Христијаните велат:
Исус е бог, бидејќи е роден на чуден начин, без татко.
Нашиот одговор е:
Тоа претставува помалку чудно од Адемовиот, а.с., случај кој е роден и без татко и без мајка. Тоа не е почудно ниту од постоењето на мелеците (ангелите). Па сепак, за нив не тврдите дека се богови. Зошто тогаш и Исус би бил бог?
Ако пак тврдите дека Исус е бог затоа што покажувал чуда, тогаш и тоа тврдење може да се побие. Вие знаете дека веровесникот Хошеа и жив и мртов проживувал мртви. Неговото проживување на мртви после смртта, почудно е од нивното проживување додека бил жив. Веровесникот Илија, истотака проживувал мртви. Зошто, и нив не ги нарекувате богови?
Христијаните велат: Дека Исус со пет лебови нахранил 5,000 луѓе!
Нашиот одговор е:
Мојсие удрил со стапот по морето, па морето се разделило и низ него се покажал пат кој бил сув и на кој поминал неговиот народ. Потоа на негова молба, од камен потекле 12 извори, по еден извор за секое племе Израелово.
Покрај ова во Египет покажал 10 чуда на казни на Фараоновиот народ:
1.Стапот со чија помош покажувал чуда.
2.Загадувањето на водата и смртта на водените животни.
3.Наезда на жаби кои се појавиле насекаде, дури и по куќите.
4.Наезда на уши по нивните тела.
5.Дамки по лицата и телата.
6.Угинување на стоката.
7.Загноени места и чиреви по телото.
8.Мраз од кој се замрзнале и исушиле овоштарниците.
9.Наезда на скакулци низ целата земја.
10.Темница која ги обвила полни три дена и ноќи.
Христијаните велат:Исус е бог затоа што се искачил на небо!
Нашиот одговор е:
Вие верувате дека Илија и Хенок истотака се искачиле на небо. Зошто тогаш не верувате дека и тие се богови?
Тоа се некои од најосновните докази на муслиманите дека Исус/Иса, а.с., не е ништо повеќе освен Божји чесен пратеник.