Поради горенаведеното, а и поради скорешното џихадистичко убиство на децата на Железарските езера, убиствата на Македонците од Арачиново, Тетово и Сингелиќ последнава декада, многумина се сомневаат дека овие убиства имаат џихадистичко иредентистички мотив и дека Македонците се убивани од верска и етничка природа. Ако овие сомнежи се докажат како вистинити, тогаш не би се работело само за свирепи убиства, туку воедно и за кривичното дело (џихадски) тероризам, зошто со насилен акт (убиство) се загрозува безбедноста на РМ и Уставот на РМ (правото на живот на Македонците и еднаквоста на сите граѓани), а воедно со насилствата се врши и сеење страв меѓу Македонците и принуда да се иселуваат. Затоа Обвинителството ТРЕБА да си ја работи работата како треба, а пред се` Судовите исудиите, а законите да важат поддеднакво за СИТЕ.
Во 2001 г. се пукаше по деца Македонци кои играле кошарка во Тетово и едно дете убија, само зошто децата биле Македонци рисјани.
Колку Македонци повратници во Арачиново се убиени по 2001 година од етно-верски мотиви? Колку Македонци под закани и други притисоци се принудени да се иселуваат од Сингелиќ, од Гази Баба, од Чаир, од Бутел, итн. Тоа може сигурно да се види од статистичките податоци, колку Македонци живееле во селото Сингелиќ, во селото Арачиново, во Сарај, во Горна Матка, во Визбегово, во Долно Оризари, во Тетово, во Струга, во Гостивар ..... пред 30 години, а колку се иселија во последните 20 години. Колку Македонци живееле пред 30 години во Чаир, а колку се иселиле?! Зошто се селат?
Албанците ни државната тортура не успеа да ги протера , не е толку лесно да протераш некого , иселувањето е заради нерамномерниот развој , зошто би седел некој во општина каде се врши децениска програма за упропастување и уназадување.
Албанците се иселуваат према западна европа , македонците према Скопје односно малце накај исток.
Ако македонците се иселиле од Арачиново заради албанците , тогаш заради кого се иселуваа од останатите села каде беа 100% македонци.
Во
Синѓелиќ во
1961ва имаше
261 македонец , и
520 албанци (1:2)
Во
2002ра ,
12.499 македонци ,
8.818 албанци
Е како бе мајката македонците од малцинство пред земјотресот , станаа мнозинство во 2002ра ? Изгледа џихадизмот убаво им дошја. Па од цела источна Македонија се пуштија кон Синѓелиќ , Бутел , Маџари , Чаир , Гази Баба да живеат покрај албанци.
Во Арачиново во 1971ва имаше
300 македонци , а во 1994та веќе се направија
620 .... нема друга теорија освен тоа дека на македонците убаво им било со џихадисти, ваков раст немало ниедно друго село без прилив од источна Македонија. Што е работата со Арачиново , местото каде живеат најзлобните албанци нели ?
Па ни во соседното Брњарци со апсолутно македонско мнозинство немало ваков раст за олку краток период , ма каки.
Брњарци 1971ва , 318 македонци , а 1994та : 418 македонци.
Е зошто бе Битушанец во Брњарци каде живееле исклучиво македонци нема вакво дуплирање како во Арачиново ?
Што вели твојата логика ?
Велиш македонците се многу плашлив народ , а официјалните податоци го велат спротивното , кај што има албанци , македонците се дуплираат или можда било некој проект за промена на етничката слика па не сме знаеле.
Некој вид државен тероризам.
Радишани , 1961ва , 340 македонци , 2002ра: 8.084
Од многу терор по Смилковско езеро за 25 пати е зголемен бројот на македонци.
Остај тие приказки за мали деца , и србите одеа од Косово во Војводина заради подобар живот (економски) а Милошевиќ велеше дека албанците ги бркаат.
А тој имаше во раце цел државен апарат , зарем би дозволил да бидат протерани србите.