Abramovic frli preku 500 milioni ako greasan neka me popravi nekoj pa osvoija liga sampioni na kraj.
Sea ako zel nekoi igraci i potrosill 100 milioni pak ce golta prasina od manchester utd
glavnata greska na inter ja gledam tuka po osvojuvanjeto na tripletoto trebase da se prodadat 1 ili dvajca 30 godisni igraci i da se zamat pomladi ce bese pobezbolno za gjebot na moratti (igracite bea zasiteni od tituli) sea mislam deka toa toj go svati i zatoa se ovie drasticni promeni vo klubot od upravata do igrackiot kadar
Ти, фан на Интер, му го забележуваш тоа?
Абрамович е во Челзи 8 години за кои освои 11 титули со можност за додавање на уште неколку оваа есен. Има 3 титули од Премиер, од кои првата ја освои за 3 години одкога го купи клубот. ЛШ освои 8 години од кога го купи клубот, со тоа што беше еднаш во финале и уште неколку пати во полуфинале низ годините, значи активен учесник во финишот.
Морати е во клубот веќе 17 години, за кое време има 16 титули од кои 5 во Италија, кои дојдоа последователно после дури 11 години непрекинато вложување на пари(веројатно), после една од најголемите кризи во Италијанскиот фудбал, која ефективно го остави Интер без конкуренција. Лш освоивме после цели 15 години, одкога Морати го презеде клубот.
Така да dont go down that road, ако им ги мерат така на тајкуните што дојдоа да си играат, нашиов најлошо ќе помине.
А и кој колку вложил точно е невозможно да се знае. Нема никој аутсајдер такви податоци, јас тоа можам да ти го гарантирам. Остај ги тие новинари што вадат стално информации и статистики, и некакви финансиски показатели, и за клубовите и за нивните сопственици. Тие се медиумски филтрирани квази-информации на тепка наменети за некоја определена публика со некаква агенда, како и сите други информации во медиумите. Ниеден фудбалски клуб не котира на берза ни дава јавни понуди за да мора да става во јавноста проверени финансиски извештаи, за кои ќе биде одговорен. Дури и да мора, и тогаш е скоро невозможно обичен човек да знае кој што правел со неговите средства. Тие работи се малку покомплицирани од купување на патлиџани за пари на пазар.
Дури и да се вистина тие 500 милиони и сите тие други информации, тоа само по себе не е релевантно. Релевантни се резултатите. Релевантно е во каква состојба ти е објектот на инвестирање. Сите клубови примаат пари од страна, во сите се инвестира од страна. Во сите бизнис гранки се инвестриа од страна. Тоа е нормално во економијата, така се развива таа.
Дали преку заеми од банка, заеми од мнозински акционер, зголемување на капитал, членарини на фанови, сите клубови се финансираат на ваков или онаков начин од страна.
А Абрамович е прво и основно бизнисмен и тоа многу добар. Он сам си го има на ист начин стекнато богатството и затоа знае дека ваква шанса не смее да пропушти во никој случај. Затоа сега уште повеќе ќе си го засили брендот, ќе го направи покомпетитивен клубот и ќе проба да си го задржи местото на кое толку се потеше да стигне.
Нашиве им требаа 2 години за да ја прослават тројната.
Тоа е став за фанови не за луѓе што го водат клубот.
Знаеш што направи Абрамович кога дојде. Го донесе оној Кенион, си ја зголеми фан базата, го испромовира брендот на сите страни во светот, работеше на маркетингот и оп за неколку години Челзи меѓу најбогатите клубови во светот. Сеа гледам и стадион ќе гради, ако не се лажам. Слично е и со Сити, кој тек ќе расте.
И самиот Морати и другите газди низ Италија си ги искористија своите 5 минути на катстрофален начин. Побитно им беше да седат секој натпревар на стадион него да мислат за иднината.
Челзи гради страшно конкурентен тим, еден од најдобрите во светот и ни покажува како требаше ние да постапиме во тие услови. Го земам за компарација зошто е многу сличен како клуб и како менталитет до нашиот.
И иако сите сеа знаеме што требаше да се направи, треба да се потенцира дека тоа не беше направено, баш сеа кога имаме пример за тоа.
Се слагам за старците и нивните плати, though.