Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?

  • Вкупно гласачи
    100

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.924
Поени од реакции
8.801
Гастон Рамирез - 16
Демспи - 10
Борини - 8

Добро дадени 34 милиони за трансфери? Јас вака би бил презадоволен. Али ова е под услов од следната сезона и младинците да бидат повклучени. Со тоа што ќе останува Кол и Стерлинг ќе игра во првиот тим значително би го ојачале нападот. Керол, Суарез, Белами, Даунинг, Борини, Рамирез, Демпси, Кол, Стерлинг, па и Макси ако остане. Ова според мене би била фантастична офанзива, подобро амин!

По средината да ги имаме Стиви Џи, Лукас, Хендо, Адам, Спиро, Аквилани, Шелви, па и Сусо и Коуди.

Одбрана: Агер, Шкртел, Кара, Коатес, Вилсон, со Виздом како младинец во интеграција. Фул бекови Џонсон, Кели, Флано, Енрике и Робинзон.

Wow тек сеа кога го напишав ова сфаќам колку топ состав би можеле да имаме. Едино што би фалело е еден бекап лев бек. Се надевам дека не се надевам напразно само...
само да ти кажам која логика е Рома ова лето да го откупат Борини за 8мил и сега да го продадат за 8мил на Ливерпул, значи играчот реално би го продале за некоја сума од 13-14мил ..

и да Борини е добар и надежен фудбалер, лани во Рома во првата сезона покажа дека е добар, значи многу трча и се залага, целта му е да постигне гол, малку е себичен, сепак напаѓач е и сака да постигнува голови .. Бирини е напаѓач кој многу трча знае да се најде на вистинското место, со некој техника неможе да се пофали, но баш оноа напаѓач кој би давал голови ;)
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.825

Толку ќе биди. Колегата погоре смешал малку со цените баш вчера сакав да го исправам ама сум заборавил. Борини едно 12-14, Демпси не можи и не смее да е поскап од 7 милиони а Рамирез би коштал едно 20
Едит колегата веројатно мислел на фунти така да точни му се сумите
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Толку ќе биди. Колегата погоре смешал малку со цените баш вчера сакав да го исправам ама сум заборавил. Борини едно 12-14, Демпси не можи и не смее да е поскап од 7 милиони а Рамирез би коштал едно 20
Едит колегата веројатно мислел на фунти така да точни му се сумите
Тоа е тоа... :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Борини е новиот Инзаги бре, прекинете веќе со дилеми околу играчот. Ќе имам играч поради кој ќе ми биде мило да го гледам Ливерпул кога ќе биде на СпортКлуб, едноставно тој е дете на Челзи, и дур играше за Акадамијата на Челзи беше најдобар стрелец. Извонреден напаѓач, многу ми е криво што го испуштивме, но ние трошиме на играчи како Торес, а супер напаѓачи ко Фабио се во сенка.:(
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.825
Борини е новиот Инзаги бре, прекинете веќе со дилеми околу играчот. Ќе имам играч поради кој ќе ми биде мило да го гледам Ливерпул кога ќе биде на СпортКлуб, едноставно тој е дете на Челзи, и дур играше за Акадамијата на Челзи беше најдобар стрелец. Извонреден напаѓач, многу ми е криво што го испуштивме, но ние трошиме на играчи како Торес, а супер напаѓачи ко Фабио се во сенка.:(
Нема никакви дилеми тука. Неспорно е дека се работи за добар напаѓач. Работата е што можи Керол да летни па да останиме само со Борини и да се чудиме после
 
H

HoT IcE

Гостин
Нема никакви дилеми тука. Неспорно е дека се работи за добар напаѓач. Работата е што можи Керол да летни па да останиме само со Борини и да се чудиме после
Најдобар дил ќе ви биде да си отиде Керол. Роџерс е модерен тренер со интересни размислувања за начин на игра, преферира тотал фудбал и брза игра со многу кратки и прецизни додавања, тој во Свонси мислам дека имаше само два напаѓача, и ситуацијата тука е иста, Суарез и Борини, доволни ви се.
И да ќе заборавев, Керол не се вклопува во системот на Брендон.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.825
Најдобар дил ќе ви биде да си отиде Керол. Роџерс е модерен тренер со интересни размислувања за начин на игра, преферира тотал фудбал и брза игра со многу кратки и прецизни додавања, тој во Свонси мислам дека имаше само два напаѓача, и ситуацијата тука е иста, Суарез и Борини, доволни ви се.
И да ќе заборавев, Керол не се вклопува во системот на Брендон.
Абе добро сето тоа.....еве да речиме ќе спроведи тика така филозофија ќе играме слично како Барселона. А кога ќе дојди ред да игрме со вас, со Интер итн итн и кога ќе ни играте бункер?? :D Затоа ни треба Керол како што им треба таков напаѓач на Барселона.
Плус Суарез е склон на правење глупости и добивање казни а и ако Борини се повреди кој ќе игра напаѓач? Мора да имаме тројца напред
 
Во право си, но Керол против Челзи само може да сонува дека може да направи нешто, посебно не со одбрана која ги отсече Барселона и Баерн Минхен.
Керол е тапа, еден од најпреценетите напаѓачи, верувам дека во акадамијата имате подобар напаѓач од него што не добил шанса.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.825
Во право си, но Керол против Челзи само може да сонува дека може да направи нешто, посебно не со одбрана која ги отсече Барселона и Баерн Минхен.
Керол е тапа, еден од најпреценетите напаѓачи, верувам дека во акадамијата имате подобар напаѓач од него што не добил шанса.
Како бре не чини Керол? Во два од трите дуели со вас беше одличен. Јас мислам дека има огромен потенцијал и почна да го покажува така да мора да остани
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Дефинитивно ќе имаме 3ца напаѓачи. Вгодина и ЛЕ играме па сигурно нема да го играме и таму Суарез ќе капни човекот, незнам колку би сакал Керол да биде во ротацијата да не игра прв тим (не оти и во Милан ако оди прв тим ќе игра). А инаку Борини не е баш Инзаги и далеку од тоа оти нема техника. Мајстор на слободни удари е, а фактот што лани во Рома играше и крилен напаѓач
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.825
Се погласни и погласни шпекулациите дека Борини е првото засилување. Исто Макси и Белами не е сигурно дека ќе останат. Аквилани веројатно останува.
А кажете ми што ние ќе добиеме ако го пуштиме Керол на позајмица? Демек ако оди во Вест Хем или Милан ќе стекни способност да игра во тика така филозофија? Па дај не заебавајте. Подобро нека седи ќе ни се најди и те како. Имаме доста утакмици. морган е тој кој треба да оди на позајмица некаде
 
Ставре од Швицарска

Желба по титула :D
Член од
25 август 2011
Мислења
2.700
Поени од реакции
2.805
Потврда од агентот на Аквилани дека оваа сезона ќе ја игра во дресот на Ливерпул ... фала богу ... ќе биде интересно , мислам дека ќе се покаже во право светло .
Ќе има голема борба за во средината . Адам , Аквилани , Хендерсон кој на таа слободна позиција ? ако ја рачунаме онаа на Лукас и Џеррард како зафатена .. ипак Лукас си царува и нема заемна освен Спиринг на клупа(ама колку да се рече дека е некаква замена - далеку од тоа ) ... Шелви ќе се даде на позајмица зашто 4 везни на клупа не верувам дека ќе има .
Секој со свој квалитет ... Аквилани сакам да го видам во стартниот состав од првата утакмица , мислам дека ќе брилира ...
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Мене ми е многу мило ако игра Аква за нас, одсекогаш сум го сакал како играч. И ќе имаме одлична средина-Лукас,Џерард,Адам,Хендо 4ца одлична везни еден секако ќе седи на клупа, и Спиро и Шелви како бек ап играчи. И колку пати да ви кажам оти на позицијата на Лукас, Бренди не форсира деструктивец туку креатор, лани во Свонси прв тим му играше Бритон на позицијата на Лукас (во првите 6-7 кола Бритон немаше НИЕДЕН ПОГРЕШЕН ПАС), значи на позицијата на Лукас може да игра и Адам и Шелви и Спиро. Значи мислам оти нема да ни треба нов играч во средината, Аква ни е фактички ново засилување, треба промени во нападот, се поизвесно е оти Белами ќе си оди, веќе си замина Кајт а можно е заминување и на Макси...значи секако БАРЕМ ДВАЈЦА ТРЕБА ДА СЕ КУПАТ во нападот ( се мисли на крилната позиција и на централната позиција во нападот)
 
Г

Гучи

Гостин
Утре кинисувам у ПП на пивофест, коа ке се вратам таму у сабота-недела сакам барем еден играч да потпишал. Капиш? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom