... за да се игра на таква резолуција ќе треба најмалку crossfire config.
( review @ guru3d.com ) незнам кој би ја купил графичкава за да игра Half Life 2 на 6 екрани ^^.
btw си ги испомешал работиве со генерацииве ама nvm ...
Btw ... Мислев дека досега Psyside ке свика " Bloody Murder " ама гледам дека не реагира па ај јас да кажам ... Гуру 3д ревјуто не е ко шо треба напраено , и самите кажват таму дека поради Феномот има Bottleneck за графичката . Ке почекам за ревју со I-7 980х или барем I-7 920 за да кажам дали има проблем со ФПС .
Е сега ко веке сум обвинет за фен бој на Ати / Амд ( не велам дека не сум али во овај случај стварно се трудев да сум објективен )
Ајде сега вака да ги размислиме работите ( сега стварно нема да сум објективен ) ...
Гт 480 колку што имам видено по бенчмаркови на лоад шмука максимум од 450 - 460 W . HD5870 Е6 при лоад колку шо најдов до сега шмука 360 W ... Клучно прашање : „ Зошто би купил поскапа графичка и 100 W посилно напојување за само 5 - 10 % подобри преформанси ? “ ( чисто за објаснување 5 - 10% подобри преформанси значи дека ако едната вади 50 ФПС другата ке вади 45 во случај на најголема разлика ).
Второ : Одиме сега на елементот со 3d или eyefinity .Значи тука ке кажам само дека и двете технологии ги поштовам ... И двете се чекор напред .
Али гледано вака еден 3д 22“ монитор е 300 $ средна цена , ако сакам нешто поголемо од 22 цената расти линеарно за да се стигни до 60“ лцд и плазми со 3д подршка кои се околу 1200 $ ... И при тоа добивам само една работна површина , и морам секогаш да носам наочари за сонце кога сакам да ја искористам функциата . За човек која го користи компјутерот само за играње или за 3 д моделинг ... ова можеби е опциа . Ама е сепак скапа и реално не практична .
Од другата страна е Eyefinity . Добиваш таму 6 пати поголема работна површина од нормално , притоа секоја работна површина можеш да ја користиш релативно независно од другите .
Јас знам системски администратори , програмери , дизајнери итн итн итн кои веке години наназад купуваат специализирани карти за мулти монитор подршка за да ја зголемат својата продуктивност и за полесен мулти таскинг . Е сега тоа го имаат и во мејн стрим . И да не заобравам дека сет ап со 6 20 “ монитори ке ве кошта - 700 - 800 долари а се добива површина рамана на плазма од 60 “ со 6 оделни површини за десктоп работа , А за филмој и игри гледаме преку цело нели .
Да сумирам ... Eyefinity практично и полезно за многу луге и поефтино , 3д ,не толку практично , одговара на мала група на потрошувачи , и скапо . ( притоа треба да се кажи дека и ати имаат драјверска подршка за 3д . Во бета верзиа може да се најдат на сајтот нивни . А Нвидиа доправа треба да не изненади со 3д сараунд технологиата која требаше да ја пуштат со Гт480, и генерално е ајфинити за 3 - 3д монитори . Најавена е ,ама не се знај кога ке излези )
Трето : За некои ова е најважно , за мене лично игра улога при избор ама не е пресуден фактор . Значи за 5 - 10 % подобри преформанси разликата во температури мегу HD5870 и GT480 e Цели 30 степени под лоад до сега колку што имам видено . Гт 480 под лоад има температури од 94 - 96 степени ... Чисто за ваша информациа вода врие на 100 , масло на 80 .
Заради таквите температури за прво не долази у обзир да се клај ГТ480 или Гт470 во помало кукјиште со ограничен проток на воздух , заправо нема смисла ни да го затварате кукјиштето ... Ако го оставите отворено ке ви ја топли собата во зима . Или пак ако играте нешто можи и кафе да си топлите на неа .
Единствена друга графичка кај која имам видено вакви температури е HD4870 x2 али то е изведба со две GPU -а на една плочка така да е оправдано ( јебига дури ја имав морав серверско куќиште да користам за да и обезбедам доволен проток на воздух за да не греј до 90 ) , а ова со ГТ480 , не е пошто е еден чип .
Има и четврто , и петто , и шесто . Али ако тргнам да завлегвам во причините зошто точно гт 480 е масивно промаршување за нвидиа ке изгледа ко да сум стварно АТИ фен бој а пак и ме мрзи да пишам . Да сме сериозни ЈАс лично гт480 и гт 470 не би му ги препорачал на никој заради овие погорниве причини .
Нвидиа крена фама за Ферми , сите очекуваваме да достават нова технологиа која ке не воодушеви и ке ни ја врати вербата во нив после 5 години не изваено ништо ново . Али се извинувам дечки , нити е добро то шо го извадоја , нити пак вреди за парите шо треба да ги дајш за него .
Слободно викајте - ме фен бој или што и да е . Ако изваеа нешто добро и шо вреди , ке ги поздравев и ке кажев шо е доброто во него , можда ке кемкав за то дека му плакјат на развивачите на игри за да работат со PhysX и за оптимизациа на игрите за нвидиа ( шо го сметам за не фер играње и од нив и од интел ) али ако беше добро ке признаев .. .ама не е добро !!!
Нвидиа секогаш беа лугето со иновациите . Ати секогаш е една генерациа назад во однос на то нвидиа шо го прај , али секогаш се со подобра цена . Нвидиа ги поштовам заради то . Али овај пат , исто како и со FX5xxx сериата стварно подфрлат . И како што реков , сметано дека чипсетите ги изгубиа , овај промарш за нив можи и да е фателен .
Толку од мене !