Врски за вработување - ваше мислење?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
многу е и важно дали си тукашен или од.....( ............... )
ако си од некаде ич не му се секирај,ќе се најде некој земјак
ако си од никаде ,џабе ти е се
 
O

Orion.

Гостин
Ако си албанец веќе те гледам како административец. Ако дипломираш ќе бидеш најмалку министер:sneaky:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Ако си албанец веќе те гледам како административец. Ако дипломираш ќе бидеш најмалку министер:sneaky:
ако пак имаш и 6 месечна теренска пракса во шума,по дипломирањето
веќе ти е осигурано - прво вработување - заменик премиер
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
нека не те лажат учи си ти, ако те бива, секако ќе се снајдеш
da, ucu si zavrsi si fakultet i zaposli se vo GTC kade sto ke ti bide direktor Amdi bajram so 4 odelenie,a ti cuvaj si ja diplomata vo geb i tresi se dali amdi ke te izbrka od rabota
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
мој совет учи сепак знаењето неможе никој да ти го земе :Р
ај можеби некогаш ќе се смени нешто во државава а до тогаш ...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
:)

Потешко е без врски но далеку од невозможно.
Од друга страна без факултет би му било екстремно потешко.
Од друга страна, се надевам дека полека работите ќе се менуваат во оваа држава и ќе се цени квалитетот пред непотизмот.
и јас сакам да дојде ова што го викаш,
ама никако да стартува,ќе изумреме нема да дочекаме
треба бар да има ред во вработувањето,
еден вработен во семејство,или при створување на семејство,
мислам младо семејство и со деца а никој не работи,
затоа треба вработување и преку завод,за такви случаји
потоа вработување на најдобрите ( што сега не е пракса)
на пример на прогласените најдобри студенти и магистри
на кои местата им ги земаат некои никакви само затоа што се нечии,
и затоа не ни оди напред државата.
На пример се прима за професор во О.у. или средно некој што едвај завршил,да не кажам и неписмен,а сега треба да ги учи и другите,
а од истата струка најдобриот 10 години чека работа,но од таквите
најчесто дојденци не може да дојде на ред за запослување.Поради тоа
што тие се од некаде од каде е некој братчет нивни,а сега во некое
министерство, кој и самиот дошол на тој начин или пак партиски,или со некое директорче од Дебар биле комшии, и сл.
А за рамковците - ѕиврашите да не правиме муабет,ќе се видат резултатите и маките по неколку години,кога сите нивни пак ќе сакаат
во администрација (или во шума) а никој на нива.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.734
Поени од реакции
8.752
Многу викаат дека единствен начин да дојдеш до работно место е со врски. Но дали е навистина единствен ?! Сакам да знам дали постојат и такви што се запослуваат со учење. PS (ми треба мотивација за да продожам да учам, но да знам какви ми се шансите ) пр. Јас не сум некој што многу се експонира, односно немам врски. Колкави ми се шансите да успеам ? Учам економија, дали би имал потешкотии ако немам врски ?
Да, ќе имаш потешкотии ако немаш врски, добредојде во клубот.
И не, не се откажувај, упорноста секогаш на крајот се исплати.
Во најмала рака, доволна мотивација е ти да бидеш паметен и образован човек. И да, има ,,врски,, кои се стекнуваат. Запознавањето луѓе и презентирањето на сам себе како вреден и чесен, а секако и компетентен, сигурно еден ден ќе ти се исплати.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Кај нас со Економски факултет ги има многу кои чекаат работа.
Фаќај патот за странство џабе изгубени 4-5 години ако немаш врски. Тоа ти е изгубени 60 месеци работа во странство а таму платата е над 3000 евра.
Имам работено 2 години на брод а тука тие пари нема да ги земам за 10 год макар би бил и вработен во стопанска банка, т-хоум или евн.
Ќе си заработиш ќе се дојдеш и можеш да започнеш приватен бизнис.
Тука најголемите бизнисмени се без диплома а со длабок џеб.

Кај нас сега секој втор има завршено факултет и да имаш диплома е исто како да имаш возачка дозвола а да немаш кола. ;)
 
P

Princ

Гостин
Колку си самоиницијативен на скала од 1 до 10 (1 е ич)?
 
O

Orion.

Гостин
Кај нас со Економски факултет ги има многу кои чекаат работа.
Фаќај патот за странство џабе изгубени 4-5 години ако немаш врски. Тоа ти е изгубени 60 месеци работа во странство а таму платата е над 3000 евра.
Имам работено 2 години на брод а тука тие пари нема да ги земам за 10 год макар би бил и вработен во стопанска банка, т-хоум или евн.
Ќе си заработиш ќе се дојдеш и можеш да започнеш приватен бизнис.
Тука најголемите бизнисмени се без диплома а со длабок џеб.
Секој втор има завршено факултет и да имаш диплома е исто како да имаш возачка дозвола а да немаш кола. ;)
Затоа батали факултет и иди во странство да бидеш келнер на брод
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.639
Поени од реакции
35.179
Како беше она? Знаењето е сила, знаењето е моќ,,,


Упс,,,тоа беше само за на телевизија, во реалноста пожелно е да имаш или вујко владика или партиска книшка, за жал :(
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Како беше она? Знаењето е сила, знаењето е моќ,,,


Упс,,,тоа беше само за на телевизија, во реалноста пожелно е да имаш или вујко владика или партиска книшка, за жал :(
вујче немаме
ама книшка имаме и тоа сите седум колена наназад (од Горно Лисиче)
Ама секогаш има некој кој ќе превари, и тој со книшка
Ама од Дебар,или Демир Капија или Делчево, а тоа овде се цени
 
М

Мартин`

Гостин
Кај нас сега секој втор има завршено факултет и да имаш диплома е исто како да имаш возачка дозвола а да немаш кола. ;)
Секој втор има завршено факултет а секој 7-8ми има навистина знаење а не само диплома ;)

До авторот на темава ти учи си па ќе се потрудиш и да си најдеш работа, ете дома имавме студент кој веднаш скоро неполн месец по завршувањето (на економски факултет) успеа да си најде работа. Сигурно ако не си партиски ориентиран и активен нема да најдеш работа во државна администрација ама повеќето приватни фирми не ги интересира партија туку знаење односно дали ќе можеш да им допринесеш и направиш пари во фирмата а не дали си ВМРО, ДУИ, ДПА или пак некоја др партија.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Ти имај го знаењето, па после лесни ке ти биде :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom