Живот под отворено небо на + 40 без вода, струја и храна

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Локација
Erusalim
Петчленото сиромашно семејство Митреви веќе два месеци живее во колиба на периферијата од Охрид во близина на населбата Велгошти. Во импровизираниот дом направен од дрвени штици и стари килими и платна нема струја и вода. Родителите на трите малолетни деца со здравствени проблеми и ограничена способност за работа се без вработување, поради што морале да го напуштат живеалиштето под кирија и да се населат во природа.
7.jpg
-Тешко живееме без вода, немаме каде да се капиме, немам кај да перам. На работа одев откажав на 4 сати ме осигураа, а 8 работев и земав 6000 денари со кои неможам да го прехранам семејството и сега се пријавив во социјално, раскажува мајката Босилка.
-Јас туѓа нега земав сега ми ја скинаа бидејќи ги обновувам документите. Кога има јадеме кога нема, нема, со 3800 денари не се живее само за лекови не ми стигаат мене, бидејќи сум болен, вели таткото Ацо Митрев.
27.jpg
30.jpg
До неодамна со вода се снабдувале и се капеле на блиската река, која поради големите жештини пресушила, па така сега немаат ниту каде да ги извршуваат и најосновните хигиенски потреби. Најмалото дете има 6 години и проблеми со говорот. Не го однеле на лекар затоа што немаат пари. Највозрасното има 13 години и е ученичка во ОУ во Велгошти. Учењето и оди добро со оглед на тоа дека единствен извор на светлина на вечер и се свеќите што на семејството им ги носи локалниот поп Ромео.
-Немаш струја, немаш вода, а треба да учиш, имаш многу предмети треба да знаеш , вели највозрасното дете.
26.jpg
16.jpg

Митреви со години тропаат на вратите на институциите, барајќи да им биде решено станбеното прашање, но се што добиле се само неостварени ветувања.
-Градоначалникот ни вети помош, не му барам јас палата, само 100-на квадрати земја колку да си изградам една колиба. Се обратив со писмо и цд кај државата, не е до мене, не е до ваму, не кажуваат кај да се обратам, изјави Ацо Митрев.
25.jpg
2.jpg
Деновиве температурите достигнуваат до +40 степени, но наскоро доаѓа есента, која доколку некој не им помогне, Митреви не знаат како ќе ја преживеат и како ќе им овозможат услови на своите деца да се школуваат. Тие пак, имаат само една желба, институциите и добрите луѓе да им помогнат.
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=44409
kade e grizata na drzavata za ovaa grupa na lugje ???
 
нека изградат уште некој помочан споменик...сега му текна да прават историја,белези на Македонија...а во државата има толку многу фамилии кои се бездомни,болни,без најосновните и најнеопходните услови за живот...загрев...срамота...
 
Месечен надомест од 3600 денари, за петчлено семејство :facepalm:
Па добро бе функционира ли кај нас министерството за труд и социјална политика?
Имаме ли ние институција која се грижи за оваа категорија на луѓе? Или социјалните центри ни служат само како декор и за вработување на партиски војници пред избори?
Па само леб да јадат кутрите со 3600 и ништо друго нема да им стигне, а да не зборувам за други основни потреби.
Знае ли некој да ми објасни само врз база на што ја проценуваат висината на социјалната помош.

Предлагам сите 120 пратеници на чело со владата, сами поединечно (не со своите семејства) да им дадат 3600 денари, да ги стават да живеат во вакви услови услови 1 месец на температури од 40+, па да видам дали ќе им текне после да припосадат уште некоја жалба врба или ќе постават уште некој споменик.
Крајно време е државата да прогледа и да почне да се грижи како што доликува за оваа најранлива група на граѓани, навистина жалосно.
 
Ставно не знам како можат навечер да спијат со мирна совест воа ѓубрињава... :tapp:
 
Иначе да ви кажам ги знам луѓево .. живееја кај нас во маалата кај еден човек 1 месец и неможеа да му плаќаат кирија и одтогаш живеат во оваа колибава , средното дете Стефан е многу паметно доаѓа кај нас на игралиштето и секоја вечер е со нас али на родителиве им фали нешто не се баш точни со умот .. ни кажува дека го тепале јас што имав дома мали маици , шорцови , фармерки све собрав и му опднесовме домаму и сега родиттеливе не му даваат да носи маици нови туку шета со еден дрес од манчестер од руни што го носи 2 недели .. секој ден си оди сам на плажа потпеш , од галеб му имаат дадено месечна карта и секој ден кај сака се вози со галеб ...еден ден го зедов дома го најадов го истуширав , му дадов нова маица , еден другар му даде шорцови , и ми рече јас да не се викам стефан ко ке пораснам ко ке соберам пари ако не купам еден пакет батаци и сите да јадиме . Е ова ми го рече . Детето е премногу паметно а не оди на школо ...Иначе ја видов колибава пред 1 месец кај живеат и стварно жал ми падна али на родителиве уште еднаш ке кажам им фали нешто не се баш арни .. им дадоа пред 3-4 месеци нешто помош 30.000 денари и овај татково си купил ЛЦД телевизор и ДВД ... а леб немаа да јадат .... после тоа ги продаде .
 
Нека се вработи негде Стефан, ете има другарска помош од вас, мн ми жал за вакви деца, имаат памет имаат надеж ама ете до каде се :/ Некако помогнете му нека се вработи макар и на црно пичку матер и нека си зема некој денар :/

Срамота е до кае дојдено ова :/
 
Кај да се вработи бе другар 7 години имат .. :/Иначе тој не е останат гладен и ненапиен .. стално ке дојде на игралиште и сите ке му дадат по 5-10 денари и ке собере 60-70 денари ке си купи нешто за јадење и пиење , на плажа исто таму го ранат хамбургер , кока кола ..
 
Ааа јас си мислев поголем е , јебига, нека остани каков што си е паметен, да даде господ и секако вие другарите не му дозволувајте ако видете дека почнува да застранува, затоа што оваа група на деца во помладите години знае и да оди кон насилства, наркоманија, да се дрогира, пијани, да почне да дила барајќи некој денар, што ќе го доведи до крај....се надевам натаму ќе му биде животот добар :/
 
^^Ако се како што кажуваш родителиве, тогаш децава треба да им бидат одземени и вдомени. Неможе интелигентни дечиња да живеат со луди родители, да тие си се сакаат ама џабе кога не можат да преживеат. Децата да бидат вдомени, запишани во школо а родителите штом така постапуваат со децата, нека си се снаоѓаат.
 
Од едно зло во друго.Веќе си ги знаат родителите не се мали ако ги однесеш во дом ќе им направиш огромни проблеми.
 
Parite gi trosel na lekovi? What? Koi crni lekovi be, moe dete taka da go gledam nenajadeno i so skinata obleka pa i da se raspagam ke mu gi dadam parite nego samo da ne go gledam takvo.
 
Можеле новинариве од Охрид да им направат донаторски број по мобилниве оператори. Ќе собереме 5-6 илјади евра, со тие пари може да се дигне една карапија. Една соба да уреди за зимава па ќе си ја доправи малку по малку!

Срамота за државава, вакви луѓе растовараат цели шлепери со вреќи цемент, жито, шеќер и сл, за 1000 денари а здравјето ќе му се заебе за година две и ете ти го амортизиран со болести за кои државата ќе потроши повеќе за лекување отколку да му даде еднократна помош за да си направи пристојно живеалиште!

Ама не бе, кај нас државните темелите се рушат а овие менуваат стаклен покрив со колектори! Да им се исушат сите врби да даде господ!
 
Греота се вака луѓево за гледање. Ваљда ќе им се помогне.
 
нека изградат уште некој помочан споменик...сега му текна да прават историја,белези на Македонија...а во државата има толку многу фамилии кои се бездомни,болни,без најосновните и најнеопходните услови за живот...загрев...срамота...

Ај не се праи интелектуалец. Ако мислиш дека можеш свето да го спасиш се лажеш. Лесно е да седиш на столче и да паламудиш кој што направил, греота е ова што се случува и потребна е помош ама сите не можеш едноставно да ги спасиш од вакви услови потсети се само колку народ гине дневно во држави како Кина, Индија, Индонезија, Пакистан, Бангладеш, Турција, Египет итн...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom