- Член од
- 27 јули 2011
- Мислења
- 633
- Поени од реакции
- 241
Петчленото сиромашно семејство Митреви веќе два месеци живее во колиба на периферијата од Охрид во близина на населбата Велгошти. Во импровизираниот дом направен од дрвени штици и стари килими и платна нема струја и вода. Родителите на трите малолетни деца со здравствени проблеми и ограничена способност за работа се без вработување, поради што морале да го напуштат живеалиштето под кирија и да се населат во природа.
-Тешко живееме без вода, немаме каде да се капиме, немам кај да перам. На работа одев откажав на 4 сати ме осигураа, а 8 работев и земав 6000 денари со кои неможам да го прехранам семејството и сега се пријавив во социјално, раскажува мајката Босилка.
-Јас туѓа нега земав сега ми ја скинаа бидејќи ги обновувам документите. Кога има јадеме кога нема, нема, со 3800 денари не се живее само за лекови не ми стигаат мене, бидејќи сум болен, вели таткото Ацо Митрев.
До неодамна со вода се снабдувале и се капеле на блиската река, која поради големите жештини пресушила, па така сега немаат ниту каде да ги извршуваат и најосновните хигиенски потреби. Најмалото дете има 6 години и проблеми со говорот. Не го однеле на лекар затоа што немаат пари. Највозрасното има 13 години и е ученичка во ОУ во Велгошти. Учењето и оди добро со оглед на тоа дека единствен извор на светлина на вечер и се свеќите што на семејството им ги носи локалниот поп Ромео.
-Немаш струја, немаш вода, а треба да учиш, имаш многу предмети треба да знаеш , вели највозрасното дете.
Митреви со години тропаат на вратите на институциите, барајќи да им биде решено станбеното прашање, но се што добиле се само неостварени ветувања.
-Градоначалникот ни вети помош, не му барам јас палата, само 100-на квадрати земја колку да си изградам една колиба. Се обратив со писмо и цд кај државата, не е до мене, не е до ваму, не кажуваат кај да се обратам, изјави Ацо Митрев.
Деновиве температурите достигнуваат до +40 степени, но наскоро доаѓа есента, која доколку некој не им помогне, Митреви не знаат како ќе ја преживеат и како ќе им овозможат услови на своите деца да се школуваат. Тие пак, имаат само една желба, институциите и добрите луѓе да им помогнат.
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=44409
kade e grizata na drzavata za ovaa grupa na lugje ???