Најубаво некој што живее таму да ни каже,од прва рака
Тие што живеат СЕДАТ ТАМУ -НЕ СЕДАТ НА КАЈГАНА
--- надополнето: Jul 11, 2012 4:59 AM ---
Среќа што нема жртви...само така е кога сега има милион градежни фирми кои врска немаат, и проектанти исто така а инвеститори милион...
што не се сруши нешто маврово, бетон, гранит што направиле?
Кој ја правеше на времето Стоковна куќа Мост (сигурно не Паланчани на диво).Тогаш и немаше мали фирми(1972 - 1973)
Предната тераса многу масивна беше со голем „канал„ за цвеќиња.
Кога ги тргнаа гредите веднаш се прекрши,и така ја оставија-падната.
Абдали,не ставиле арматура(како и во овој случај) туки тел за чател.
--- надополнето: Jul 11, 2012 5:32 AM ---
Ееее водно е токму тоа што името ни нагласува Водно=Водено, мокро. Штом е мокро тоа значи дека има лизгава земја, а бидејки зградите се правени без стандарди, од страна на урбана мафија, се знае кој ке биде исходот во случај на пролизгување на земјиште или земјотрес.
Скопје 1963 ноќта помеѓу 4 и 5 октомври.
Место: шаторската населба на Водно (некогашна Панорама)
Население: 4000 жители.2ооо од разурнатиот град.и 2000 спасувачи.
Луѓето ( и јас) посебно ќе ја паметиме оваа ноќ,3 месеци по земјотресот.
Таа беше најстрашна ноќ после катастрофата.
Дожд врнеше,непрекинато проследен со силен студен ветер и грмежи.
Водата влезе во шаторите и ги навлажни и постелите,иако ние бевме качени на двоспратните железни кревети.
Луѓето ноќта ја поминаа на нозе,или во борба со водената стихија.
Некои шатори летаа во воздух,а некои пливаа во водата.
И земјотресите таа моќ беа посилни.
Толкав дожд,таков немало од тогаш до сега.
Во Скопје имаше 27 шаторски логори-населби-повеќето настрадаа.
Настрадаа и некој куќи и згради во градот-се урнаа.
Најповеќе настрада шаторската населба „Парк“ - 10.ооо жители.
........................................
Деца,пазите што правите ,не сте виделе и доживеале Рушење.
Во Скопје ќе се градат станови се додека има кој да ги купува,
парите од тутунот,френките и бостанот одат во нечии џебови
неколку години црнчење на нивјено,за еден скапан кафез во Скопје
и потоа ќе сонуваме Јас сум од Скопје.И ќе кажуваме на овдешните.
Сум платил бре,скопјанец сум и ќе се гушам-живеам тука.
ДОДЕКА НЕ МИ ПАДНЕ ЗГРАДАТА -
..........................................
од дедо толку, па сега вие си знаете