Ај што ве мрзи да пишете нешто кратко на сајтот, ве мрзи и да линкувате. Дајте бе нема смисла, договорете се барем по една информација во денот да има. Навистина немам време ни пристап до интернет редовно ама ќе гледам повремено да уфрлам по нешто, колку можам. Срамота е ова, станавме бетер од Панче.
И ај кога веќе се логирав да пишам на кратко за трансфер мајндфак зезалициве:
- Не сакам да сум во право ама нешто ми смрди со овој Паулињо. Дечкото го поседуваат три компании и сите се согласни да го шитнат за околу 8 милиони, т.е. да земат по нешто ситно од него. Или не е некој потенцијал или е болен од нешто, не знам што да речам. Како и да е, изгледа дека заради него се откажавме од Поли па нека им е со среќа. Верувам дека ќе го земеме.
- Лукас е фудбалерот за дистракција од проблемите ова лето. Секое лето имаме по еден. Колку е несериозна работата зборува тоа што Бранка 8 пати по ред (демек) понуди иста сума: 25 милиони. Ќе мислев дека сака да им досадува до смрт ама поверојатно е дека тоа се само тв-понуди а во суштина нема ништо. Ова со позајмицата на Кутињо е супер глупо, за среќа не е вистинито. Прво, ако го пратиме втор пат на позајмица детето ќе го убиеме секој грам самодоверба во него а и мотивацијата во иднина да игра за клуб кој го шитка кај ќе стигне. Второ, ништо чудно ако Кутињо со неговото искуство во моментов не е и подобар од овој за кого бараат 30к а освен јутјуб Кварежма финти ништо нема покажано. Така да, добро што не можеме да го платиме.
- За Цезар си кажав што имам и му напишав еден убав сентиментален артикл.
Ве поздравувам сите и (админи) бидете малку поактивни, колку што се може.
Io out.