Според библиското христијанство, крштевањето е личен избор на поединецот кој своеволно сака да се крсти, како дело на својата лична вера и слободна воља. Родителите не играат никаков фактор во тој чин. Тие може да се атеисти, муслимани, невенчани, разведени итн.
Од друга страна, според Библијата валидно е само крштевањето на кое му претходни лична вера и лична одлука за тој чин, така што крштевањето на бебињата кои воопшто не се свесни за тој чин, ниту знаат да го изговорат името Исус, а камо ли па да веруваат во Него, е бесмислено и невалидно.
Јас на пример се крстив кога имав 23 години. Еднаш еден ме праша: „Зошто повторно се крсти?“ Јас му одговорив: „Не сум се крстил повторно. Ова е моето прво и единствено крштевање. Тоа што некој забраден чичко со црна мантија ме попрскал со вода кога сум имал 2-3 месеци, нема ни „к“ од библиското и од Исус признато крштевање“.