Ваша поезија!

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Born to die...

Burning in my heart, rage is erupting in me...

Burning in my heart, smoke all around...

Clarity is lost...

The vision fades away...

I am scared to death...

No more hope to pray...


Do as they will...
Be as you feel...
Truth will find you the day...
When you are no more afraid...

Death is inevitable...

Death is unforgivable...

Death is so damn cynical...
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Дуалност...

Ох, имам ли јас некаква вредност во тебе...
дали си свесна ти за мене...
дали ме осеќаш кога сум во движење...
или нечуен е мојот од...
Но знам, кога јас не сум...
тогаш свесно протекува вистината од тебе...

тотално ме нема, отсутноста ме зема...
низ воздухот звукот од мојата празнина...
те допре тебе за ти да станеш дел од мене...
но мене ме нема за тебе да те има...
доколку вредев врати ме назад...

Безчујно и среќно умирам во тебе, претопен во мракот создаден сам од себе...

Ом, одново роден, блескава молња, феникс во ноќта...
центарот собран во црната дупка, универзумот пукна...
звучна вибрација низ светлосна призма...
се шири просторот во вечна катаклизма...
хаосот вешто се синхронизира и космосот одново се манифестира...
--- надополнето: Jul 3, 2012 7:01 AM ---
Персони...

Лажни насмевки и вешти потези, се ежам од таквите односи...
ноншалантно низ животот се движат, со многу лица за секоја ситуација, спремноста е нивната одлика...
нивната цел е да стигнат на врв па дури и по цена на нечив туѓ грб...
Но бедните тие, сеуште не дознале дека врвот не постои...
во нивната игра има само рамнини, и суви пустини...
пресушиле тие ко вештачко езеро, ни жедта не си ја познаваат...
Но мојата надеж за нив се уште постои, имам верба во смрта...
само таа во шок може нив да ги освести...
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Населени надежи

:)
Птиците измислуваа радост
јас со сонот говорев
птиците нека те водат
радост на трпеза.

Убавините надошле
до кај гледаат очите
цвет може да никне.

Деновите се пролет
лето плодна месечина
соновите есен богата
зимата бела природна.

Во секоја зора од душата..
:)
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Плачот на боговите...

После ноќ доаѓа ден...
После дожд доаѓа сонце, барем така велат...
Али замене сонцете не грее веќе...
Бура одалеку ја гледам и смело ја чекам...

Ме накисна тагата небесна, низ дождот од тешките облаци...
Се растопи снежната покривка...
И се виде душа оголена...

Плачот на боговите ечеше во секоја капка од дождот...
Но овој плач ќе да е на арно...
Ми мириса на радост оваа влажност...

Една капка преставува море...
Се нурнав во капкатa ко галеб во лет...
и го пресретнав овој боженствен дар...
ја угасив жедта барем за момент...
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Привидение...

Времето одминува...
Надежта избледува...
Што ли останува...
Темнина ме обзема...

Но во мракот вечна пространост...
Создавам светла сегашност...
Низ темнини, светлини проблескаа...
Затегнатите жици затреперија, го видов танцот на доблеста...

Се насмевна тагата...
Се расплаче радоста...
Проговори сомнежот со решителеност...
Топејки се сантата мраз, изчезнуваше во океанот без да остави траг...
Рушејки ги висините...
Прдирајки во длабочините
Се видов себе си на самиот праг...

Суштината на Тишината е да се разигра во екстатичен танц...
На без-звучната Музика...
Ехото на Љубовта и Вистината...
Во Празнината...
 
L

Ligeia

Гостин
Полиморфен скептик

Намерата да имам
живот во форма на конус.
Затоа што дното е круг а крајот е и почеток
кога ќе се преврти наопаку.
Можеби сум само заљубена во фигурата,во геометријата.
Можеби.
Зборот поврзува цели патешествија,
нуди пасивност и обликува религиозна глина.
Расипува фрази и побива теории,
успива навики и задоволува илузии.
Колку само им е лесно на заљубените...навидум стоиците.
Умереноста е расиплива целина,лесна
но досетлива како темнина пробиена со
стар египетски трик изведен со огледала.
Имаше времиња кога бев заведена од
ѓаволот на первезноста,
го слушав и заспивав,
го слушав и повторно заспивав за да се разбудам во
свет без земја потопена од океан.
Можеби.
Можеби сум само заљубена во идејата
за новородена утопија легната врз подлогата на конусот.
Поставен на висина,без телото и почетокот видливи
тој на кружна плоча наликува.
Намерата да имам живот во форма на кармичен круг.
Никогаш.
Можеби затоа што ја мразам
таа дистрофична,геометриска фигура
и затоа што уроборос всушност не постои и
кругот од никаде не започнува.
Можеби затоа што линијата помеѓу
љубовта и омразата е мембрана пермеабилна
а јас живеам во време каде злото е еликсир
а добрината,камен на мудроста.
Можеби.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Хаику...

Спој на сонце и земја...
Оган и вода...
Сончоглед се манифестира...
Како во огледало во сонцето гледа...
И само себе се рефлектира...

Месечината подло лажира...
Крадејки, на вечерното небо во сонце се маскира...
Но реалноста е дека никој не ја регистрира...
Како матно огледало е таа...
Самата себе лажно се експонира...
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Седам пред каменов

Го гледам каменов и мислам на тебе,
гледам подолго и се гледам самиот себе,
сакам да продолжам но нешто ме запира,
дожд солзи одеднаш почна да навира.

Тврд како камен, мек како птица,
дали сум тоа јас или едно од моите илјада лица,
сакам да ти кажам (нешто) но незнам дали треба,
моето срце умира, плаче, и се повеќе се стега.

И скоро ќе пукнеше кога дознав дека имаш дечко,
реков ок, јебига, ќе изигравам смешко,
но НЕМАШ ПОИМ колку ми беше тешко,
си реков: воздржи се, можеби е мраз, но ќе стане жешко.

НО КОГА? Кога ќе го сватиш тоа,
и ќе престанеш да изиграваш невина,
доста со таа преубава насмевка, направи нешто, смени ја,
замени ја (можеби со бакнеж)?
ех моја надеж, ех мој копнеж...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Потсвест

Се разбудив во вакви мисли
да ли ме памти папаглачето
како што ме памтеше дур беше
на овој свет заедно со мене?!
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Таман тема за мене... Поезијава е напишана во 6то одделение!


--- надополнето: Jul 12, 2012 5:48 AM ---
Од две очи јасни ко море,
заблеснаа искри од јад и бол,
со презир кон секој што пријде
претворени во лик на змеј,
од стотици фаци безлични
фаци од лажни и блиски дволични .
Како бунтовник со причина
или како ранет лав, разбеснет,
бранеј ќи го своето јас,
со голи раце и огромен бес,
со глас на крик што се рушеше ,
влезе во бој ламја да уништи,
да уништи од него одвратни мигови,
како слика од нејзино минато.
Изморена од безвредна борба
посака и се пронајде пред пустина долга,
без патшта, без насока да се повра ти
во животна бездна.
Од очи солзи се разлија
солзи кoј пустина во море пртвори,
со надеж дека ке исплива,
од води безнадежни во води љубовни,
во кои секој ке ја разбере
со љубов и доверба ке ја напои.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Патот на воинот...

Два гулаби слетаа на дрвото на животот...
Тоа ги пречека со плодови на радоста...
Обновени во непар одлетаа во младоста...

Се стопија границите на проѕирните ѕидови...
Се прелеаа енергии насобрани...
Вечноста повторно во тишина се наежи...
Трепетот на срцето се разнежни...
И во заборавот свој потсети...

Во густата шума од мисли...
Тивкиот глас на воинот се осети...
Воинот небаре од сон како да се пробуди...
Бувот во темници патот му го осветли...
Со очите ширум отворени...
Волците друштво му правеа...
Змиите со мудрост го советуваа...
А спонтаноста му беше патоказ...
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Денес не се чувствувам болен,
супер сум, среќен, задоволен,
желбата за љубов веќе помина,
ќе дојде ли пак, може за некоја година.

Сега е со дечко и, но ќе свати,
дека оваа прилика нема да се врати,
несакам да изигравам нарцис,
но сум работел на себе, може година, два три.


Искрено незнам од кај имам ваква инспирација,
убави мисли, движења, фина гестикулација,
што да правам сега, можеби само ќе уживам,
ако се појави љубов пак, повторно ќе се инспирирам.

Поздрав

P.S. Би ценел фидбек од osho и нихилиста, гледам дека тие се активни тука со нивната интересна поезија.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Денес не се чувствувам болен,
супер сум, среќен, задоволен,
желбата за љубов веќе помина,
ќе дојде ли пак, може за некоја година.

Сега е со дечко и, но ќе свати,
дека оваа прилика нема да се врати,
несакам да изигравам нарцис,
но сум работел на себе, може година, два три.


Искрено незнам од кај имам ваква инспирација,
убави мисли, движења, фина гестикулација,
што да правам сега, можеби само ќе уживам,
ако се појави љубов пак, повторно ќе се инспирирам.

Поздрав

P.S. Би ценел фидбек од osho и нихилиста, гледам дека тие се активни тука со нивната интересна поезија.
Батали што си запнал толку...
има милион други цури бре наоколу...:P
 

TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Еден битен совет во врска со пишувањето поезија.
Постојат два најбитни начини на пишување, едниот прозаичен, другиот поетичен:
Проза: Колку е убава твојата коса
Поезија: Твојата коса, колку е убава (или Твојата коса, о колку е убава)
============================
Или за песната патот на воинот (претходно напишана)
Прозаично:
Два гулаби слетаа на дрвото на животот...
Тоа ги пречека со плодови на радоста...
Обновени во непар одлетаа во младоста..

Поетично:
На дрвото на животот, два гулаби слетаа (Но не и вака: На дрвото на животот, слетаа два гулаби)
Со плодови на радоста тоа ги пречека,
обновени во непар, во младоста одлетаа. (има и рима: слетаа и одлетаа)

Мене вака подобро ми изгледа...
т.е. Подобро ми изгледа, мене вака:)
Поздрав!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom