Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Насекаде по весниците читам „отштета“...
Од кога „оштета“ стана отштета?
 
Многу иритирачки ми е неправилното степенување кај поголем дел од луѓето и се почесто во последно време.Дури и не се трудат другите да го земат како недостаток...

ГОВОРЕТЕ МАКЕДОНСКИ
ПРАВОПИС
Слеано се пишуваат честичките ПО и НАЈ при степенувањето на придавките: добар, подобар, најдобар, голем, поголем, најмал...
Честичките ПО и НАЈ се пишуваат слеано и кај прилозите: повеќе, попосле, најмногу, најпрво, пополека, најнакрај, подруго, понаваму...
 
едноставно ќе ви одговорам,нон сто пза тој збор ни одземаат поени на тестови
сФаќаш е кога се мисли дали си разбрал нешто
а сВаќаш е како кога ќе се посватиш со некој,т.е.ќе станете сватови

сФаќате?

Сваќаш е точно.
 
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Мразам постови само со смајли, ама ова реакцијата на она погоре, а не мислам на постот на вот, може само преку горенаведените смајлиња да се изрази...
 
Сваќаш е точно.

Попушти, сам си ;)
А и не си прв, многумина прават грешка меѓу овие 2 збора

Пишав и во другата тема

Сват/сваќа = роднинска врска (мислам меѓу родителите чии деца се маж и жена)
Сфати/сфаќа = разбира/разбере
 
Сваќаш е точно.

Со Ф е точно.

Мене па ме нервира кога читам во последно време поготово со европсково, форсирање на некои иритирачки и глупи србизми ко Енглезиве, Енглеска... Имаме свои зборови луѓе аман, Англичани и Англија, не е ова гастроентерохепатологија па да кажете дека е тешко за изговарање или пишување. Од една страна сите се бунат зошто се форсираат србизми а од друга страна ги користат и кај што треба и кај што не треба.
 
Твојот професор или професорка по македонски јазик е за отказ.

Не е за отказ, за во ЗАТВОР е... Криминал е толку да го пукаш јазикот во колено и да го уништуваш...
 
Ajде, да не избрзуваме со обвинување на професорката одма..
 
^ Е сега ја оправи работава :cuc:
 
Некој ја пропуштил лекцијата за едначење по звучност во основно. :)
 
Додека не ги усогласите ставовите слушајте чичо граматичар што ви кажува: И сфаќаш и сваќаш е точно!(y)
Тачно е ептен -- ова дечурлаанава појма нема јер не идела у асално школо као тебе.

Иначе мене секундарно ми текиња и на останали примери кои се ем граматички ем правописно тачни (а неправедно жигосани као нетачни). Сите до ред се алтернативни варијанти, исправни као и глаголот „сваќа“: земња, стредина, страње, здрелос, здрачење, хуманос, релна, пархет, милицинска сестра, термокулациона печка, контекс, сектември, тргоски центар (у Мак. Брод на пример), инфрак (множина: инфраци), инсек, сенгвич, есесер (мала торбица за козметика), плевмонија, суругат, англесќи булдук (множина: англесќи булдуци).

Него, чика Загоре, ја све нешо мислам дека „сваќа“ е женска личност која е член на фамилијата на сопружникот. Шо се вика женска варијанта на „сват“. А ако ти ја сваќаш сваќата, онда ризикуеш да наебеш гадно.
--- надополнето: 9 јули 2012 во 11:21 ---
Насекаде по весниците читам „отштета“...
Од кога „оштета“ стана отштета?

Сеа го консултирав чика Загор граматичарот со секира и он вика вака: да оштетиш некого е да му причиниш штета. А да добиеш отштета е да добиеш некаков надомест (шо би рекла баба ми Стојна: компензација), т.е., обесштетување за причинет зијан. У реду се веснициве у конкретниов случај.

Молим, изволте и друкпут
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom