Особа Х може да засака одредена особа Y поради особините на последната, тоа не е спорно, но се сака таа особа Y, а не нејзините особини. Дали си наишол на пример каде мажот се однесува различно кон жената од времето кога таа се заљубила во него, веќе не е толку добар, сега станал лош, почнал лошо да се однесува кон неја, но таа уште го сака? Тешко да не си налетал на вакво нешто, а тоа е најголем доказ за тоа што го пишувам. Или може некои и побизарни примери околу физичкиот изглед, ако некој се заљубил во црнка, не значи дека нема да ја сака кога ќе стане плава или ќе изврши некоја пластична операција.
П.С. Ако памтам добро кај Властос и Нозик имам читано за ова, па ако некого го интересира нека изгугла...