треба да се отвараат нови постројки за создавање на ел енергија, што значи повеќе простор и дел од реките езерата и морињата ке се узурпират за градење на овие постројки.
Нафтата кога ке согори оди во воздух, што значи позагаден воздух за сите нас, не само за оние кои имаат повеќе ќар од нафтата, и тие ке го дишат истиот тој воздух. Сите ние со автомобилите секојдневно исфрламе милиони кубни метри ЦО2 замислете ако се дуплира човечката популација а во меѓу време не се пронајде решение за друг извор на енергија освен нафтата, колку ке се загадиме ние, и колку ке се зголеми т.е згусне таа позната стаклена градина. Ради таа стаклена градина што ние сме ја создале, мразот на половите на земјата се топи, и потоа морињата и океаните ке не поплавуваат.Се она што сме го граделе и се она за што сме трошеле ресурси, и сме ризикувале да бидеме загадени и со оштетено здравје, ке потоне во поплавата. Се прашувам дали ке верди сето тоа?
Ради таа стаклена градина сонцето ке не испече и затоа секоја година е се потопло, бидејки атмосферата и кората на земјата не може да се лади пошто стаклената градина не и дозволува. Ради таа стаклена градина ознонската обвивка која не штити од штетните виолетови зраци на сонцето е се потенка. Ако ја снема еден ден, на планетата и нема спас, што значи и нас ке не снема. Исто така и електромагнетното поле на земјата е се послабо. Тоа не штити од тие космички зрачења.
Сите овие промени се воглавно направени од човекот, ама пред да биде касно ние мораме да се освестиме, во спротивно, џабе сите се тепале за пари, џабе сме се тепале за развој на наука, за интелигентен развој, џабе сме се жртвувале за нашите деца да имаат поубава иднина. Џабе изгинале сите тие луѓе во војни и џабе некои биле окупирани од други, кога све ке снема или ке дојде на работ на истребување, тогаш ке сватиме колку ние сме мали, колку сме неважни и колку самите на себе си правиме лошо кое на сите ке се одрази.
А ако ние во скоро време не сториме нешто, природата ке го реши тој дисбаланс и на свој начин ке ни врати за целата таа штета што ме ја направиле, трагајки по поголем профит, и по усовршување на технологии и подобар животен стандард. Многу луѓе изгинале за ништо, тоа сега го гледам кога можам јасно да го видам крајот кон кој се движиме. А надеж има бидејки штом можеш да го видиш крајниот резултет во иднината, тогаш можеш и да го промениш и да избереш да појдеш по друг поубав пат.
Малку е глупо ова што ке го кажам бидејки сите ке ве испровоцирам но тоа е најправедно. Најдобро е сега сите луѓе од целиот свет да имаат по едно дете, за да ја намалиме популацијата и да ги намалиме последиците од потребата за користење на многу ресурси и енергија. Да се осврнеме кон обновливите извори на енергија (сонце, вода, земја) и да пронаоѓаме подобри начини за искористување на природните богатства, храната и развојот на индустријата. А најмногу треба да се сконцентрираме на отстранување на нафтата како примарен извор на енергија на човекот.
Така ке дозволиме природата полека да се опорави и да немаме ние последици од природни катастрофи.