Е ај баш да видиме...
Isus bil secen (obrezan),
Обрезанието не го измислија муслиманите. Евреите се обрезувале илјадници години пред појавата на Исламот. Исус бил евреин по тело, отелотворен преку блажената Марија - која била еврејка.
Isus se molel kako muslimanite,
Исус во молитвите му се обраќал на Јехова со зборот „Татко“ (на арамејски Аба).
Дали вие муслиманите кога му се молите на Алах го нарекувате Татко? Дали некои од тие 99 имиња на Алах е „Татко“?
eve dokaz deka se molel kako muslimanite
МАТЕЈ 26;39 И отиде малку потаму и падна co Своето лице и се помоли...
А каде пишува дека извршил абдес пред да се моли? Каде пишува дека се завртел кон Мека? Каде пишува дека цитирал арапски молитви?
Погледни што вели продолжението на стихот што си го искасапил:
„и се помоли, велејќи: „
Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како Ти!” “
Читаш како Исус му се обраќа на Својот Татко? Дали и Мухамед му се обраќал на Бог со „Татко“? Дали вие муслиманите му се обраќате на Бог со Татко?
И голема работа што од десетиците Исусови молитви запишани во Библијата, на едно место Исус се помолил и со поклонување на главата до земјата. Ја можам да ти цитирам десетина други примери каде што Исус не се помолил во таква физичка положба. И сега тоа треба да го земеме како правило?
Еве на пример едно место каде што Исус се помолил со подигната глава:
„Тогаш го поместија каменот, а Исус
ги подигна очите нагоре и рече: „Татко, Ти благодарам, што Ме послуша.“ (
Јован 11:41, Библијата)
Isus ne jadel svinsko ne pijel alkohol,
А што пиеле Исус и апостолите на последната вечера (причест)? Сокче или вино?
Еве што вели Исус на едно место:
„Зашто дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие, а тие велат: „Има демон!” Дојде Синот Човечки (Исус),
кој јаде и пие, па велат: „Еве, човек лаком и пијаница, пријател на цариници и на грешници! “ (
Матеј 11:18-19, Библијата)
Тука Исус сигурно не мислел на пиење сокчиња, туку на алкохот - поточно вино.
„Тогаш Исус дојде од Галилеја до Јордан при Јована,
за да се крсти од него.“ (
Матеј 3:13, Библијата)
„И во тоа време, Исус дојде од Назарет во Галилеја,
и Јован Го крсти во Јордан.“ (
Марко 1:9, Библијата)
„Кога се крсти сиот народ -
се крсти и Исус и кога се молеше - небото се отвори,“ (
Лука 3:21, Библијата)
Isus nikad ne rekol deka e bog
„Тома одговори и Му рече: „Мој Господ и
мој Бог!”
Исус му рече: „Поверува, зашто Ме виде.“ (
Јован 20:8, Библијата)
Да не се сметал Исус Себе си за Бог, ќе му речел на Тома: „Што зборуваш Тома? Јас не сум Бог! Престани да богохули, покај се за ова богохулство и сл.“ Но Исус му рекол: Поверува, зашто Ме виде!
nitu pak deka e sin bozji...
„зошто вие Му велите дека хули на Бога Оној, Кого Таткото Го посвети и Го испрати во светот, -
зашто реков: ‘Јас Сум Божји Син?’ “ (
Исус Христос, ев. Јован 10:36, Библијата)
Велиш а?